КАФЕ ПАУЗА

Category: Стрелец

  • Бруталната вистина за тоа како изгледа да љубите Стрелец

    Бруталната вистина за тоа како изгледа да љубите Стрелец

    Не е тајна дека Стрелците се едни од најпривлечните знаци во зодијакот. А тие многу добро знаат да го користат, па дури и да го злоупотребат тоа. Со нив ви е гарантиран цел спектар на емоции, постојани изненадувања, но и многу страсти. Љубовта кон Стрелецот ќе ве опие, но ќе биде и токсична. Ако љубите Стрелец, сигурно ви се познати овие брутални вистини.rnrnБруталната вистина за тоа како изгледа да љубите Стрелецrn

    Недоследни се

    rnЕден ден сакаат да научат програмирање. Следниот ден пак забораваат на тоа и сакаат да го уредуваат својот дом. Стрелците сакаат многу работи, но проблем е што им фали време. Тие се навистина сестрани луѓе. Ако сакате Стрелец, ќе ги сакате и сите негови способности.rn

    Секогаш се шегуваат

    rnСтрелците никогаш не ја испуштаат можноста да се пошегуваат. Понекогаш се шегуваат на своја, но понекогаш и на туѓа сметка. Дури можат да ги преземат и туѓите внатрешни шеги. Тие имаат навистина чудна смисла за хумор. Поради ова треба да размислите дали ќе можете да го поднесете тоа.rn

    Не се многу флексибилни

    rnМногу е тешко дека ќе го убедите Стрелецот да оди некаде со вас ако го поканите во последен момент. Ако тој веќе планирал да седи дома и да гледа телевизија, речиси е невозможно да му го промените планот. Стрелците уживаат во самотијата и во врската со себе, па нема многу простор за непланирани активности. Тие се многу независни и немојте да очекувате да го прилагодуваат нивниот распоред со вашиот.rn

    Многу филозофираат

    rnПонекогаш дури и премногу. Стрелците ги сакаат длабоките теми, па слободно прескокнете ги празните разговори со нив. Кои се вашите најдлабоки и најтемни желби? За што сонувате? Кои се вашите најголеми стравови и зошто? Ако се забавувате со Стрелец, подгответе се за вакви прашања. Подобро за вас е да уживате во нив и да имате подготвен одговор. Ако се плашите од овие разговори, не сте подготвени за врска со Стрелец.rn

    Не мислат на другите

    rnНе постојано, но се случува Стрелците да не обрнат внимание на туѓите чувства. Може да не размислат пред да кажат нешто и да ја направат ситуацијата непријатна. Сепак, овие луѓе живеат во моментот и какво искуство и да имаат, за нив е позитивно.rn

    Брзо преболуваат

    rnСтрелците без проблем тргаат луѓе од нивниот живот и никогаш не погледнуваат назад. Никогаш не би биле во врска со личност која сметаат дека не е доволно добра за нив или личност која се обидува да им наметне став или мислење. Стрелците знаат што е правилно, а што погрешно, а ако тоа не се совпаѓа со вашите ставови нема да трошат време на вас.rn

    И покрај сè, тие се оптимисти

    rnСтрелците се слободни и единствениот совет кој би го послушале е оној што си го дават самите: Следи го своето срце. Кога ќе се вљубите во Стрелец, подгответе се да ве грее неговото сонце кое понекогаш знае и да каса. Можеби тоа нема да ви се допаѓа секогаш, но тие само се трудат да најдат нешто добро во секоја ситуација, дури и во расправиите кои ќе бидат чести.rnrnПогледнете и зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелец.

  • Што сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?

    Што сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?

    Ако барате некој кој би ви правел друштво во нова авантура, тогаш многу лесно ќе го најдете во вашиот пријател Стрелец. Тие сакаат да патуваат и многу е веројатно дека веќе биле онаму каде што сакате да отидете. Но, тоа нема да ги спречи да дојдат со вас и заедно да креирате исклучителни и незаборавни спомени од патувањето.rnrnШто сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?rnrnВашиот пријател Стрелец е релаксиран и не се плаши да патува дури и во непознати места. Она што е сигурно е дека заедно ќе се впуштите во многу авантури и истражувања. А, пред да тргнете заедно на пат, треба да ги знаете овие нешта!rn

    1. Тие сакаат екскурзии

    rnСтрелците сакаат да бидат што подолго надвор, па затоа очекувајте дека ќе ви предложат да кампувате, да искачувате планина или да шетате низ шума. Тие го сакаат летото и уживаат во сончевите зраци, иако во суштина, важат за зимски луѓе, поради периодот на раѓање. Со нив никогаш нема да ви биде здодевно бидејќи секој ден ќе наоѓаат некоја активност со која ќе го пополните времето. Немојте да се чудите ако ве повикаат да испробате некоја адреналинска активност, бидејќи нив ги возбудуваат ваквите искуства.rn

    2. Тие не сакаат да одат по план

    rnКога ќе одлучат која е нивната дестинација, Стрелците не пребаруваат на Интернет каде сè може да отидат, напротив, планот го прават кога ќе пристигнат таму. Едноставно не можете да ги врзете Стрелците со список, распоред или рутина. Секако, тие ќе проверат дали сместувањето е на добра локација, но остатокот од авантурата ќе биде непланирана и спонтана.rnrnШто сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?rn

