КАФЕ ПАУЗА

Category: Стрелец

  • 6 причини зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелец

    6 причини зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелец

    Сите посакуваат пријател кој ќе може да ги развесели кога се тажни, да ги разбере кога им треба поддршка и да ги поттикне на акција кога им треба малку мотивација. Освен тоа, најдобриот пријател треба да е човек од доверба, лојален и секогаш подготвен да помогне. Стрелците можат да го понудат сето тоа! Доколку веќе имате таков пријател, можете да бидете сигурни дека тоа ќе остане така засекогаш. Ова се 6-те причини зошто треба да имате барем еден пријател роден во овој хороскопски знак…rnrn6 причини зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелецrn

    1. Тие се несебични

    rnИако на Стрелците им треба малку повеќе време за да се зближат со луѓето, многу брзо ќе сфатите колку е големо нивното срце. Тие секогаш ги ставаат другите на прво место и подготвени се да помогнат во секое време. Стрелците се тие што ќе дотрчаат до вашиот дом со полна кутија сладолед, по само неколку минути откако сте им пратиле порака за да им го соопштите вашето раскинување со партнерот.rn

    2. Тие се лојални

    rnДоколку вашиот најдобар пријател е Стрелец во хороскоп, никогаш нема да мора да се грижите дали ќе ви забие нож во грбот, дали ќе ги издаде вашите тајни или ќе ве озборува наоколу. Напротив, Стрелците секогаш ќе ве заштитуваат и ќе застануваат на ваша страна во секој можен конфликт.rn

    3. Тие се искрени

    rnИскреноста на Стрелците е меч со две острици. Тие секогаш ќе бидат искрени без разлика дали се работи за вашата модна комбинација или за вашата љубовна врска. Тие директно ќе ви го кажат нивното искрено мислење, без никакви заобиколувања. Немојте да им замерувате поради тоа. На тој начин, Стрелците ја покажуваат нивната грижа кон вас и немаат намера да ве повредат, туку да ве заштитат.rnrn6 причини зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелецrn

    4. Тие се чудни во позитивна смисла на зборот

    rnВелат дека сите луѓе се чудни на свој начин, но кај Стрелците се работи за нешто посебно. Ако вашиот пријател Стрелец се однесува чудно во ваша близина, не грижете се. Тоа значи дека тој се чувствува навистина удобно покрај вас. И вие покрај припадниците на овој знак ќе почувствувате слобода да се покажете во вистинско светло и да ги симнете сите маски.rn

    5. Тие имаат авантуристички дух

    rnДоколку монотонијата на вашето секојдневие ве убива и сакате да внесете малку авантура во животот, Стрелецот ќе ви помогне да ја остварите таа идеја. Спонтано патување на некое егзотично место? Искачување на највисокиот врв во вашата земја? Скокање со падобран? Нема проблем, можете да сметате на вашиот пријател Стрелец. Тие обожаваат да истражуваат и да пробуваат нови работи кои ќе им го кренат адреналинот.rn

    6. Тие се оптимисти

    rnСтрелците се познати по нивниот оптимистичен начин на размислување. Тие постојано зрачат со позитивна енергија. Доколку познавате некој Стрелец, сигурно веќе сте се увериле во ова. Ако минувате низ тежок период од животот и ви треба малку мотивација, слободно можете да сметате на Стрелецот кој ќе ве потсети дека болката нема да трае вечно. Стрелците ќе ве убедат дека по дождот секогаш доаѓа сонце.rnrnПријателството со припадниците на овој хороскопски знак навистина може да трае вечно. Доколку немате таков пријател, веднаш почнете да го барате, бидејќи тој ќе внесе нови бои во вашиот свет и ќе ви ја отвори вратата кон бесконечните можности и искуства што ви ги нуди животот.

  • Започнува сезоната на Стрелците: Еве што вели хороскопскиот знак за вашата љубовна врска

    Започнува сезоната на Стрелците: Еве што вели хороскопскиот знак за вашата љубовна врска

