(22 ноември – 21 декември)rnrn
Луѓето родени во хороскопскиот знак стрелец се отворени и весели луѓе, кои шират позитивна енергија на луѓето околу нив. Тие имаат религиозна и духовна природа и висок морал. Стрелците се големи оптимисти и за нив чашата е секогаш половина полна. Повеќето стрелци имаат срце полно со љубов и добрина. Не е во нивната природа да бидат злонамерни, пакосни или намќори. Тие не се ниту арогантни, ниту нарцисоидни, туку токму спротивното од тоа – позитивни и отворени личности, секогаш спремни да го живеат животот со полна пареа и да искусат нови животни авантури.rnrn
Стрелците однадвор и однатре
rnСтрелците се големи дипломати, кои не се плашат да ги прекршат правилата на игра, ако таа одлука ги направи сите среќни. Тие се искрени и учтиви луѓе, но ако се однесувате нефер кон нив, ќе го изгубат трпението. Како и на сите други луѓе, така и на позитивните стрелци може да им се случат депресивни расположенија, а таа нивна страна од карактерот ја кријат од светот. Стрелците секогаш оставаат впечаток на отворени и позитивни личности, па дури и кога не се чувствуваат расположено, тие умеат да се замаскираат пред останатиот свет, криејќи ја песимистичката страна од нивниот карактер.
rn
Отворен ум
rnСтрелецот е најавантуристичкиот знак во зодијакот. Неговиот ум е секогаш активен и жеден за учење нови работи. Тој ќе ја испроба секоја идеја која ќе му падне на ум, за да види каде таа ќе го одведе, а доколку спроведувањето на истата направи да се чувствува ограничено и затворено, веднаш ќе ја отфрли. Стрелецот сака да има слобода во реализацијата на неговата идеологија.
rn
Ентузијасти
rnСтрелецот обожава да се социјализира и дружењето со разни луѓе му е навистина потребно за да се чувствува урамнотежено. Во одредени ситуации може да се случи да се чувствува осамено и да нема луѓе покрај него со кои ќе ја исполни таа празнина, но во секој случај тоа нема да трае долго. Стрелецот е дружељубива личност, која знае како да се спријатели со вистинските луѓе кои ќе бидат покрај него цел живот. Сите сакаат да бидат во близина на стрелец, бидејќи тој изразува посебен интерес за животите на другите луѓе.rnrn
Жед за учење нови работи
rnМозокот на стрелците е како сунѓер кој вечно впива информации, знаење и вистина. Овие луѓе секогаш се желни за учење нешто ново и никогаш не се задоволуваат со она што го знаат. Стрелецот чита сè што ќе му падне на рака, а неговиот изострен и бистар ум му помага да го запомни сето она во кое вложува напор и енергија.rnrn
Негативната страна на нивниот карактер
rnСтрелците се нетрпеливи, тешко ги контролираат своите емоции, честопати избувнуваат и сакаат да доминираат во сите ситуации. Тие имаат „луто и остро јазиче“ и знаат да бидат невнимателни, па дури и безобразни, кога ќе ја изгубат контролата врз ситуацијата.
rn
Одлични пријатели
rnКон своите пријатели тие се многу услужливи и им помагаат секогаш кога можат. Нивната вродена моќ за перцепција на светот околу нив, во комбинација со нивната инспиративна енергија, ги прави стрелците одлични комуникатори, кои умеат да ги „уловат“ мислите на луѓето околу нив. Повеќето стрелци имаат и вродена смисла за хумор, благодарение на која може да ја насмеат речиси секоја особа која се наоѓа во нивна близина.
rn
Стрелците на работа
rnНа работното место стрелците се секогаш почитувани од страна на останатите колеги, бидејќи во најстресните ситуации, кога брзото и ефикасно работење е најважно, тие создаваат атмосфера за работа, како и чувство на стабилност и рамнотежа во работната средина. Со самата нивна појава и однесување, тие умеат тешката комуникација помеѓу други луѓе да ја коригираат и направат поднослива, па дури и пријатна.rnrnСтрелците имаат свои правила од кои не отстапуваат, па токму затоа не сакаат да гледаат како некои луѓе на работното место користат ситуации кои одат во нивна корист, а на штета на друг. Тие ќе ви помогнат секогаш кога ќе ви биде потребна потпора и поддршка и ќе го пронајдат најдоброто можно решение на конкретниот проблем. Тие се трудољубиви и брзи и стојат цврсто на нозе благодарение на тие карактеристики.
rn
Стрелците во љубовта
rnКога стрелецот ќе ја пронајде љубовта на својот живот, тој ќе направи буквално сè што е во негова моќ за да ја одржи нивната љубов засекогаш цврста.
Тие се лојални и искрени љубовници кои ќе ја подарат сета своја љубов на оној партнер на кого ќе можат безрезервно да му веруваат. Тие бараат сродна душа со која ќе одат заедно на патувања низ светот, заеднички ќе развиваат нови идеи и ќе се смеат до солзи. Смеата, според стрелците, е решение на сите проблеми. По природа стрелците се многу страсни, меѓутоа тие додека се помлади преферираат да бидат во површни љубовни врски, сè додека не созреат и ја откријат нивната подлабока емотивна страна.rnrn
Идеални професии за стрелците
rnСтрелецот како високо интелигентна личност, со одлична смисла за хумор и голема волја за едукација и надградување може да изгради добра кариера во повеќе различни области, како на пример: во департманот за продажба на патни аранжмани во туристичка агенција, професори, фотографи, комедијанти, писатели, брокери, свештеници, пилоти, писатели…
Омилени бои на стрелците: сина, пурпурна, индиго боја, жолта и портокалова.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