    3. Сакаат да разговараат со сите

    rnНемојте да се чудите ако вашиот пријател Стрелец уште првиот ден почне да разговара со соседите, со персоналот во рестораните каде што одите или пак со други туристи од вашата група. Кога патуваат, Стрелците стануваат многу комуникативни, што може да ви користи да запознаете многу повеќе луѓе и да имате што подобар социјален живот за време на патувањето.rn

    4. Тие нема да го користат телефонот постојано

    rnЕдноставно, Стрелците немаат време да бидат на социјалните мрежи и да пишуваат пораки кога имаат можност да создаваат нови спомени. Екранот на телефонот може само да ги спречи да си поминуваат најдобро што можат. Добро, понекогаш ќе објават и по некоја фотографија на Инстаграм, но тоа е сè.rn

    5. Ќе остават нешто свое пред да заминете

    rnПатувањето за Стрелците не е само искуство кое им носи печат во пасошот. Тие сакаат од секоја нивна активност да остават белег врз светот. Така, немојте да се чудите ако ја подари својата алка на жена која не ја познава или пак, „случајно“ заборави некоја ситница на клупа во парк, за да може некој друг да ја најде. На овој начин, вашиот пријател Стрелец се чувствува поврзан со местото каде што престојувавте.rnrnШто сè треба да знаете пред да тргнете на одмор со вашиот пријател Стрелец?rn

    6. Нема да сакаат да се вратите дома

    rnИако веќе е во автобусот или во авионот, вашиот пријател Стрелец всушност не сака да го напушти местото и враќањето го прави тажен и носталгичен. Следните неколку дена ќе слушате дека требало да продолжите барем уште малку а нека не ве чуди и ако веќе го има испланирано и следното патување. За Стрелците, патувањата се бегство од реалноста во места каде имаат бескрајна слобода, наместо навики, планови и рутини.rn

    7. Ова патување ќе ги измени

    rnОд секое патување Стрелците се враќаат како нови личности. Всушност, на сите ни се случува тоа, но кај нив е поизразено. Тие ќе научат многу нови нешта и ќе видат како другите живеат. Но, не се плашете. Тие ќе останат покрај вас за заедно да го испланирате следното патување, кое исто така ќе ве промени, но она што ќе го научите ќе стане неразделен дел од вашата личност.rnrnПокрај Стрелецот, прочитајте и кои други хороскопски знаци се идеални за патување заедно.

  • Ако сте Стрелец, сигурно ви се познати овие 15 работи

    Ако сте Стрелец, сигурно ви се познати овие 15 работи

    Нашиот хороскопски знак ни кажува многу за нашето место во универзумот, за енергијата што ја испраќаме во светот и за нашите желби и страсти. Се разбира, секој има различен карактер и соништа, но ако сте Стрелец сигурно ќе се пронајдете во овие 15 нешта.rnrnАко сте Стрелец, сигурно ви се познати овие 15 работиrn

    1. Секогаш ја гледате добрата страна

    rnКога ќе се најдете во непријатна ситуација со друштвото, вие секогаш ја гледате чашата како половина полна. На многумина не им е јасно како може секогаш да бидете толку позитивни, но вие едноставно не гледате смисла во муртењето. Секогаш има нешто кон коешто може да гледате, а оптимизмот е само резултат на вашиот отворен ум. Сте виделе доволно од светот за да знаете дека секогаш ве чека нешто подобро.rn

    2. Сакате да давате ветувања

    rnПокрај патувањата и создавањето сеќавања, вие сакате да давате ветувања. Проблемот е што не секогаш можете да ги исполните. Воопшто не мислите лошо, но кога ќе почнат да ви се случуваат многу работи тешко е да го одржите ветувањето. Вашето чувство за слобода другите често го гледаат како незаинтересираност, па мора да се извинувате за испуштени состаноци и слично. Но вашите најблиски пријатели секогаш ви простуваат.rn

    3. Спонтани сте

    rnСекогаш сте подготвени за авантура. Без разлика дали на полноќ сте посакале да се дружите со пријателите или пак сте закажале патување без многу планирање, вие живеете според вашиот внатрешен компас, а не според часовник. Покрај тоа, вие потполно ги разбирате луѓето што живеат од нивниот куфер. Не велиме дека не сакате да имате постојано живеалиште, туку не сакате да бидете забавени кога има толку многу да се види.rn

    4. Мразите чекање

    rnТрпеливоста не е ваша најсилна страна. Можеби тоа е поради спонтаноста или поради вашата мисија секоја минута да ја исполните со авантура. Како и да е, мразите да ставите пауза на животот. Долгите редици, надградбите на софтвер и чекањето во ресторан (особено ако сте гладни) се вашите најголеми кошмари.rn

    5. Независни сте

    rnВоопшто не ви е страв сами да направите нешто. Без разлика дали тоа е одење на ручек, возење со воз или донесување животни одлуки. Не дека не сакате друштво, туку сакате да имате свој распоред и понекогаш да се грижите само за себе. Можете многу лесно да се вклопите во секоја социјална ситуација и да стекнете нови пријатели. Независноста има свои предности и вие уживате во сеќавањата што сте ги направиле со себе.rn

    6. Сакате да патувате

    rnВие едноставно сакате да талкате низ светот. Вашиот ум секогаш се прашувал како е на некое друго место и веројатно размислувате да се преселите во друг град. Патувањето прави секаде да се чувствувате како дома. Сакате да се опкружувате со други култури и да разговарате со странци кои имаат потполно различни верувања и приказни од вашите.rn

