Формирањето пријателство помеѓу девица и стрелец е голем предизвик за двата знака. Како прво, стрелецот секогаш гледа широко на работите, а девицата се фокусира на најситните детали. Стрелецот е најчесто релаксиран, а девицата е вечно напната. Стрелецот е безгрижен, а девицата е многу внимателна.rn
И покрај големиот број карактерни разлики, овие пријатели сепак имаат и нешто заедничко – почит кон искреноста. Девицата е личност која ќе цени доколку ù кажете дека качила неколку килограми. Исто така, стрелецот нема да се навреди доколку девицата му потенцира дека треба да го доработи уште малку проектот, за да биде подобар. Двата знака се екстремно интелигентни и обожаваат да дискутираат за книги, политика или да ги озборуваат холивудските ѕвезди.rnrnИ покрај тоа што девицата ја обожава непресушната желба на стрелецот за учење нови работи, сепак не може да сфати зошто е секогаш толку енергичен и немирен. На ист начин, стрелецот се збунува од потребата на девицата да ги анализира сите битни и небитни работи до најситен детаљ. Доколку секој од овие пријатели може да ги прифати карактеристиките на нивниот другар, ќе можат да оформат силно пријателство.rnrnДевицата треба да му дозволи на стрелецот да ги прошири нејзините хоризонти. Тој е секогаш расположен да ја однесе во некој егзотичен ресторан или да ја придржува на патување со брод. Од друга страна, стрелецот ќе ù биде благодарен на девицата ако му даде некој практичен совет или да го научи како да биде поорганизиран и поефикасен.rnrnОвие пријатели имаат голема љубов кон животните, па може да уживаат грижејќи се за некое домашно милениче. Може да наоѓаат и големо задоволство во уметничкото цртање, сликање и учењето странски јазици.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Стрелец и девица – пријателска комбинација