    Дали вашите хороскопски знаци се компатибилни? Како да направите да функционира љубовната врска? Вашиот љубовен хороскоп ви помага да ја разберете романтиката низ објективот на астрологијата. Луѓето кои се родени помеѓу 22 ноември и 21 декември припаѓаат на знакот Стрелец. Во љубовта, Стрелецот е полн со противречности. Симболизирани од кентаур, митско суштество кое е половина коњ, половина човек, овие личности се управувани и од животинските инстинкти и од размислувањето. Стрелците претпочитаат морал, мудрост и високо образование. Иако секогаш се залагаат за божествена инспирација, тие имаат сериозна страст за „земните задоволства“. Затоа, не е ни чудо што честопати се поделуваат на две насоки!rnrnСезона е на Стрелци: Еве што вели хороскопскиот знак за вашата љубовна врскаrnrnТие имаат слободен дух и се вистински патници кои се чувствуваат удобно на нивниот пат. Иако не сакаат да се приврзуваат, тие имаат потреба од сродна душа со која ќе го истражуваат светот. Имаат голема желба за живот и нивните партнери мора да ја делат истата особина. Наоѓањето некој кој може да чекори исто со нив кон нови авантури и истражувања, не е лесна задача. Поради оваа причина, многу Стрелци може да бидат сингл подолг период од животот.rnrnКако страстен огнен знак, тие се впуштаат во сѐ со сета нивна сила. Одржувањето на тоа темпо е речиси невозможно. Стрелците честопати сонуваат и секогаш создаваат големи проекти. Тие се управувани од Јупитер (најголемата планета во соларниот систем) и многу размислуваат за сѐ. Потребен им е партнер со доволно визија за да ги охрабри, но сепак некој кој чекори по земјата и е доволно паметен за да сфати кога работите стануваат потешки. Стрелецот е знак на ловец и овие личности ги возбудува потерата. Не се плашат да се фалат за нивните достигнувања, а со нивната искреност и добра смисла за хумор, ретко имаат непријатели. Напротив, може да имаат многу бивши кои ги претвориле во блиски пријатели.rnrnСезона е на Стрелци: Еве што вели хороскопскиот знак за вашата љубовна врскаrnrnКако оптимистички знак во зодијакот, Стрелците секогаш го гледаат потенцијалот во својот брачен другар. Тие се познати како многу дарежливи и со задоволство ќе ги споделат своите финансии за да им помогнат на своите партнери да напредуваат. Доколку не се внимателни, розовиот поглед кон светот може да им предизвика непријатни емоции. За Стрелците љубовта е слепа, но страста е повеќе.rnrnТие не треба да дозволат физичката привлечност да ја засени нивната потреба од поддршка. Споделувањето на мудроста е една работа, но улогата на животен тренер може да ја исцрпи нивната енергија. Надежта е нивна зависност и тоа не е здраво. Стрелците сакаат да читаат добра книга за самопомош и некои креативни замисли може да им помогнат да излезат од непријатната ситуација. Стрелецот е најсреќен знак во зодијакот. И покрај тоа што си игра со оган, секогаш постапува мудро. Животот секогаш им нуди нови можности и доколку со тие не пристигне нивниот партнер, тогаш тие продолжуваат напред, кон нови авантури.

  • Најголемиот визионер меѓу хороскопските знаци: Од ништо знае да направи нешто спектакуларно!

    Најголемиот визионер меѓу хороскопските знаци: Од ништо знае да направи нешто спектакуларно!

    Тој е најуспешниот ловец на соништа кој благодарение на неговите позитивни вибрации ги привлекува луѓето околу себе и ги воодушевува со неговата умешност да направи работите да изгледаат поневеројатни одошто навистина се. Станува збор за немирниот Стрелец.rnrnНајголемиот визионер меѓу хороскопските знаци: Од ништо знае да направи нешто!rnrnСтрелецот има големи соништа и ништо не може да ја сопре неговата фантазија. Припадниците на овој знак знаат да го препознаат потенцијалот на секоја можна ситуација. Без оглед на тоа во колку лош период се наоѓаат, тие ќе измислат еден куп сценарија за да ги свртат работите во нивна корист. За многумина нивните идеи делуваат апсурдно и недостижно. Но, и покрај тоа Стрелците живеат на свој начин. Тие не се грижат за туѓото мислење. Кога ќе најдат нешто што ги инспирира, тие се посветуваат на тоа со целото свое битие.rnrnВизијата е таа што го буди духот на Стрелецот. Таа го инспирира и ја храни неговата душа. Интересно е тоа што нему не му е важен крајниот резултат. Постигнувањето на целта никогаш не е приоритет за него. Тој бара авантура. Спонтаноста е дел од неговата личност и постојано го менува текот на работите. Стрелецот ја обожава возбудата предизвикана од откривањето на непознатото.rnrnЧестопати се вели дека Стрелецот најмногу од сѐ сака да патува, но постојат многу припадници на знакот кои го негираат тоа. Него најмногу го возбудува набљудувањето на светот што го опкружува. Светот е неговото игралиште исполнето не само со места, туку и со луѓе и идеи.rnrnСтрелците си одат ако им стане здодевно. Тие мразат повторувања и рутина. Доколку некогаш заглават на место каде што не можат да ги променат правилата на играта, нивниот оптимизам стивнува. Слободата е она што им е најпотребно. Тие никогаш не смеат да се почувствуваат како да се заробени во кафез. Стрелците се вистински истражувачи на кои им е потребен голем простор за да дишат слободно и да талкаат низ светот.rnrnНајголемиот визионер меѓу хороскопските знаци: Од ништо знае да направи нешто!rnrnШто се однесува до љубовта, Стрелците се многу комплицирани особено кога станува збор за сериозни љубовни врски. Вистината е дека самата помисла на врзување создава мачнина кај Стрелецот. Тоа не значи дека тој не е способен за сериозна врска, туку само дека му е потребна голема слобода. Некои луѓе се подготвени да му го пружат тоа, додека, пак, некои не можат. Клучот од срцето на Стрелецот се крие во способноста да му се даде доволно простор за повремено бегство. Доколку му е дадена таа можност, тој секогаш ќе се враќа кај саканата личност и никогаш нема да го напушти домот.rnrnУште еден важен елемент кој има големо влијание на квалитетот на врската со припадник на овој знак е визијата. Стрелецот сака кога може слободно да разговара за неговите соништа и тоа е единствениот начин на кој би можеле длабоко да се поврзете со неговото срце.rnrnНа Стрелецот му е потребен некој кој ќе го сослуша и кој ќе верува во него. Само покрај таква личност ќе се чувствува исполнето. Дајте му можност на неговиот дух да лета и ќе ја почувствувате неговата неизмерна љубов.