    7. Секогаш сте отворени за нови искуства

    rnОд егзотична храна, до опасни екскурзии, на вашата листа се наоѓаат многу работи кои сакате да ги направите. Наоѓањето на ризиците во животот ве возбудува и тоа е само дел од вашата спонтаност. Се разбира, не мора секогаш да станува збор за нешта како скокање со падобран. Некогаш новите искуства се одење по нов пат до училиште и порачување некое ново кафе. И вие имате навики како и секој друг, но рутината и повторувањето не се за вас.rn

    8. Веројатно сте студирале настрана

    rnВеројатно сте студирале настрана или сте живееле неколку месеци во друга држава. Можеби ќе одите на патување кое не е поврзано со студирањето, сте планирале патување преку летото или пак планирате да отидете негде во текот на годината. Без разлика како го полните пасошот со печати, вам ви годи тоа.rn

    9. Многу сте љубопитни

    rnЉубопитноста ви е силна одлика. Сакате да научите сè. Кога вашите пријатели имаат тајни, едвај чекате да ви ги кажат. Знаете дека секогаш има нешто повеќе отколку она околу вас и секогаш сакате да го најдете скриеното богатство. Сигурно ви се има случено да купите нешто само затоа што имало интересна етикета или пак да ги проучувате најлудите филозофии и приказни. Сакате да разберете сè и ги имате трпението и самодовербата да ги проверите нештата за кои на другите не им е грижа.rn

    10. Искрени сте

    rnСпоред вас искреноста е нешто најдобро. Понекогаш вашите пријатели ја сакаат оваа одлика бидејќи секогаш го кажувате она што го мислите. Но, искреноста понекогаш си има своја цена. Не секој сака да ја знае вистината, иако подоцна можеби ќе ја цени.rn

    11. Знаете колку е тешко да имате роденден зимно време

    rnНавистина треба да бидете креативни за да ја организирате роденденската забава во зима. Се разбира, има многу опции и кога времето не е топло, но знаете колку повеќе забава можете да имате под сонцето. Покрај тоа, вашиот роденден е близу до сезоната на празници, па треба да поделите љубов и подароци со другите луѓе во вашиот живот.rn

    12. Сакате различно да ги правите работите

    rnВие сте лидер, а не следбеник. Додека сте растеле веројатно често сте се тргале настрана од толпата. Повеќе сакате да правите нешто поразлично отколку да ги копирате другите. Понекогаш правите нешта кои не се вообичаени за вас само за да можете да кажете дека живеете малку поразлично. Можеби барате непознати бендови, или пак додека патувате посетувате градови кои се вистински „скриени богатства“. Вашиот живот е навистина интересен кога живеете на овој начин.rn

    13. Сакате промени

    rnЕдинствената константа во животот е промената, а вие ја сакате. Знаете дека лошите денови нема да траат засекогаш, но живеете во сегашноста бидејќи и добрите денови не се вечни. Како огнен знак, вие сакате да ја контролирате вашата судбина и да извлечете максимум од секој момент за да можете да ги преживеете дури и најлудите соништа. Но вашиот отворен ум исто така ви дозволува понекогаш да му ја дадете контролата на универзумот.rn

    14. Екстроверти сте

    rnНекои луѓе ја добиваат својата енергија од себе, но вие ја полните вашата батерија со искуства. Да бидете екстроверт значи дека обично одбирате да излезете во сабота навечер наместо да останете дома. Но, ова не значи дека секогаш излегувате до доцна. Понекогаш сакате и добар филмски маратон. Како екстроверт, вие сте отворени кон другите луѓе. Вашите пријатели се оние кои навистина ве раздвижуваат во понеделник наутро.rn

    15. Страсно ги следите вашите соништа

    rnСонувајте големо. Без разлика колку патувања ќе направите, секогаш ќе ја следите својата страст. Можеби точно знаете што сакате да правите, или пак постојано барате нешто што ќе ве воодушеви. Каде и да го најдете тоа нешто, ќе му дозволите целосно да ве обземе. Кога станува збор за вашите соништа, не сакате да изоставите ништо. Запомнете дека треба да бидете трпеливи со вашите страсти. Имате цел живот за живеење и ќе посетите уште многу места пред да се „смирите“. Постојат илјадници луѓе со вашиот знак кои знаат дека сите овие нешта се премногу вистинити.rnrnПрочитајте и зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелец.

  • Дознајте кој хороскопски знак е претставник на моќта, успехот и уживањето!

    Дознајте кој хороскопски знак е претставник на моќта, успехот и уживањето!

