Здружувањето на две личности родени во знакот Стрелец, претставува апсолутно задоволство за секој од нив, бидејќи е навистина големо олеснување што конечно пронашле некој со кој можат да ја споделат љубовта кон авантурите. Доколку сте резервирале авионски лет за пат накај Средниот исток, не очекувајте да добиете предупредувачки совет од претставник на овој знак дека таму има терористички напади. Всушност, поголема е веројатноста тој да ви предложи да најдете уште некој да дојде со вас, за да имате со кој да ги делите трошоците за хотелска соба.rnrn
rnrnСтрелците кои се дружат, најверојатно поминуваат многу часови во домот на некој од нив, муабетејќи на разни теми, до раните утрински часови. Овие личности исто така, сакаат да ги искористуваат животните за своја полза, па најверојатно ќе уживаат лежејќи на софа изработена од природна кожа или на крзнена прекривка.rnrnФакт е дека ниеден од овие пријатели не обожава да се извинува кога ќе погреши. Најдобар начин да ги „израмнат“ нивните недоразбирања и кавги, е со будалести кикотења за некои обични работи. Инаку Стрелците секако дека имаат многу заеднички интереси, како јавање на коњ, кампување, учење странски јазици и политика.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
