КАФЕ ПАУЗА

Category: Стрелец

  • Љубовен астролошки профил за женски Стрелци

    Љубовен астролошки профил за женски Стрелци

    Многу е лесно да се заљубите во жена со хороскопски знак Стрелец. Таа блеска со својата појава и ги остава мажите хипнотизирани. Ја сака забавата, авантурите и е голем идеалист. Стрелците го набљудуваат светот околу себе и ако вие сте вистинскиот маж за неа, таа ќе сака да станете составен дел од нејзиниот живот. Но, ако не сте вистинскиот за неа, очекувајте обратно сценарио. Поради тоа, немојте да бидете изненадени доколку таа избега од вас, додека вие се обидувате на секој можен начин да ја заведете и да го освоите нејзиното срце.rnrnЖенат Стрелец е тешка за освојување, бидејќи таа прво ја посматра нејзината околина и ако сте вие среќниот избраник, самата ќе се погрижи да ви се приближи. Таа се бори за она што го сака, но додека не го најде она што ѝ е потребно, таа постојано ќе биде во движење. Прашање е дали вие можете да го издржите нејзиното темпо?rnrnЉубовен астролошки профил за женски стрелциrnrnКако и останатите огнени знаци, таа сака да апсорбира што е можно повеќе убавини од животот. Колку повеќе учи нови работи и доживува нови искуства, толку посреќна се чувствува. Нејзиниот идеализам и филозофска природа ѝ овозможуваат да размислува пошироко и рационално. Нејзината љубопитност ѝ создава постојана жед за нова возбуда, ново патување, нова авантура. Доколку сакате да ја освоите, треба да се упатите кон правецот во кој таа веќе е тргната.rnrnОвие жени се многу директни, брутално искрени и не размислуваат два пати пред да го кажат она што го мислат. Тие може и да не чекаат потег од ваша страна, туку самоиницијативно да ве поканат на состанок. Ако гледате дека е зазборена со другарките и не ве погледнува, тоа може да е знак дека сè уште ве нема забележано. Ако тоа е случај, ќе морате да се потрудите да ве забележи. Бидете оној кој е во центарот на вниманието, но не го правете тоа наметливо, туку суптилно и со стил. Кога ќе констатирате дека ве забележала и сè уште е зафатена разговарајќи со пријателите, тогаш почекајте до оној момент кога ќе мислите дека можете да ја прекинете или да ја начекате на само. Подајте ѝ парче хартија со вашето име и број, насмевнете ѝ се и заминете си.rnrnЉубовен астролошки профил за женски стрелциrnrnИ машките и женските претставници на знакот Стрелец сакаат да го „ловат“ оној кој успеал да им го привлече вниманието, но уште повеќе им се допаѓа кога ќе успеат да го фатат „пленот.“ И покрај тоа што играњето мачка и глушец е најчесто многу интересно и може да создаде моќна сексуална тензија помеѓу играчите, ако трае премногу долго, Стрелецот ќе се сврти и ќе си замине. Таа ја обожава играта, но неколку партии „топло-ладно“ се премногу за неа. Многу е позабавна фактичката интеракција со неа, отколку задевањето и играњето играчки. Затоа, не глумете недостижен премногу долго, зашто потоа може да биде доцна.rnrnНа состанокот, појавете се убаво дотеран и бидете стратегиски играч. Оваа „жешка“ жена сака покрај себе да има партнер, кој ќе ја засмејува и ќе ја забавува. Ќе бидете изненаден колку жена родена во знакот Стрелец може многу лесно да ја освои некој кој ќе успее да ја насмее, наместо оние типови дрски мажи, по кои повеќето жени кубат коси. Додека се обидувате да ја разведрите, дозволете ѝ да зборува. Колку повеќе ја забележува вашата интелигенција и духовитост, толку повеќе ќе сака да ве задржи покрај себе. Во неколку реченици, дајте