    Станува збор за огнен хороскопски знак кој се одликува со космополитски дух, голема желба за патување и високи морални вредности. Јупитер е планетата што владее со овој знак и таа му носи голема среќа. Овој хороскопски знак е вистински претставник на моќта, успехот и уживањето!rnrnДознајте кој хороскопски знак е претставник на моќта, успехот и уживањето!rnrnСекако дека зборуваме за Стрелецот! Припадниците на овој знак се енергични, отворени и незапирливи. Тие не ги почитуваат конвенционалните правила и никогаш не остануваат во врска со партнер кого не го сакаат.rnrnСтрелците се авантуристи без постојана адреса. Тие се светски патници и истражувачи, љубовници, патописци, спортисти и дипломати. Ги привлекува сето она што го возвишува духот и му годи на телото. Тие се вистински хедонисти со голем апетит. Сакаат да пробуваат и да учат нови работи.rnrnБез многу размислување се впуштаат во нови љубовни авантури, опасни спортски подвизи и ризични бизниси. Сакаат да се коцкаат. Можат да стават на коцка сѐ што имаат за само една секунда.rnrnВо комуникацијата, тие се многу отворени, а понекогаш и премногу директни. Го кажуваат она што прво ќе им падне на памет, поставуваат прашања за сите работи што ги интересираат, а понекогаш детинесто и наивно зборуваат за нивните планови. Генерално се искрени и чесни, па затоа мислат дека и сите останати се такви.rnrnМногу се великодушни и воопшто не ги штедат парите. Стрелците го обожаваат луксузот, прославите, свеченостите и друштвените собири. Сакаат да бидат во центарот на случувањата. Припадниците на овој знак секогаш се јавуваат први како доброволци кога треба да се проба нешто или да му се помогне некому.rnrnГи привлекува сето она што е поинакво: Други земји, обичаи, култури, јазици, а особено егзотичните предели. Уживаат во патувањата, не ги сакаат здодевните професии, ги нервираат малограѓанските форми на однесување и луѓето кои озборуваат. Најмногу од сѐ мразат кога некој ќе им ја ограничи слободата и ќе им нареди да направат нешто или да останат некаде. Стрелците сакаат да бидат слободни како птици во лет. Тие сакаат да одлетаат некаде далеку, да видат сѐ и сешто и да им раскажуваат за тоа на другите.rnrnСтрелците имаат млад дух, убав физички изглед и спортска градба. Тие ги обожаваат благородните спортови, така што најмногу уживаат кога играат тенис. Стрелците се префинети аристократи, а понекогаш и бунтовници. Ја почитуваат традицијата, но сепак одат по својот пат. Тие имаат силна интуиција, па затоа би можеле да станат успешни астролози и пророци.rnrnМногу често освојуваат големи награди, медали и воени заслуги, благодарение на нивната владејачка планета, Јупитер. Не постои сомнеж дека Стрелецот е најмоќниот и најуспешниот знак во зодијакот!rnrnДознајте и зошто Стрелецот е најголемиот визионер меѓу хороскопските знаци.

  • Вреди да го имате овој хороскопски знак покрај себе: Неговата чаша е секогаш половина полна!

    Вреди да го имате овој хороскопски знак покрај себе: Неговата чаша е секогаш половина полна!

    Припадниците на овој знак се отворени, позитивни и љубопитни. Тие сакаат спортски активности, авантури, патувања и интелектуални потраги. Тие се отворени и уживаат во учењето и талкањето низ светот во потрага по смислата на животот. Постојат толку многу работи што треба да ги знаете за нив, особено ако имате пријател и партнер роден во овој знак. Станува збор за единствените Стрелци! Прочитајте нешто повеќе за нивните особини и дознајте зошто вреди да ги чувате овие луѓе покрај себе…rnrnВреди да го имате овој хороскопски знак покрај себе: Неговата чаша е секогаш половина полна!rn

    Тие се спонтани

    rnТие се многу интересни, бидејќи сакаат да откриваат нови работи. Уживаат кога разговараат за некоја возбудлива книга што ја прочитале или за некоја авантура што ја доживеале. Доколку сте во љубовна врска со Стрелец, немојте да се изненадите ако ненадејно ви каже „Пакувај се, одиме во Шпанија!“. Никогаш не е здодевно со Стрелците, бидејќи секогаш раскажуваат неверојатни приказни кои доведуваат до луди идеи и неверојатни искуства што секогаш ќе ги паметите.rn

    Имаат одлична смисла за хумор

    rnОвој хороскопски знак дефинитивно има најдобра смисла за хумор! Стрелците дури и кога зборуваат за некоја незгодна случка, ќе успеат да ве насмеат до солзи и да ви го подобрат расположението.rn

    Обожаваат авантури

    rnСтрелците се многу љубопитни и енергични. Тие не сакаат да седат пред телевизорот. Наместо тоа, тие претпочитаат да поминуваат време надвор, да одат на излети и патувања за кои повеќето луѓе само сонуваат. Ако имате пријател роден во овој знак, имате голема среќа, бидејќи Стрелците уживаат во авантурите со нивните пријатели. Тие се најдобрите сопатници што можете да ги посакате!rn

    Ја сакаат слободата

    rnНекои пријатели знаат да бидат напорни и наметливи, но не и Стрелците. Тие се независни и слободата им е многу важна. Тие ќе ја почитуваат вашата потреба за приватност, а истото ќе го очекуваат и од вас. Сепак, Стрелците се многу лојални и великодушни. Ако имате некаков проблем, тие ќе ви понудат мудро решение што можеби никогаш не би ви паднало на памет.rn

    Многу се интелигентни и имаат голем број интереси

    rnСтрелците се познати по тоа што имаат многу разновидни интереси. Тие се начитани и добро образувани, бидејќи учењето е важен дел од нивната потрага по знаење. Ако сакате да учите, тие ќе можат да ве подучат во врска со голем број езотерични теми, од азиска уметност, па сѐ до хип хоп музика.rnrnВреди да го имате овој хороскопски знак покрај себе: Неговата чаша е секогаш половина полна!rn

