Мажите родени во хороскопскиот знак Стрелец се весели, палави, забавни и паметни личности. Некои од нив се големи „филозофи“, други се шегаџии, трети се комбинација од претходните две, но во секој случај стрелците поседуваат еден куп интересни карактеристики поради кои не можете, а да не ги сакате. Тие не можат да останат на едно исто место долго време и се секогаш во потрага по некоја нова авантура која ќе им го забрза пулсот на срцето. Во продолжение следуваат карактеристики кои ги одбележуваат машките стрелци.rn
Вешти и брзи
rnОвие мажи се агилни и во телото и во умот. Секогаш се подготвени да научат нови работи, да се усовршат во спортовите и снаодливо да се извлекуваат од напнати и „затегнати“ ситуации. Тие се вешти и паметни личности, кои сакаат добро да се запознаени со одредена тема, пред да се вклучат во дискусија за истата.rnrn
rn
Филозофи
rnСтрелците се познати по тоа што за себе мислат дека се непогрешливи и сакаат да го споделуваат нивниот филозофски поглед кон животот на секој што ќе им „влета“ на патот. Ако сакате да освоите некој Стрелец, остварете контакт со очи и за кратко тој ќе почне да ве распрашува од каде сте, кои сте, што правите таму и сл. Откако ќе ги прецизира податоците кои му се потребни за вас, тој ќе побара ваше мислење за одредена тема и кога ќе се обидете да го лансирате вашиот став, тој шармантно но вешто ќе ве пресече додека зборувате и ќе ви го побие вашиот став со сопствениот. Вие дури нема ни да го забележите тоа, бидејќи ќе бидете обземени од неговиот добар изглед, шармантна насмевка и вулканска пасија за стекнување знаење и вештини.rnrn
rn
Забавни личности
rnНекоја привлечна енергија секогаш кружи околу Стрелецот. Тој не само што успева да пронајде забава во сè, туку обожава да ги развеселува и расположува другите луѓе.rnrnНишто не го депримира Стрелецот повеќе од намуртени луѓе. Тој веднаш ќе почне да се однесува будалесто и ќе проба да ве насмее за да ви го подобри расположението, но ако не му успее, тој ќе се повлече. Стрелецот не гледа поента во залудно потрошеното време со вас, ако вие го влечете со вас во меланхолично расположение. Тоа е последното нешто кое тој го сака.rn
Стрелецот на љубовен план
rn
Многу арно не е на арно
rnАко вашето момче е Стрелец, по извесно време може да почнете да чувствувате дека оние работи кои најмногу ви се допаѓале кај него на почетокот, се истите кои сега „ве вадат од кожа“.rn
- rn011
- Неговата темпераментност може да почне да ве нервира: „Зошто никогаш не можеш да седиш мирно?“
- Од неговите филозофски реченици може да посакате да врискате: „Зошто не можам да добијам конкретен одговор?“
- А неговата авантуристичка страна, може да се претвори во прашања од ваша страна од типот: „Зошто никогаш не знаеш да бидеш сериозен?“
rn011
rn011
rn
rn
rn
Тајминг
rnПромената во однесувањето на Стрелецот настанува кога врската се задлабочува и односите стануваат посериозни. Ништо нема да направи Стрелецот побрзо да избега од својот партнер, од сериозното приврзување. Последно нешто кое сака да му се случи на љубовен план, е од брз тигар да го претворите во куќен мачор. :)rn
Неговото срце може да се освои
rnЗа да го освоите овој човек, потребно е да го примамите со ветување дека никогаш ништо нема да се смени, дека вие двајца секогаш ќе се забавувате, ќе бидете безгрижни и подготвени за секој предизвик кој ќе ви застане на патот. Доколку успеете да направите тој да се почувствува дека врската со вас ќе биде најзабавното и највесело животно патување, Стрелецот ќе има волја да се „врзе“. Патот до освојување на неговото срце не е лесна задача, но ако се потрудите често да ја одржувате насмевката на вашето лице кога сте со него, тој ќе почне да се фаќа на мамката. Верувајте, ова момче е вредно за да се потрудите околу него.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