ѝ до знаење дека многу сакате да патувате и да посетувате разни типови места и таа ќе почне да размислува за начини, како да дојде таму со вас.rnrnЉубовен астролошки профил за женски стрелциrnrnЖенските Стрелци се топли, авантуристички и ентузијастички настроени девојки, кои ја ценат нивната независност и слобода. Овие карактеристики морате да ги знаете во врска со девојкава, бидејќи што и да направите, нема да можете да ги промените. Мажот со кој таа ќе реши да остане долго време, е оној кој ќе ѝ остави простор да дише, но и причина да ги „засади“ нејзините корени. Излегувајте со неа, покажете ѝ места кои ви се допаѓаат и на кои никогаш не сте биле. Кога ќе почне да ги споделува сите нејзини интереси и авантури со вас, тогаш ќе дознаете дека сте на добар пат кон освојување на нејзиното срце.rnrnЗадржувањето на Стрелецот е најтешкиот дел од вашата задача. Таа е спонтана, забавна и голем авантурист. Дадете ѝ растојание и вашиот живот со неа, ќе стане исто така многу забавен. Дозволете ѝ да излегува или да работи некои задачи сама, без ваша помош, а потоа охрабрете ја да го сподели со вас нејзиното искуство. Ако имате отворен ум и широко срце, таа секогаш ќе се навраќа кон вас. Ако еднаш успеете да допрете до нејзината душа, та ќе ви ја покаже нејзината сензуална и страсна страна. Кога ќе стигнете дотаму, е тогаш започнува вистинската забава со Стрелецот.rnrnСтрелците се најчесто спортски типови луѓе. Сексот е еден од нивните омилени спортови и тие се одлични во него. Сексот со неа, претставува рефлексија на нејзината природа: спонтана, дарежлива и жешка. Таа е директна во секој аспект од нејзиниот живот и ќе ви каже што ѝ се допаѓа, а што не, дури и во текот на сексуалниот однос. Ќе ви каже кога ќе сака да проба нешто ново, а кога да ѝ го правите она кое најдобро знаете да го правите. Бидете подготвени да ги спуштите пантолоните во секое време и секаде! Истото важи и за другите аспекти од вашата љубовна врска: секое ваше задоволство ќе се обиде да ви го овозможи во големи количини.rnrnЉубовен астролошки профил за женски стрелциrnrnЗа жал, и покрај тоа што таа е многу страсна и дарежлива жена, некои мажи ги злоупотребуваат овие нејзини убави особини и го уништуваат нејзиниот ентузијазам. Ако сте ваков тип маж, неа повеќе мерак ќе ѝ биде да ве гледа додека паѓате од карпа, отколку да се појавите на нејзиниот куќен праг. Стрелците се „диви“ луѓе кои се борат за нивната слобода по секоја цена. За нив слободата е подеднакво потребна за животот како што е дишењето. Ако не можете да поднесете да бидете со жена која има цврст карактер и идеалистички размислувања, тогаш заштедете си време и фрустрации обидувајќи се да ја освоите. Таа не сака и нема да ви дозволи да ја контролирате и дресирате.rnrnНајсериозно, нема да сакате да бидете во близина на жена Стрелец со убиен ентузијазам. Таа ќе биде едно безживотно, досадно и неинтересно друштво. Животот е премногу краток за да живеете живот без енергија и возбуда. Доколку ѝ ја допуштите потребната слобода на вашата девојка со хороскопски знак Стрелец, таа за возврат ќе внесе ентузијазам и страст во вашиот живот и ќе ве одведе онаму, каде што повеќето се плашат да згазнат. Таа ќе направи со нетрпение да го очекувате секој нов ден. Ќе ве научи да сонувате големи соништа, да љубите подлабоко и да станете подобра личност.rnrnПрочитајте љубовен астролошки профил и за машки Стрелци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и риби – пријателска комбинација