    Тие се разиграни и забавни

    rnТие секогаш имаат луди и идеи и планови како да ја поминат вечерта, без разлика дали станува збор за излегување со друштво или домашна забава. Ако ја сакате спонтаноста, Стрелците секогаш ќе ве држат во неизвесност. Постојано ќе се прашувате каква авантура ве очекува следно. Стрелците се подготвени на сѐ!rn

    Ги сакаат сите видови патувања

    rnСтрелците ги интересираат непознатите култури и патувањата на далечни места. Всушност, многу од нив имаат пријатели и љубовници во странство. Тие имаат непресушна желба за патување што ги прави немирни и нестабилни. Стрелците постојано трагаат по нови можности за патување, а неистражените, чудни места, воопшто не ги плашат. Нивните љубопитност и самодоверба им помагаат да бидат забавни сопатници. Тие сакаат да ја искористат секоја прилика за да го прошират својот поглед кон светот. Тоа е една од причините зошто Стрелците се толку зрели и софистицирани.rn

    Многу се искрени и лојални

    rnНе ги прашувајте Стрелците што мислат, освен ако не сакате да ја чуете вистината, целата вистина и само вистината. Тие ја ценат искреноста и не сакаат да ја ублажуваат вистината. Стрелците имаат многу цврсто мислење кое не се плашат да го искажат. Припадниците на овој знак се вредни пријатели кои можат да ви понудат корисни совети.rn

    Тие се позитивни оптимисти

    rnСтрелците се неизлечиви оптимисти и нивната чаша е секогаш половина полна. Нивната позитивна природа им носи среќа, бидејќи привлекуваат луѓе кои им помагаат и им отвораат врати во животот. Тие го ценат пријателството и секогаш ќе знаат како да ви го подобрат расположението. Ако се чувствувате лошо, Стрелците ќе најдат начин да извлечат насмевка од вашето лице.rn

    Тие се одлични љубовници

    rnСтрелецот е огнен знак со безгранична енергија. Припадниците на овој знак се страсни, шармантни и заводливи. Многу од нив имаат широка палета од љубовни искуства. Слободата им е многу важно и затоа тешко им е да се смират во една единствена врска. Од таа причина не функционираат добро со посесивни партнери. Но, ако решат да се врзат за еден човек, тие ќе бидат најверните партнери на светот благодарение на нивниот морал и интегритет.rnrnВо продолжение, прочитајте ги овие 6 причини зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелец.

  • Видео хороскоп: Стрелецот во кратки црти

    Видео хороскоп: Стрелецот во кратки црти

    Како големи оптимисти, за нив чашата е секогаш полуполна, а нивното срце неретко е полно со љубов и добрина. Имаат изострен и бистар ум кој им помага лесно да го запомнат сето она во коешто ќе вложат напор и енергија да го прочитаат. Кога ќе изгубат контрола врз некоја ситуација, стануваат безобразни и го пуштаат своето „луто и остро јазиче“. Но, во други ситуации, со самата своја појава и однесување, умеат да ја поправат тешката комуникација помеѓу други луѓе и да ја направат попријатна. Со Стрелците мора да сте искрени, бидејќи во спротивно лесно можете да ги изгубите. Погледнете повеќе во видеото…rnrnhttps://youtu.be/JWBJ1wAPduM

  • За неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!

    За неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!

    Позитивна, насмеана, ведра, забавна, шармантна, зборлеста, непоколеблива, храбра и полна со живот. Таа непрестајно трага по вистината и мудроста, бидејќи е љубопитна и жедна за нови знаења и откритија. Обожува да води долги разговори и дискусии на сите теми: од политика и религија, па сѐ до љубов. За жената родена во овој слободоумен огнен знак не постојат табуа. Таа е искрена, независна и отворена за нови искуства, поради што лесно наоѓа пријатели.rnrnЗа неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!rnrnПогодивте за кого станува збор? Секако дека мислиме на жената родена во знакот Стрелец! Ја фасцинираат многу нешта, особено контроверзните работи од областа на религијата, етиката и филозофијата. Таа ги презира ограничувањата и сите наметнати распореди и правила. Жената Стрелец мора да има флексибилност и можност да ги менува работите како што ѝ одговараат. Како и сите останати, така и таа има некои маани, како што се невнимателност, бесчувствителност, површност и претерана независност.rnrnЖените Стрелци имаат ведар, огнен и детски дух. Нивните морални вредности им помагаат да станат прекрасни личности полни со ентузијазам кои слепо веруваат во нивната добра судбина. Припадничките на овој знак колку што се отворени и искрени толку се и зборлести и нетактични.rnrnТие не размислуваат многу пред да кажат нешто, што може да навреди некои луѓе. Но, зад нејзината непосредна отвореност никогаш не се крие злонамерност. Ако забележат дека повредиле некого, веднаш ќе се обидат да ги поправат работите. Луѓето го разбираат тоа и ја сакаат.rnrnНивната душа е хумана и добра. Жените Стрелци имаат високи стандарди, ги почитуваат моралните вредности во меѓучовечките односи и ја почитуваат традицијата. Тие се многу интелигентни и постојано размислуваат за некои филозофски и религиски прашања. Жените родени во овој знак сакаат да патуваат, особено во егзотични краишта, а најсреќни се кога животот им е исполнет со спорт и забава. Ризикот ги возбудува жените Стрелци. Тие сакаат брзина, авионски летови и брзо автомобили.rnrnЗа нив идеални се професиите што ќе им дадат слобода на движење, кои се доволно разновидни и полни со акција. Успешни се како трговски патници, туристички водичи, банкари и спортистки.rnrnЗа неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!rn