  • 20 причини зошто љубовната врска со Стрелец е секогаш добра идеја

    20 причини зошто љубовната врска со Стрелец е секогаш добра идеја

    Има ли нешто повозбудливо од тоа да си играте со оган? Овој огнен знак кој е под влијание на планетата Јупитер најмногу си одговара со Овен, Лав, Вага, Водолија и Стрелец, а не му одговараат Девиците и Рибите. Но, тоа не значи дека врската со нив не може да функционира, туку дека едноставно е потребно само мало прилагодување. Некои од повлијателните Стрелци познати во светот се Џејн Остин, Џими Хендрикс, Стивен Спилберг и Џеј Зи, што и не е така лоша екипа. Нивната авантуристичка природа и брз начин на живеење никого не може да остави рамнодушен, а ова се и 20-те причини зошто дефинитивно треба да се заљубите во Стрелец…rnrn20 причини зошто љубовната врска со Стрелец е секогаш добра идејаrnrn1. Познати се по нивната постојана желба за патување на нови, егзотични места. А кој не сака да оди на одмор? Само бидете подготвени да се пакувате во последен момент, бидејќи Стрелецот има многу идеи, а малку време за чекање, па ако се двоумите, може да отиде и без вас.rnrn2. Лесно се прилагодува на промени. Промените се постојани во љубовните врски, но за Стрелецот тоа нема да претставува проблем. Подготвен е на компромиси и адаптации, сѐ додека се задржи динамиката во врската.rnrn3. Познат е по неговиот љубопитен и енергичен дух. Нема нешто што не го интересира овој знак. Сака да знае сѐ и затоа е секогаш добро информиран за сите животни области. Можете многу да научите од него.rnrn4. Стрелците се многу интелигентни. Покрај тоа што имаат желба да учат нови работи, тие ја поседуваат и интелигенцијата која им овозможува да го апсорбираат целото тоа знаење. Поради тоа тие знаат убаво да се изразуваат и се одлични соговорници.rnrn5. Понекогаш знаат и да филозофираат. Обожаваат да истражуваат длабоки, филозофски теми за смислата на животот и постоењето на универзумот, така што бидете подготвени за долги разговори до раните утрински часови.rnrn6. Ако успеете да го заробите срцето на Стрелецот, засекогаш ќе биде ваше. Стрелецот можеби лесно ќе го освоите, но тешко е да го задржите. Ако успеете да го направите тоа, нема сомнеж дека засекогаш ќе остане така. Тие сакаат многу силно и длабоко.rnrn7. Тие се многу дарежливи, дури и кон оние што не го заслужуваат тоа. Секогаш можете да сметате на помошта од Стрелецот. Тој сака да ги споделува неговите работи со другите луѓе, без разлика дали му се блиски пријатели или не.rnrn20 причини зошто љубовната врска со Стрелец е секогаш добра идејаrnrn8. Познати се по нивната брутална искреност. Вистината не е за секого, но дали е лошо да се биде искрен? Понекогаш бруталната вистина е најдоброто нешто што можете да го направите за некого. Секогаш ќе знаете на што сте, ако сте во љубовна врска со Стрелец.rnrn9. Тие се родени лидери. Стрелците не се обидуваат со сила да ја преземат контролата и да шефуваат, туку тоа природно им доаѓа, а другите со задоволство се подготвени да ги следат поради нивната одлучност и посветеност.rnrn10. Понекогаш знаат да бидат премногу безгрижни, но знаат кога треба да бидат сериозни, а кога да се забавуваат. Точно е тоа дека Стрелците имаат слободен дух и не сакаат ограничувања, но сепак тие имаат свои принципи и стандарди кои нема да ги прекршат. Секогаш се подготвени на нови предизвици и ризици, но никогаш не би направиле нешто што би му наштетило некому.rnrn11. Стрелецот