    Стрелец и риби – пријателска комбинација

    Одржувањето пријателство помеѓу стрелец и риби, може да претставува предизвик за секој од нив. На рибите им се потребни луѓе на кои можат да се потпрат за што и да треба, а стрелецот си ја цени неговата независност. Рибата сака да мирува и да „сонува“ во големи размери, а стрелецот сака да биде во движење. Стрелецот е полн со ентузијазам и енергија, кои може понекогаш да ја изморуваат спокојната и опуштена риба. Стрелец и риби - пријателска комбинацијаРибите стануваат емотивни и се вознемируваат кога ќе се случи некоја непријатност или недоразбирање, а стрелецот е брутално искрен тип човек. Ако рибата качила неколку килограми, стрелецот ќе биде првиот кој ќе ѝ го потенцира тоа, со што може да ги повреди нејзините чувства. Но, оваа фрустрација не е еднострана. Променливото расположение на рибата може понекогаш да ја уништува позитивната енергија кај стрелецот. Исто така нејасноста и двосмисленоста кои се дел од карактерот на рибата, може да го вознемируваат стрелецот. Од друга страна, непостојаноста на стрелецот, може да ја отуѓи рибата.rnrnНо, овие пријатели сепак можат да најдат заедничка подлога, бидејќи двајцата се спиритуални луѓе. Дискутирање на теми како филозофија, психологија и религија може да создаде цврста врска помеѓу нив двајца. Воедно, стрелецот и рибата се екстремно искрени луѓе и секој од нив ја почитува подготвеноста на нивниот пријател да се воздржи од замерување, со цел да остави простор да научи нешто ново од разговорот.rnrnЗа среќа, и стрелецот и рибите се многу лекомислени личности, кои умеат веднаш да го сменат расположението и да ја развеселат атмосферата кога ситуацијата ќе стане напната.rnrnОва пријателство ќе се одржи на цврста основа доколку рибата и стрелецот ги прават оние активности, кои и двајцата ги обожаваат како: пливање, пишување/читање поезија, танцување и шетање низ религиозни градови како Ерусалим или културни градови како Париз. Исто така може да уживаат во хобија како возење ролери, колекционирање поштенски марки и одгледување домашни животни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и водолија – пријателска комбинација

    Стрелец и водолија – пријателска комбинација

    Многу малку луѓе се толку задоволни од своите пријатели колку што се стрелецот и водолијата еден од друг. Стрелецот ја обожава социјалната, авантуристичка и филозофска страна на овој пријател. Toj е еден од најомилените луѓе во животот на водолијата. Таа го обожава неговиот слободен дух, отворен ум и авантуристичко срце. Стрелецот пак, му се восхитува на непредвидливото однесување на водолијата и нејзините хуманитарни инстинкти.Стрелец и водолија - пријателска комбинацијаДвете другарчиња обожаваат да запознаваат нови луѓе, да ги истражуваат неоткриените територии и да дискутираат за смислата на животот. Тие се многу дружељубиви луѓе, па најверојатно се последните гости кои ќе си заминат од секоја забава на која се поканети.rnrnЉубомората не е дел од ова пријателство. Напротив, стрелецот ѝ се воодушевува на водолијата поради нејзините познавања од физиката, а таа е импресионирана од тоа што стрелецот познава повеќе странски јазици. Спортови кои бараат досетливост и брзи рефлекси се створени за водолијата и стрелецот. Овие двајца може да бидат одлични соиграчи во пинг-понг или на масичка за фудбал. Неуредно сликање на платно или изработка на глинени предмети, може да биде доста забавно за овие пријатели, бидејќи се луѓе кои сакаат да си ги извалкаат рацете.rnrnТврдоглавоста на водолијата може многу да го нервира стрелецот. На сличен начин, водолијата не може да го сфати променливиот вкус за работите, кој го има стрелецот. Во секој случај, на секој од нив не му претставува проблем да ги игнорира негативните карактеристики на другарот, бидејќи имаат многу заеднички интереси. Бадминтон, кошарка и добротворна работа може да донесе задоволство во нивните срца.rnrnСо тек на време, водолијата ќе сфати дека грубата искреност на стрелецот е секогаш добронамерна, а тој ќе сфати дека неспособноста на водолијата да забележи големи промени кај него, како нов стил на облекување или сосема поинаква фризура, е само една шармантна особина.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за машки стрелци