    Љубов

    rnЉубовта претставува голема мистерија за жените Стрелци. Тие ја сметаат љубовта за награда по која копнеат и за највредното богатство што го крие животот. Честопати се плашат од интимност, па затоа нивната љубов честопати се раѓа од некое пријателство. Не ја сакаат монотонијата, па затоа мирните вечери поминати пред телевизор во домашна атмосфера за нив не се поим за идеална врска. Тие сакаат да го делат животот со некој кој ќе биде на истата психичка и физичка бранова должина, односно тие посакуваат партнер кој ќе биде подготвен постојано да патува.rnrnДури и тогаш кога се многу вљубени, жените Стрелци успеваат да ја задржат својата независност, а тоа ги прави уште попривлечни и пошармантни. На љубовен план, тие се страсни авантуристи и нивната природна љубопитност ги наведува да тргнат на голем број љубовни истражувања. Лесно може да станат промискуитетни и да преминуваат од еден на друг партнер, а способни се да одржуваат и неколку врски истовремено. Но, тоа не значи дека припадничките на овој знак немаат чувства. Тие се многу искрени и истото го очекуваат и од другите. Ако некој ги изневери, тие ќе бидат крајно повредени, бидејќи нивното срце е многу нежно и ранливо.rnrnБез оглед на тоа што се непостојани, кога ќе го најдат идеалниот маж, жените Стрелци стануваат многу верни животни партнери. Благодарение на нивниот оптимизам, тие се многу пријатни партнерки кои знаат да ги охрабрат и насмеат нивните сакани. Тие се многу динамични, ведри и дружељубиви, но не им одат добро домашните работи, па затоа од нив не треба да се очекува совршенство во домаќинството. И покрај тоа, нивната пријателска природа ќе направите сите гости да се чувствуваат пријатно и добредојдено. Не треба да заборавите и дека жената Стрелец е многу интересна и грациозна забавувачка!rn

    Пријателство

    rnАко сакате да си ги проширите видиците и да се ослободите од предрасудите, пријателката родена во знакот Стрелец ќе ви помогне да го сторите тоа. Освен што сакаат да водат интелектуални и поучни разговори, тие се познати и како најдуховите личности во друштвото. Не се плашат да глумат дежурни кловнови и да се шегуваат на своја сметка, ако тоа ги забавува и смее нивните пријатели.rnrnВоопшто не се пристрасни и сакаат да стекнуваат пријатели од сите сфери на животот, од разни националности, религии и култури. Најдобрите пријатели на жената Стрелец најчесто се родени во знакот Водолија или Вага. Иако не ги интересираат типично женските теми, имаат многу пријателки и знаат да ја подигнат атмосфера во исклучиво женските друштва. Имаат и многу пријатели со кои ја делат љубовта кон адреналинот.rnrnЗа неа не постојат никакви табуа: Жената родена во овој е знак е темпераментна и немирна како ветер!rn

    Изглед

    rnНадворешните карактеристики на жената Стрелец се жив поглед, високо чело, убав говор, лесен и одмерен од, младешки изглед и развиените рамена. Имаат чист тен, а лицето им е долго или овално со високи и густи веѓи, долг нос и експресивни очи во светло сина или кафеава боја.rnrnПрипадничките на овој знак се витки и имаат пропорционално градено тело. Ќе можете оддалеку да ги препознаете благодарение на нивната елеганција. Можеби ќе ви звучи контрадикторно, но тие дури и кога ќе се облечат набрзина во необични комбинации, изгледаат многу слатко и дотерано. Имаат брзи движења и драматични гестови, па често си играат со прамените на косата. Нивната градба е атлетска, но склони се кон вишок килограми, бидејќи сакаат да уживаат во храната и пијалаците.rnrnУдобноста им е најважна на овие боемски души кога станува збор за облеката. Најмногу им одговараат природните материјали како што се памук, волна и лен. Ја презираат тесната облека, а обожуваат долги и шарени здолништа, меки панталони, спортска облека и патики. Носат минимална шминка и многу малку накит.rnrnЖените Стрелци копнеат по патувања во далечни земји, а не по скапи обувки. Ако некогаш купат скапи чевли, секогаш ќе им бидат помалку важни од нивните планинарски чизми. Немаат трпение за третманите за убавина. Ги извршуваат само најнеопходните, како што е депилација, а не се грижат многу ниту за дневните ритуали за нега и убавина. Нив ги заморува нанесувањето крема за лице секое утро и вечер.rnrnСакаат да купуваат, но во интересни и егзотични продавници. Нивното одење на шопинг изгледа како физичка активност: Влетуваат и излетуваат од продавниците, набрзина ги разгледуваат производите и одбираат што е можно пооригинални парчиња облека, бидејќи не сакаат носат исти работи како и останатите.rnrnНајдобро се чувствуваат во спортска облека, но можат да носат и елегантни комбинации. На жените Стрелци одлично им стојат храбрите модни комбинации. Не сакаат да се средуваат долго време, а кога ќе се дотераат, едвај чекаат да извадат сѐ од себе и да ги облечат нивните омилени тренерки.rnrnТина Тарнер, Рита Ора, Тејлор Свифт, како и глумиците Џејн Фонда, Кејти Холмс, Џулиен Мур и Мила Јовович се родени во знакот Стрелец и тие знаат дека виолетовата боја им стои одлично, па затоа честопати може да ги видите на црвениот тепих облечени или нашминкани токму во таа боја. Идеалните парфеми за жената Стрелец се оние со овошни и дрвени ноти кои мирисаат свежо и разиграно.rnrnВо продолжение, прочитајте како да освоите девојка со хороскопски знак Стрелец.