е хибрид од оптимизам и реализам. Тој не остава простор за песимизам. Кај него чашата е секогаш половина полна и знае да го извлече доброто од секоја лоша ситуација. Оптимист е, но не лета во облаци и се држи цврсто на земја. Токму поради неговите позитивни мисли без ронка песимизам, секогаш успева во остварувањето на неговите цели и луѓето велат дека е роден под среќна ѕвезда.rnrn12. Стрелците се екстроверти и ќе дадат сѐ од себе за да се зближат со луѓето што ви значат. Тие сакаат да запознаваат нови луѓе и имаат толку големо срце што можат да прифатат секого во нивно друштво. Поради забавната и досетлива природа на Стрелецот, тој набрзо ќе им стане омилената личност за дружење на вашите пријатели. Но, сепак, пред сѐ, ќе му биде важна врската со вас и таа секогаш ќе му биде приоритет.rnrn13. Стрелците ја ценат нивната независност. Тие никогаш нема да ве гушат или заробуваат во врската. Ја ценат нивната слобода и не очекувајте љубоморни и опсесивни испади од нив. И истото нема да го толерираат од ваша страна. Така што, ако сте љубоморни по природа, ќе морате да најдете начин да го контролирате тоа, бидејќи Стрелецот веднаш ќе бара начин да побегне доколку и за момент се почувствува заробено.rnrn14. Многу се слободоумни. Никогаш не ги осудуваат луѓето од прв поглед и не донесуваат избрзани заклучоци. Не ги делат луѓето според нивната етничка припадност, сексуална определеност или општествена класа. За нив сите луѓе се исти, сѐ додека се однесуваат како луѓе.rnrn20 причини зошто љубовната врска со Стрелец е секогаш добра идејаrnrn15. Стрелците се многу досетливи и нивните шеги ќе ве насмеат, но и поттикнат на размислување истовремено. Сарказмот им е најдобар пријател, но никогаш нема да го искористат за да ве навредат или повредат. Нивната смисла за хумор е малку необична, но кога еднаш ќе ја разберете, ќе почнете многу да ја цените поради нејзината досетливост и нема да можете да ги сопрете солзите од смеење.rnrn16. Сакаат креативни професии кои ќе им претставуваат предизвик. Кај Стрелците не е невообичаено да сменат повеќе професии пред да ја пронајдат вистинската. На тоа поле се малку нестабилни, но бидете подготвени да им ја дадете целата поддршка во што и да прават. Стрелецот ќе знае да го цени тоа и ќе ви биде благодарен.rnrn17. Стрелците не им придаваат значење на малите работи. Доколку мразите да се карате за безначајни ситници, тогаш Стрелецот е вистинскиот избор за вас. Стрелците никогаш нема да влезат во конфликт поради неизмиените садови или поради тоа кој ќе го фрли ѓубрето. Тие сакаат да направат толку многу работи, што немаат време да се расправаат за ситници.rnrn18. Стрелците се многу страсни и сензуални. Нема потреба од дополнително објаснување зошто ова е добра причина да се заљубите во Стрелец. Очекувајте експлозија од страст во креветот!rnrn19. Секогаш ќе ви бидат лојални. Стрелците никогаш нема да ве предадат или да кажат лош збор за вас пред другите. Стрелецот пред да ви биде партнер, ќе ви биде пријател, а пријателството е многу важно за опстанокот на врската.rnrn20. Брзо им досадува и тоа можеби ќе ве исплаши. На почетокот можеби ќе се плашите дека по еден месец ќе му здодеете на Стрелецот и тој ќе сака да премине на нешто ново, што до некаде е вистина. Но, гледајте на тоа од позитивен аспект. Сфатете го тоа како можност за постојани интересни промени и разбудете ја креативноста за да ја одржите врската секогаш свежа и возбудлива.