    Љубовен астролошки профил за машки стрелци

    Стрелецот е учител во душа. Вие обожавате да го слушате додека тој енергично ви зборува за… не е битно која е темата, бидејќи вие веќе се изгубивте во неговиот ентузијазам и динамичност. Неговите очи симпатично блескаат, а со неговата енергичност тотално ве привлекува. Мажите родени во знакот стрелец, знаат како да ве избезумат, благодарение на нивната романтичност и интелигенција.rnrnЉубовен астролошки профил за машки стрелциrnrnСе прашувате како да станете милениче на овој „учител“? Стрелците се луѓе кои обожаваат патувања и авантури и секогаш се расположени да научат нешто ново во животот. Доколку сакате да биде ваш, мора да ја поседувате истата жед за авантури и знаење. Можеби сте паметна и убава девојка, но тој ќе сака пред сè да му покажете дека знаете да бидете слатка и промислена. Дадете му до знаење дека ви е грижа за него. Покажете му дека ја цените неговата независност, дека му верувате и покрај тоа што понекогаш сака да „здувне“ некаде сам и да ги истражува неоткриените места во светот и дека сте сигурни дека тој ќе се врати назад кај вас. Тој е маж кој сака да го живее животот со полна пареа и да ги истражува сите мистерии околу себе, а вие треба да му покажете дека имате желба да чуете сè што тој открил и сака да го сподели со вас.rnrnЉубовен астролошки профил за машки стрелциrnrnСтрелецот инстантно ќе го привлече девојка која шири позитивна енергија и има самодоверба во врска со нејзината сексапилност. Приближете му се, подајте му ливче со вашиот телефонски број и едноставно, заминете си. Ако тој е сингл, постои голема веројатност дека ќе ви се јави. Него ќе го заинтригира тој ваш трик и ќе посака да дознае нешто повеќе за вас. Кога ќе се чуете по телефон, договорете состанок и отидете на некое ново место во градот или на некое место, на кое никој од вас не бил претходно. Не заборавајте дека состанокот треба да биде во согласност со неговата интелектуална страна, па можете да го однесете на промоција на некоја нова книга, на филм, на претстава… Разбудете ги неговите интелектуални страсти, па ако успеете доволно да го стимулирате, во него ќе се разбудат и оние другите, сексуалните страсти.rnrnЗа состанокот, дотерајте се убаво. Воодушевете го со вашиот добар изглед, а потоа „пикнете му се под кожа“ со вашата интересна смисла за хумор и желба за живеење на животот со „полна пареа“. Дозволете му добро да ве запознае. Колку повеќе ве смета за интригантна девојка, толку повеќе ќе ужива да биде со вас, да ве импресионира и пријатно да ве изненадува.rnrnНемојте да се изненадите ако на секое ваше излегување ги „затворате“ рестораните и баровите во кои сте седнале, бидејќи многу е лесно да се зазборите со часови, со маж роден во знакот стрелец. Додека зборува, слушајте го внимателно, поставувајте му прашања и побарајте го неговото мислење за некоја тема. Колку повеќе го активирате неговиот ум, толку „позагреан“ ќе биде за вас. Тој има страст за многу нешта, па сигурно ќе имате некои заеднички интереси и теми на кои ќе можете да се сложите, додека нежно го галите по неговите бутови кои се неговата ерогена зона.rnrnЉубовен астролошки профил за машки стрелциrnrnПокажете му ја вашата авантуристичка страна. Предложете му да одите на интересни места заедно или да направите нешто кое отсекогаш сте го посакувале, но никогаш не сте го реализирале. Можеби ќе пројде малку повеќе време додека вашиот прв состанок да заземе поголем чекор кон нешто посериозно, но истиот момент кога двајцата ќе се опуштите и ќе почнете да флертувате, сето друго ќе се случи само по себе.rnrnСексот со стрелец е токму онаков каков што сексот треба да биде – страстен и авантуристички. Тој сака да ја разгалува неговата љубовница и нема да има проблем да ѝ ја покаже неговата романтична и еротска страна. Тој е човек кој нема кочници. Ако нешто му прозвучи како добра идеја, тогаш тој со задоволство ќе ја реализира. Тој ќе биде воодушевен ако му предложите да водите љубов на некои невообичаени места, како на пример, надвор во природа на задното седиште во автомобилот или на изолирано место на плажа, на планина, во шума… Едно нешто е сигурно, која локација и да ја изберете, сексот ќе биде незаборавен.rnrnЉубовен астролошки профил за машки стрелциrnrnМожеби на почетокот сте го импресионирале со вашата остроумност и тој ве побарал пак, обидувајќи се да дознае повеќе за вас, но за да го задржите на подолг рок, треба да му ставите до знаење дека ја цените неговата независност и ќе ги почитувате неговите желби и потреби.rnrnТој е совршен партнер, за многу нешта. Стрелецот ќе ги почитува вашите обврски и амбиции. Не чувствува потреба да биде центарот на вашиот универзум, но ќе сака да биде дел од него. Ова момче не сака да се чувствува како да е врзан за вас и како да не смее да мрдне. Ова не значи дека тој не сака да биде во врска, туку сака да задржи дел од својата слобода, а истата ќе ви ја овозможи и вам. Вие ќе треба да научите кога да го држите цврсто покрај себе, а кога да го пуштите да оди и да му дадете до знаење дека секогаш со нетрпение ќе чекате да ви се врати и да ви раскаже сè што искусил.rnrnПостојат многу начини за освојување на енергичното срце на стрелецот. Кога тој ќе реши дека сака конечно да се смири, ќе тежнее за пронаоѓање на реален сопатник, вистинска сродна душа. Совршена партнерка за него би била некоја која има независен дух, жед за живеење на животот, желба за учење нешто ново и желба за откривање нови можности и перспективи. Ќе ве цени доколку знаете што сакате од животот и не се плашите да се потрудите да го добиете. Исто така, покрај убавината и длабочината на душата, нему му е важна и вашата физичка убавина.rnrnПрочитајте љубовен астролошки профил и за женски стрелци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и јарец – пријателска комбинација