  • Како да го освоите авантуристичкото срце на мажот Стрелец?

    Како да го освоите авантуристичкото срце на мажот Стрелец?

    Ако сакате еден Стрелец да се вљуби во вас, мора да му дадете простор. И тоа дајте му толку простор што ќе почне да се чувствува осамено. Стрелецот е огнен знак и понекогаш чувствува потреба да избега од секоја ситуација. Огнот создава дива личност која не е способна да остане посветена. Иако тие сакаат да чувствуваат љубов, и духовно, и физички, нивната потреба за слобода секогаш останува речиси иста.rnrnkako-da-go-osvoite-srceto-na-mazhot-strelec-kafepauza.mkrnrnПа ако сакате вашиот Стрелец навистина да се вљуби во вас, бидете како свеж воздух. Немојте да го гушите и да му го одземате просторот кој му е потребен.rnrnНа Стрелците им е многу важен нивниот личен простор, па ако не можете да го прифатите ова, подобро откажете се уште сега. Ако вие сте девојка која постојано мора да знае каде е нејзиниот Стрелец во секој период од денот, вашата врска нема да трае долго.rnrnСтрелците не се среќни во присилена врска. Ним им е потребна целосна слобода. Поради ова, вербата е важен фактор во успешната љубовна врска. Ако можете заедно да работите на оваа доверба и да имате добра комуникација, вашата врска ќе станува посилна и ќе трае. За да го натерате Стрелецот да се вљуби во вас, мора да бидете независни. Бидете девојка која може да се грижи за себе. Имајте работа, бидете одговорни и имајте оптимистички поглед кон животот.rnrnТипичниот маж Стрелец е многу позитивен бидејќи во сите ситуации гледа можност за нешто повеќе. Ако сте негативни, песимисти или постојано критикувате, вашата врска нема да издржи многу. Нема да бидете компатибилни со Стрелецот бидејќи нема да ги поднесувате вашите различни ставови за животот. Нема ништо заедничко кај партнерите кога едниот е среќен, а другиот е песимист.rn

    Што бараат овие мажи кај жените?

    rnСтрелецот е авантурист. Тој патува низ светот и се обидува да се ослободи од границите кои му се поставени од општеството. Тој на некој начин е и бунтовник, па ако сакате да му го привлечете вниманието треба да бидете авантуристи. Предложете му некоја луда авантура на Стрелецот. Колку поекстремно звучи, толку тој ќе биде позадоволен. Стрелците имаат постојана потреба од авантури за да се чувствуваат исполнето. Кога станува збор за љубовта, нивната партнерка едноставно мора да ја прифати оваа особина. Тој навистина ќе ве цени ако и вие му се придружите во авантурите.rnrnПа ако барате „лошо момче“ кое е малку мистериозно, обидете се да го освоите срцето на Стрелецот. Пробајте да го освоите со вашиот шарм и оптимизам. Сфатете дека тој има потреба да живее слободно и позитивно, па бидете покрај него и заедно созревајте. Заедно можете да ја научите мудроста на животот, но и да научите многу еден за друг преку вашите авантури.rnrnПатот кон срцето на Стрелецот е преку делување. Тој мора да види дека вие сте девојка која ќе го сака и ќе биде со него. Можеби ќе ве тестира, но немојте да се плашите од него. Најважното нешто е да останете покрај него, да имате самодоверба, да бидете среќни и возбудени за животот. Истражувајте го светот со него и одете на места кои не сте ни помислувале да ги посетите. Изложете го вашиот ум на разни култури за и двајцата да се чувствувате исполнето.rn

    Што треба да знаете за мажот Стрелец?

    rnПознато е дека овие мажи се авантуристи и поретко се посветуваат. Па ваша задача е да го убедите дека може да ви се посвети вам и на вашата врска. Ова е начин да го стабилизирате. Обидете се да го натерате Стрелецот да ви се отвори додека комуницирате. Ова ќе ве зближи и ќе ја зајакне вашата врска. Бидејќи Стрелецот е постојан патник, тој речиси секогаш е мудар и интелигентен. Па ако и вие ги поседувате овие особини, вие двајца ќе бидете совршен пар.rnrnСтрелците се навистина дарежливи и добри кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер. Штом Стрелецот ќе се вљуби во вас, тој ќе ви овозможи живот полн со љубов, топлина и страст.rnrnДознајте и како хороскопските знаци покажуваат љубов.

  • Што треба да знаете за нескротливите Стрелци и љубовната врска со нив?

    Што треба да знаете за нескротливите Стрелци и љубовната врска со нив?