  • Дознајте на кој хороскопски знак му се отворени сите врати

    Дознајте на кој хороскопски знак му се отворени сите врати

    Знак на среќата, веселбата и егзотиката. Секогаш подготвен за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Нему му се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да го сопре. Се разбира дека станува збор за Стрелец. Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата.rnrnДознајте на кој хороскопски знак му се отворени сите вратиrnrnСтрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалак и музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба. Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако негува почит спрема традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела. Благодарение на неговиот натпреварувачки дух секогаш освојува бројни награди, медали и признанија.rnrnСоработката со други луѓе не му е баш најјака страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари. Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи.rnrnМеѓу претставниците на овој знак се музичките легенди како Френк Синатра и Тина Тарнер чиј постигнат успех сè уште трае и остава траги. Стрелецот силно верува во себе и своите способности, а добро познато е дека на тој што има силна верба сите врати му се отворени.

  • 9 причини зошто Стрелците можат да бидат вашите најдобри пријатели

    9 причини зошто Стрелците можат да бидат вашите најдобри пријатели

    Стрелците се оние луѓе кои секогаш кажуваат шеги на голема публика или пак, организираат комплицирано запросување за своите љубени. Нивните соништа се да патуваат низ светот и да ја откријат вистината за себе и својот живот. Нивниот елемент е огнот, а со нив владее Јупитер, правејќи ги поголеми од животот. Вие никогаш не можете да знаете што ќе добиете кога ќе се спријателите со Стрелец, но токму тоа е и забавното во ова пријателство. Еве ги 9-те причини зошто Стрелците се најдобрите пријатели во зодијакот.rnrn9 причини зошто Стрелците можат да бидат вашите најдобри пријателиrn

    1. Тие се спонтани, но промислени

    rnВие никогаш не знаете како ќе ви помине денот доколку покрај вас имате Стрелец. Вие можеби сте се договарале да одите во кино, но на крајот од вечерата големи се шансите дека ќе се најдете на луда журка каде што танцувате и се забавувате покрај непознати личности. Од друга страна, ако вие им ги промените плановите, тие воопшто нема да ви се налутат. Баш напротив, за нив пријателите се секогаш на прво место.rn

    2. Тие се расположени за сè

    rnИмате идеја за бизнис? Сакате да возите велосипед низ Европа? Стрелецот е подготвен со нетрпение да ја ислуша секоја ваша идеја, без разлика колку лудо или ризично звучи таа и да ве поддржи до самиот крај. Бидејќи тие се авантуристи и обожаваат слобода, можат да ве разберат кога вашите соништа ве водат на друго место. Едноставно пишете им и тие ќе се нацртаат покрај вас.rn

    3. Со нив никогаш нема драма

    rnСтрелците се отворени, искрени и директни. Тие не сакаат да играат игри, а ако правите нешто што ги нервира нема да зборуваат за тоа зад вашиот грб. Вистинскиот Стрелец веднаш ќе ви го каже проблемот, лице в лице, и нема да можете да одите никаде пред да го средите тоа и да станете повторно пријатели. Понекогаш со ова однесување тие можат да ги навредат луѓето, но доколку ги познавате ќе знаете дека тоа го прават со цел да нема тајни и драма помеѓу вас.rn

    4. Тие имаат голема среќа

    rnСтрелците се познати по нивната среќа. На нив едноставно им се случуваат добри нешта, а ако сте им пријатели тогаш големи се шансите дека и вас ќе почнат да ви се случуваат позитивни искуства. Причината поради која тие се толку среќни е затоа што имаат цврст карактер, неизмерен оптимизам и не се откажуваат додека не ги завршат работите.rn

    5. Тие се големи оптимисти

    rnКога сте покрај оптимистична личност, ова однесување има тенденција да се префрли и на вас. Стрелецот има уникатна моќ да повика насмевка на вашето лице, без разлика каков ден сте имале. Тие обожаваат да го гледаат доброто во луѓето и ситуациите и затоа знаат точно како да го искористат. Стрелците имаат опуштено размислување кога станува збор за исходот, бидејќи знаат дека со тек на време сè ќе си дојде на своето место. Токму овој совет е тој кој тие постојано им го кажуваат на другите.rn

    6. Тие се големи филозофи

    rnВие во секое време можете да имате длабок разговор со Стрелец. Без разлика на фактот што се малку материјалисти, тие никогаш не можат да престанат да размислуваат за значењето на нештата. Стрелците по природа се трагачи по вистината. Токму затоа и љубат да теоретизираат за животот и космосот. Па, доколку сакате длабока тема на разговор наместо авантура, тие повторно ќе бидат покрај вас.rn

