Врската помеѓу лав и стрелец е многу страсна како резултат на нивните екстремно динамични карактери. Овие два знака се полни со живот, уживаат во секој момент од него и се многу интересни за луѓето кои се во нивна близина. Секој од партнерите го охрабрува другиот секогаш да цели кон високи достигнувања. Тие меѓусебно се обожаваат и почитуваат. Комбинацијата од нивните карактери создава искрена, харизматична и шармантна атмосфера, поради што останатите луѓе уживаат да бидат во друштво на овој пар кој ја шири таа енергија.
Двата знака знаат да бидат прилично нетрпеливи, а лавот може да го иритира флертувачката тенденција на стрелецот, но во ниеден момент нивната врска не е досадна. Стрелецот животот го гледа како еден учебник кој мора да го научи, додека лавот се обидува секогаш да ја задржи својата грациозност и се стреми кон стекнување богатство.rnrnДвата знака се екстремно друштвени луѓе, со тоа што на лавот му е крајно важно да се чувствува дека има контрола врз секој разговор. Во оваа врска лавот е лидер кој ги држи работите под контрола, а стрелецот полека ги анализира плановите за остварување на неговите цели. Стрелецот и лавот најчесто се почитувани од страна на другите луѓе, но многу е битно тие да запомнат дека треба и меѓусебно да се однесуваат со голема почит.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а стрелецот од Јупитер. Сонцето во лавот ја симболизира неговата гордост, его и сопственото „јас“, додека Јупитер во стрелецот, ја означува потребата за постојан развој на неговата личност и учење нови работи. Тие се фокусираат на нивните животи и се обидуваат да ја пронајдат нивната местоположба во светот, а понекогаш и се преоптоваруваат со ваквите размислувања. Кај двата знака циркулира силна, мажествена енергија и тие создаваат еден одличен пар, бидејќи меѓусебно се разбираат, токму поради нивните слични карактери.rnrnСтрелецот и лавот се огнени значи, што значи дека и двајцата се многу страсни и треба да внимаваат нивните глави да не се „вжештат“ премногу. Стрелецот може да го „гуши“ лавот со длабоката поддршка и разбирање, кои тој му ги нуди, а на лавот не му се потребни. Од друга страна, лавот може минимално да се прилагодува на веселото однесување на шармантниот стрелец во социјалните збиднувања. Стрелецот може да се умори од површната самобендисаност и муртењето на лавот, но разликата во нивното размислување нема да трае долго, бидејќи тие не сакаат да си го губат своето време. Стрелецот ќе тргне во потрага кон освојување нова цел, а оптимистичниот лав ќе организира кафе со неговите пријатели кои знае дека го обожаваат и нивната ситна кавга набргу ќе стане минато завршено време. Во секој случај, двајцата партнери се лојални, приврзани и посветени на врската и убавината на унијата која тие ја создаваат. Ова ги победува ситните препреки помеѓу нив.rnrnНајдобриот аспект од нивната врска е волјата на партнерите да функционираат како тим и прекрасната конекција која тие ја манифестираат секогаш кога ги гледаат работите низ иста призма. Тие меѓусебно си ги надополнуваат нивните карактери и обрнуваат особено внимание на нивниот развој, на лично и на професионално ниво. Стрелецот и лавот ја знаат нивната улога во врската. Нивните слични енергии и експлозивната страст, постојано ја зачинуваат оваа врска со нови разновидни искуства.
Стрелец и лав – љубовна комбинација