    Во љубовта, Стрелците изобилуваат со спротивности. Тие се препознатливи по својот симбол во форма на кентаур, мистично суштество што е половина коњ, половина човек па затоа поседуваат карактеристики и од двете – животински инстинкти и просветлено размислување. Тоа е и причината поради која копнеат за божествена инспирација, но истовремено имаат и нескротлива желба за „земјените задоволства“. Ништо чудно што најчесто се растргнати на две страни!rnrnshto-treba-da-znaete-za-neskrotlivite-strelci-i-ljubovnata-vrska-so-nivrnrnТие се слободните духови во зодијакот, вистински патници што најудобно се чувствуваат на пат. Иако го мразат чувството да се „врзани“, тие исто така и копнеат за сродна душа со која ќе можат да го доживеат светот. Стрелците имаат голем апетит за животот, па нивните партнери мора да ја поседуваат истата оваа карактеристика бидејќи не е лесно да бидете во чекор со ваков човек. Токму затоа и Стрелците долго остануваат сингл – а кога конечно ќе влезат во врска, целосно се препуштаат.rnrnСтрелците се мечтатели и секогаш бараат големи проекти. Водени од масивниот Јупитер, тие размислуваат „големо“ за сè. Копнеат да создаваат нови светови, како Волт Дизни и Стивен Спилберг. Едноставно потребен им е партнер што ќе ги охрабри, но и што ќе биде доволно приземјен за да се грижи за нив кога нештата ќе станат потешки и ништо нема да може да ги сопре. Со оглед на тоа што се големи оптимисти, тие во секого гледаат потенцијал, па тоа понекогаш може и да ги натера да згрешат и да влезат во погрешна врска.rnrnАко не дозволат физичката привлечност да ја прикрие нивната потреба за партнер што ќе ги поддржува, тогаш лесно ќе најдат сродна душа. Споделувањето на мудроста е едно, но изигрувањето животен тренер може брзо да ги исцеди и да им ја одземе волјата за љубов. Надежта е нивната зависност, но тоа не е добро, па мора секојдневно да растат со креативна визуализација што ќе ги подготви да излезат од стапица доколку паднат во неа.rnrnЗа среќа, Стрелците се најсреќните знаци во зодијакот па дури и покрај тоа што секогаш си играат со оган и знаат да се изгорат, лесно се враќаат назад во вистинската насока. Особено ако љубовта е доминантна во нивниот живот.rnrnНезависни, слободни и нескротливи: Врската со овој хороскопски знак е речиси невозможна!

  • Независни, слободни и нескротливи: Врската со овој хороскопски знак е речиси невозможна

    Независни, слободни и нескротливи: Врската со овој хороскопски знак е речиси невозможна

    Освен тоа што се друштвени, позитивни и слободни во секоја смисла на зборот, родените во овој хороскопски знак не се баш најуспешни кога станува збор за љубовта и врските. Тие не се родени за брачен, односно семеен живот. Тоа е така затоа што најдрагоценото нешто во нивниот живот е слободата.rnrnНезависни, слободни и нескротливи: Врската со овој хороскопски знак е речиси невозможнаrnrnСекако дека зборуваме за Стрелците. Токму поради нивната потреба за неизмерна слобода, нема да го земаат предвид вашето мислење кога ќе прават планови за иднината. Станува збор за луѓе кои прво гледаат за себе и своите потреби. Вашите чувства не се толку важни и не очекувајте да ви посветува премногу време.rnrnСтрелците не се свесни за сопствените грешки, а кога ќе им ги укажете, подгответе се за голема караница по која вие ќе испаднете виновни. Но, доколку вие згрешите нешто, Стрелецот е подготвен да ви соли памет по цели денови и ноќи. Можат да се „врзат“, но само ако сѐ биде по нивно. На овие луѓе им треба мудар и тактичен партнер. Стрелците се по малку пребирливи и ги забележуваат сите недостатоци и грешки на љубовниот партнер.rnrnТие поседуваат огромен интерес и љубопитност за светот. По природа се хумани, така што сигурно учествуваат во разни друштвени организации. Стрелците сакаат да се експонираат во јавност и не се задоволуваат со малку.rnrnДоколку по некоја случајност дојде до промена на неговиот личен вкус, Стрелецот нема да продолжи со покажување интерес кон истата личност. Дури и да нема ништо конкретно што му пречи кај тој човек, тој ќе ја прекине врската. Според Стрелецот, љубовта и животот се еден вид натпревар и игра.rnrnСтрелците не се многу успешни во бракот. Нивниот партнер мора да има отворен поглед кон работите, не смее да биде љубоморен и понекогаш мора да биде подготвен да попушти дури и ако тоа не е во неговата природа. Тој ќе мора да биде вистински уметник за да може да го следи темпото на Стрелецот и да ги задоволува неговите интереси.rnrnНе е тешко да се живее со Стрелците, бидејќи тие лесно се прилагодуваат на секоја ситуација и подготвени се да прават компромис. Меѓутоа поради нивното отсуство на емоции и големата нетолеранција за сѐ што е ограничено или строго утврдено со правила, партнерите на овој хороскопски знак мора да ги прошират нивните хоризонти за да се најдат на иста бранова должина со Стрелецот.rnrnСтрелците имаат голем натпреварувачки и авантуристички дух. Тие се весели и интересни сопатници кои љубовта ја доживуваат како среќна околност. Сите нивни чувства и желби се вртат околу брзата и моментална акција.rnrnДоколку се заљубите во личност родена во овој знак, мора да покажете големо трпение и разбирање за неговата потреба за слобода. Но, нема сомнеж дека Стрелецот ќе ви ја отвори вратата кон многу нови искуства и доживувања кои никогаш не сте помислиле дека се возможни.