    7. Тие исто така се и многу интелигентни

    rnНивните филозофски размислувања имаат тенденција да им овозможуваат жед за знаење. Кога Стрелците се заинтересирани за одредени теми, тие читаат илјадници статии и книги со цел да научат нешто повеќе од тоа што веќе го знаат. Ова е една од причините и зошто се одлични кога станува збор за натпревари со факти.rn

    8. Тие се забавни

    rnСтрелците никогаш не ја гледаат негативната страна на ситуациите. Токму затоа и без разлика на тоа што се случува, тие во секое време можат да кажат шега која ќе ги смири нештата. Од друга страна пак, тие на сите потешкотии гледаат како добри приказни кои можат подоцна да бидат раскажани. Накратко, Стрелецот е забавниот пријател на кој секогаш можете да сметате дека ќе ја претвори здодевната ситуација во нешто навистина забавно. Нив сè им е шега.rn

    9. Не се откажувајте од нив и тие нема да се откажат од вас.

    rnНајистакнатата карактеристика на Стрелецот е лојалноста. Пријателството е еден од најважните аспекти од нивниот живот, па токму затоа и би направиле сè за своите пријатели. Тие секогаш ќе бидат покрај вас, дури и во најтешките моменти, до крајот на животот.

  • 15 работи кои само Стрелците можат да ги разберат

    15 работи кои само Стрелците можат да ги разберат

    Стрелецот е највеселиот и најоптимистичниот знак во целиот хороскоп. За нив депресивен ден скоро и да не постои. Креативни, полни со идеи и секогаш иновативни, Стрелците се луѓе кои секој би сакал да ги има покрај себе.rnrn1-15-raboti-koi-samo-strelcite-mozhe-da-gi-razberat-www.kafepauza.mk_rnrn1. Тие сакаат да подаруваат разни подароци, па затоа не чудете се ако добиете подарок од некој Стрелец, иако сте го запознале неодамна. Тие ги сакаат луѓето и сакаат да им измамат насмевка на лицето, па затоа подарувањето им е омилен начин за да успеат во тоа. А понекогаш самата насмевка е голем подарок, нели?rnrn2. Кога сите нивни пријатели се тажни и нерасположени, Стрелците се спротивно од нив. Иако ова може да предизвика нервоза кај нивните пријатели, тие нема да го сменат начинот на кој гледаат на светот – преку розови очила.rnrn3. Стрелците се вечни мислители! Тие сè што направиле или кажале веќе го испитале и испланирале во својата глава и никогаш нема да бидат задоволни.rnrn4. Не сакаат да губат, па запомнете го ова ако се натпреварувате со нив. Стрелците не сакаат да губат ниту во животот, па затоа ќе се борат до последен здив за она што сакаат да го добијат.rnrn5. Покрај тоа, Стрелците може да бидат неверојатно упорни и тврдоглави, особено ако им криете нешто. Мораме да ве предупредиме – помирете се со фактот дека на крајот на свој начин ќе ве натераат да им признаете се.rnrn6. Познати се по тоа што носат вино на заедничките собирања, бидејќи не се успешни готвачи. Затоа ја избегнуваат кујната и се држат до посигурни нешта.rnrn2-15-raboti-koi-samo-strelcite-mozhe-da-gi-razberat-www.kafepauza.mk_rnrn7. Никогаш не им е јасно како на нивните пријатели понекогаш може да им биде досадно. Па, има толку многу интересни работи околу нас за да ни биде досадно.rnrn8. Тие со задоволство ќе започнат разговор на која било тема, бидејќи тие не можат да живеат во сомнеж. Најубаво е се да им кажете јасно и гласно отколку приказната да се продолжува во недоглед.rnrn9. Стрелците се неверојатно креативни, па нека не ве чуди кога ќе ви кажат дека во глава им се вртат 900 идеи од кои половина се веќе започнати, а некои реализирани. Тие едноставно не можат да живеат, а да не прават ништо.rnrn10. Стрелците не знаат да ги скријат своите емоции. Ако ви се лутат, јасно ќе може да го забележете тоа. Исто така ако се заљубени или пак среќни, ќе може да ги прочитате како отворена книга.rnrn3-15-raboti-koi-samo-strelcite-mozhe-da-gi-razberat-www.kafepauza.mk_rnrn11. Никогаш не се задоволни со себе, дури иако некој постојано им доделува комплименти. Тие секогаш мислат дека можат подобро од тоа.rnrn12. Стрелците се малку нетактични кога се во прашање соопштувањето на лоши вести, а такви се и кога некој друг треба да им соопшти таква вест.rnrn13. Тие секогаш сакаат да бидат во право! Никогаш нема да се караат со вас, но тие се оние кои на крајот ќе стават точка на разговорот.rnrn14. Стрелците се многу хумани. Тие ќе му помогнат на секого на кого му е потребна помош.rnrn15. Стрелците не сакаат да доцнат, и мразат кога другите го прават тоа. За нив чекањето е пекол, па затоа кога треба да се сретнете со нив бидете дојдени на време, а нема да згрешите ако подранете.