    Стрелец и јарец – пријателска комбинација

    Стрелецот и јарецот се една необична комбинација кога станува збор за пријателски однос, бидејќи тие имаат многу различен поглед кон животот. Стрелецот е вечен оптимист, а јарецот има помрачен поглед кон животот. На стрелецот воопшто не му е грижа за материјалните работи, а јарецот ќе се чувствува удобно во сопствената кожа, доколку има доволно пари за да си дозволи да купи што сака. Стрелецот сака да експериментира, додека јарецот се држи до испробаните и квалитетни методи.Стрелец и јарец – пријателска комбинацијаСтрелецот поседува многу карактерни особини на кои јарецот им се восхитува: искреност, смисла за хумор и интелигентен начин на размислување. Од друга страна и стрелецот потајно им се восхитува на трудољубивоста, решителноста и иницијативноста кои ги има јарецот, и покрај тоа што јарецот може да не ја забележуваа таа почит.rnrnОвие пријатели можат да научат многу работи еден од друг. Јарецот може да го научи стрелецот како да заработи пари, користејќи ги сопствените таленти и потенцијал. Во тоа стрелецот несомнено ќе ужива, бидејќи ќе му биде убаво да заработува од нешто што ќе го работи со ќеф. На сличен начин, стрелецот може да му ги прошири интересите на јарецот, за кои тој никогаш претходно не бил ни свесен дека ги има. Секогаш кога на јарецот му е потребен добар предлог за решение на некој проблем, може да му се обрати на стрелецот за да му даде одличен совет. За услугата, јарецот со задоволство ќе му возврати помагајќи му подобро да си ги организира финансиите.rnrnНа стрелецот може да му се смачи од шефовската природа на јарецот, додека пак на јарецот може да му се смачи постојано да му позајмува пари на овој пријател. Исто така, на јарецот може многу да му смета кога стрелецот дрдори на мобилниот телефон, додека уживаат во заедничка вечера во ресторан со пет ѕвездички. Но, јарецот треба да се присети и како му било на стрелецот кога паднал по скали и тој наместо да го праша како е, трчал наоколу распрашувајќи се за неговото здравствено осигурување.rnrnНаместо да се фокусираат на нивните карактерни разлики, стрелецот и јарецот треба да се држат до активностите во кои двајцата уживаат како што се: скијање, играње фудбал, колекционирање книги за домашна библиотека, играње шах, изработка на мозаици и друго.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и Стрелец – пријателска комбинација

    Стрелец и Стрелец – пријателска комбинација

    Здружувањето на две личности родени во знакот Стрелец, претставува апсолутно задоволство за секој од нив, бидејќи е навистина големо олеснување што конечно пронашле некој со кој можат да ја споделат љубовта кон авантурите. Доколку сте резервирале авионски лет за пат накај Средниот исток, не очекувајте да добиете предупредувачки совет од претставник на овој знак дека таму има терористички напади. Всушност, поголема е веројатноста тој да ви предложи да најдете уште некој да дојде со вас, за да имате со кој да ги делите трошоците за хотелска соба.rnrnСтрелец и стрелец - пријателска комбинацијаrnrnСтрелците кои се дружат, најверојатно поминуваат многу часови во домот на некој од нив, муабетејќи на разни теми, до раните утрински часови. Овие личности исто така, сакаат да ги искористуваат животните за своја полза, па најверојатно ќе уживаат лежејќи на софа изработена од природна кожа или на крзнена прекривка.rnrnФакт е дека ниеден од овие пријатели не обожава да се извинува кога ќе погреши. Најдобар начин да ги „израмнат“ нивните недоразбирања и кавги, е со будалести кикотења за некои обични работи. Инаку Стрелците секако дека имаат многу заеднички интереси, како јавање на коњ, кампување, учење странски јазици и политика.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и девица – пријателска комбинација