  • Роденденски подарок за вашата партнерка Стрелец

    Роденденски подарок за вашата партнерка Стрелец

    Автор: Зорица ТодороваrnrnСтрелецот е деветтиот знак од астролошкиот календар и ги вклучува оние родени помеѓу 22-ри ноември и 21-ви декември. Секогаш спремни за забава, полни со идеали и љубов спрема слободата, жените во овој хороскопски знак се одлични партнерки за врска од каков било вид. Затоа ако го барате совршениот подарок за вашата поубава половина, ви даваме неколку одлични предлози.rnrn0-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mkrn

    1. Ден исполнет со забава

    rnЖената Стрелец е полна со енергија, што не треба да ве изненади имајќи предвид дека елементот кој владее со нејзиниот знак е огнот. Во таа смисла, вашата партнерка ќе цени сè што е исполнето со адреналин и акција. Однесете ја во дискотека или забавен парк каде може целосно да се препушти на добрата забава. Нејзиниот авантуристички дух ќе биде воодушевен од параглајдерство или банџи-скокање во кое ќе учествувате и двајцата. Ако сметате дека ноќ во казино е добра идеја, размислете повторно: Стрелците понекогаш знаат да бидат импулсивни и не секогаш се водат од здравиот разум кога станува збор за игрите на среќа.rnrn1-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mkrn

    2. Моќта на идеите

    rnПокрај тоа што се љубители на забавата, повеќето Стрелци сепак имаат изразена филозофска страна. Нивната водечка планета е Јупитер што ја објаснува нивната преокупација со големите животни прашања и способноста за мудри одлуки. Книгите се природниот избор за личности чиј интелект е сестран исто колку што е и прогресивен. Одберете ги најзначајните дела од познати филозофи, социолози, хуманисти и политички реформисти и мислители. Во комбинација со книгите може да организирате да присуствува на предавања од некој познат писател или да ја однесете на работилница за прогресивни идеи и иницијативи.rnrn2-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mkrn

    3. Патување

    rnМожеби најлесниот начин да ја задоволите жената Стрелец е да ѝ подарите одмор. Ниту една дестинација не е премногу здодевна или опасна за неа, таа едноставно обожава да го спакува својот куфер и да отпатува. Однесете ја на викенд на место кое досега не го посетила или едноставно качете се на авион до најблиското место заради самата возбуда од летањето. Доколку сепак не можете да си дозволите одмор, подарете ѝ некоја игра поврзана со патувања и егзотични дестинации која ќе ја оттргне од секојдневието. Исто така може да ја изненадите со прекрасен старомоден компас или атлас.rnrn3-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mkrn

    4. Нешто персонализирано

    rnАко сакате вашиот подарок да биде романтичен, одберете парфем кој најдобро го изразува слободниот дух на вашата партнерка. Барајте мириси со овошни, цитрусни ноти како „Miss Dior“ на Диор или „Gossip“ на Синди Адамс. За оние жени кои обожаваат накит, барајте уникатни парчиња со нејзиниот омилен камен.rnrn4-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Роденденски подарок за вашиот партнер Стрелец

    Роденденски подарок за вашиот партнер Стрелец

    Автор: Зорица ТодороваrnrnМажите родени во овој хороскопски знак се полни со живот и енергија, отворени и пред сѐ, веруваат во гледање од посветлата страна на работите. Одбирањето на вистинскиот подарок за вашиот партнер ќе биде едно интересно и исплатливо искуство, а еве ги нашите идеи.rnrnrodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrn

    Забава, забава, забава

    rnСтрелецот е хороскопски знак кој обожава забава, затоа вашиот партнер ќе цени каков било подарок со доза хумор. Може да најдете маица со интересна апликација или досетлива порака; специјално издание на дивиди од класична комедија како Чаплин, а доколку и двајцата сакате да се дотерувате и излегувате, одведете го на стенд-ап или хумористична претстава во театар. Каква било книга која го потенцира позитивниот поглед на светот и животот исто така би бил одличен подарок.rnrn1-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrn

    Авантуристички спортови

    rnШто било што ќе му го зголеми адреналинот на вашиот партнер е добредојдено. Стрелците обожаваат физички напорни активности бидејќи ги прошируваат границите на она што е лесно и човечки возможно. Одете на јавање или параглајдерство, а ако таквите активности ги нема во вашето место на живеење, одведете го на спортски настан на кој игра неговиот омилен домашен тим. Може да организирате дури и планинска прошетка или кампување, сите Стрелци се љубители на природата. Сепак, бидејќи роденденот на вашиот партнер се паѓа во зимските денови, ски-патување би било најдобриот избор.rnrn2-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrn

    Игри на среќа

    rnЗа разлика од жените Стрелци, машкиот дел од популацијата повеќе може да се контролира и да се води од здравиот разум кога станува збор за игрите на среќа. Вашиот партнер ќе биде воодушевен да помине возбудлива вечер во казино! Ако можеби не сакате да поттикнувате вакви потенцијално опасни навики, едноставно одлучете се за конзола со видео игри која исто така ќе ја задоволи неговата желба за преземање ризици.rnrn3-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrn

    Патување

    rnАко не располагате со доволно финансии за авионски билети и хотелски резервации, сѐ уште можете да ја задоволите љубовта за патувања на вашиот партнер со некој поскромен подарок. Може да му купите квалитетен куфер или ранец, да му подарите годишна претплата на неговото омилено списание или книга со егзотични локации и места кои треба да се видат која ќе му помогне да го испланира своето следно патување. Во тоа исто така ќе му помогне и комбинација од лаптоп, дигитален апарат и појас за пари.rnrn4-rodendenski-podarok-za-vashiot-partner-strelec-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци дека сте апсолутен Стрелец во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутен Стрелец во хороскоп

    Последните 30 дена од есента се резервирани за Стрелците. Ова се 10 карактеристики кои ве прават „Стрелец со тапија“ и кои се истовремено и добри и не толку добри, зависно од ситуацијата. Но, важно е да се прифатиме себеси и да ги совладуваме нашите недостатоци, нели?rnrn10 знаци дека сте апсолутен стрелец во хороскопrn

    1. Директни сте и веднаш сте спремни да се спротивставите во конфликтна ситуација

    rnЗошто па да си го губите времето. Некогаш, ако не сте баш внимателни како се изразувате или кога разговарате со почувствителни луѓе, ова може да се сфати како дрско и безобразно однесување. Сепак, директноста е и добра особина која понекогаш ви користи што ја имате.rn

    2. Неуморни сте, постојано барате нова авантура

    rnСтрелците понекогаш сакаат да бегаат од работите за да можат да јурат барајќи нови авантури. Но, оваа особина истовремено ве прави адаптибилни на промени.rn

    3. Многу сакате да давате великодушни подароци, што понекогаш дури знаете да претерате

    rnНо што да се прави кога пакувањето и завиткувањето подароци е толку забавно!?rn

    4. Вечни оптимисти

    rnНе дека и вие понекогаш не станувате цинични, но при тешки ситуации многу побрзо се враќате во нормала од другите луѓе.rn

    5. Домаќинските работи не ви се силна страна

    rnМожеби сепак сте успееле да го совладате избегнувањето на домаќинските и особено кујнските работи. Ако е така, браво за вас – успешно сте ѝ се спротивставиле на природата.rn

    6. Не сте баш најфлексибилни

    rnКога работите во групи или пак под надзор на претпоставен кој не го почитувате знаете лесно да се исфрустрирате и да се налутите. Сакате постојано вие да ја имате контролата. Но, за жал, ова не е секојпат возможно.rn

    7. Вие сте интроспективна личност која сака да работи на своето себеподобрување

    rnОва е одлична карактеристика, но поради тоа често може да им делувате отсутно на другите луѓе.rn

    8. Многу високо ги вреднувате младоста и слободата

    rnОва може да ви направи проблем да се смирите и средите, но Стрелците истовремено се и одлични во исполнување на задачите кои ќе намислат да ги завршат.rn

    9. Со вас не е многу забавно да се играат друштвени игри и групни спортови

    rnНе дека вие сакате да победувате, вие МОРА да победувате.rn

    10. Вие сте мудри луѓе на кои другите им веруваат и имате моќ да ги сфаќате другите луѓе

    rnИсто така и си имате потреба често да кажувате: Нели ти реков? Ти реков ли?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.