    Стрелец и девица – пријателска комбинација

    Формирањето пријателство помеѓу девица и стрелец е голем предизвик за двата знака. Како прво, стрелецот секогаш гледа широко на работите, а девицата се фокусира на најситните детали. Стрелецот е најчесто релаксиран, а девицата е вечно напната. Стрелецот е безгрижен, а девицата е многу внимателна.rnСтрелец и девица – пријателска комбинацијаИ покрај големиот број карактерни разлики, овие пријатели сепак имаат и нешто заедничко – почит кон искреноста. Девицата е личност која ќе цени доколку ù кажете дека качила неколку килограми. Исто така, стрелецот нема да се навреди доколку девицата му потенцира дека треба да го доработи уште малку проектот, за да биде подобар. Двата знака се екстремно интелигентни  и обожаваат да дискутираат за книги, политика или да ги озборуваат холивудските ѕвезди.rnrnИ покрај тоа што девицата ја обожава непресушната желба на стрелецот за учење нови работи, сепак не може да сфати зошто е секогаш толку енергичен и немирен. На ист начин, стрелецот се збунува од потребата на девицата да ги анализира сите битни и небитни работи до најситен детаљ. Доколку секој од овие пријатели може да ги прифати карактеристиките на нивниот другар, ќе можат да оформат силно пријателство.rnrnДевицата треба да му дозволи на стрелецот да ги прошири нејзините хоризонти. Тој е секогаш расположен да ја однесе во некој егзотичен ресторан или да ја придржува на патување со брод. Од друга страна, стрелецот ќе ù биде благодарен на девицата ако му даде некој практичен совет или да го научи како да биде поорганизиран и поефикасен.rnrnОвие пријатели имаат голема љубов кон животните, па може да уживаат грижејќи се за некое домашно милениче. Може да наоѓаат и големо задоволство во уметничкото цртање, сликање и учењето странски јазици.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и лав – пријателска комбинација

    Стрелец и лав – пријателска комбинација

    Стрелецот и лавот имаат тенденција да оформат меѓусебна почит, после неколку минути откако ќе се запознаат. Стрелецот ја обожава великодушноста на лавот, а тој му се восхитува на веселиот дух кој го има стрелецот. И покрај тоа што лавот ги цени сите свои пријателства, стрелецот му е особено драг, благодарение на неговата дружељубивост, ентузијазам и смисла за хумор. Никој не може да го насмее лавот повеќе од незаменливиот стрелец. И лавот умее да го насмее стрелецот со неговиот необичен талент за имитирање, зајадливи забелешки и апсурдни шеги.Стрелец и лав - пријателска комбинацијаОвие пријатели можат меѓусебно да си поделат разни совети и искуства и можат многу да научат за себе, погледнувајќи ги работите од поинаква перспектива. Лавот може да му даде одлични совети на стрелецот за практични работи, како на пример ефикасно трошење на неговите пари. Стрелецот за возврат, може да му помогне на лавот да го отвори неговиот ум кон нови можности.rnrnПомеѓу овие пријатели може да се појават недоразбирања, како резултат на непрактичноста на стрелецот, која не се совпаѓа со здравиот начин на размислување кој го има лавот. На ист начин, екстремната посесивност на лавот, го полудува стрелецот. Ако лавот може да го прифати фактот дека стрелецот е расеана личност која секаде си го заборава паричникот и секогаш доцни, стрелецот ќе му го прости на лавот неговото кралско однесување и ќе има желба да го вклучи во сите негови авантуристички активности.rnrnСекој од овие два знака е полн со енергија и голема е веројатноста овие пријатели да имаат страст за спортување. Патувањата на некои егзотични места се исто така нешто, во кое двајцата неизмерно би уживале. Може многу да се забавуваат танцувајќи цела вечер во ноќен клуб, играјќи фудбал или глумејќи во претстави.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и рак – пријателска комбинација

    Стрелец и рак – пријателска комбинација

    Ракот сака пријател кој ќе биде покрај него и во добро и во лошо, а стрелецот е тип на човек кој не може да остане на едно место подолго од 5 минути. На ракот му е најубаво кога е на некое познато место или во домашна атмосфера, а стрелецот преферира да започне авантура, патувајќи во непознат правец. Стрелецот брзо ги извршува своите задачи, а ракот е прилично бавен. Ракот е внимателен со пари, а на стрелецот постојано му се „лизгаат “ низ прсти. Стрелецот е брутално искрен, а ракот е премногу емотивен и затворен. Се прашувате дали постои некаква надеж за пријателство помеѓу овие два знака?rnСтрелец и рак – пријателска комбинацијаОва другарство може да успее, доколку двајцата научат да гледаат на разликите во карактерот на нивниот пријател, како на добри особини, од кои можат да научат нешто за сопствениот живот. Така на пример, еланот на стрелецот и неговата желба за живеење на животот, може да го натера ракот да проба активности, кои никојпат не ги искусил. На ист начин, сентименталноста на ракот, може да ја „разбуди“ нежната страна кај стрелецот.rnrnНа ракот може да му оди на нерви вечното доцнење на стрелецот половина час после договореното време, а променливото расположение на ракот, може да го уништи веселото расположение на стрелецот. Во секој случај, овие двајца пријатели можат да научат многу работи еден од друг, бидејќи имаат различна карактерна природа.rnrnДвата знака обожаваат да јадат и може заеднички да уживаат посетувајќи разни ресторани, низ градот или државата во која живеат. Исто така, раковите се најчесто и одлични готвачи, па стрелецот не треба да пропушта прилики кога тој сака да му приготви домашна храна. Ракот откако убаво ќе го нагости својот пријател, ќе го забавува со разни вицови и прости шеги. После кратко време, двајцата ќе бидат презафатени смеејќи се, така што ќе заборават зошто воопшто некогаш не се согласувале.rnrnОд активностите, може да уживаат во веслање со кајак, танцување, јавање на коњ, изработка на глинени предмети и играње шах.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стрелец и близнаци – пријателска комбинација

    Стрелец и близнаци – пријателска комбинација

    Стрелецот и близнакот се спротивни знаци во зодијакот, но во овој случај, со нивните карактерни разлики, тие всушност се надополнуваат еден со друг, што ги прави одлични пријатели. Близнаците се типови луѓе кои знаат по малку од сè, а стрелецот е најчесто експерт во една-две области. Љубопитниот близнак го интересира што стрелецот има да му каже за областа која ја познава, а на него му се добредојдени интересните факти кои близнакот ги чул или прочитал некаде и сака да ги сподели со него.rnrnСтрелец и близнаци – пријателска комбинацијаСтрелецот може да го научи близнакот многу работи, а тој е желен да учи. Сепак, близнакот не поседува способност за истражување на работите во длабочина, каква што има стрелецот, но сепак желбата за учење нови работи е нивна заедничка особина.rnrnИ двата знака се екстремно дружељубиви и сакаат постојано да се запознаваат со нови луѓе, поради што нема да им претставува никаков проблем да се помешаат во старото друштво на нивниот пријател и да запознаат заедно нови.rnrnИ покрај нивната компатибилност, помеѓу овие пријатели може да се појави тензија. На стрелецот му оди на нерви кога близнакот не престанува да дрдори на мобилниот телефон, додека тој се обидува да се релаксира. На сличен начин, близнакот го нервираат острите забелешки на стрелецот, упатени кон него. Исто така, стрелецот не ја оправдува тенденцијата на близнакот да ја видозименува вистината. Стрелецот пак, понекогаш го иритира близнакот со своето супериорно однесување.rnrnВо секој случај, овие другари уживаат кога се заедно, особено кога ги прават нивните омилени активности. Дел од нив може да бидат играње пинг-понг, креативно пишување и разни патувања низ светот. Исто така, тие може да пронајдат огромна забава во јавањето коњи, а може да уживаат и во џогинг. Овие два знака имаат талент за учење странски јазици, па може да бидат одлични соученици на некој јазичен курс.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.