КАФЕ ПАУЗА

Category: Риби

  • 5 причини зошто луѓето родени во знакот Риби даваат најдобри совети

    5 причини зошто луѓето родени во знакот Риби даваат најдобри совети

    Рибите се последниот знак во Зодијакот и поседуваат многу позитивни особини. Тие се интересни, забавни, добродушни и интуитивни. Секако дека имаат и свои негативни страни, меѓутоа кога ќе ја запознаете вистинската личност родена во знакот Риби, можете да бидете сигурни дека таа секогаш ќе биде тука за вас. Ова се 5-те најголеми причини зошто треба да им се обратите на Рибите во вашиот живот доколку имате некаков проблем…rnrn5 причини зошто луѓето родени во знакот Риби даваат најдобри советиrn

    1. Тие се добродушни и внимателни

    rnРибите имаат многу големо и грижливо срце. Тие знаат како да направат да се чувствувате посебно. Рибите навистина се трудат да завладее добрината во светот и сакаат да им помагаат на другите. Припадниците на овој знак се подготвени да поминат преку брда и планини за луѓето што ги сакаат. Тие се неверојатни слушатели и секогаш ќе можат да ве разберат, мотивираат и утешат со нивните зборови. Ако се чувствувате лошо, Рибите со сигурност ќе можат да ве расположат и да ве потсетат на вашите позитивни особини и лична вредност.rn

    2. Тие се многу сочувствителни

    rnСочувството е многу ретка особина што малкумина ја поседуваат. Станува збор за социјална вештина која само најпосебните личности можат да ја усовршат и применуваат. Рибите се емоционално интелигентни и тие можат да ја почувствуваат болката што се крие во зборовите. Можат да се стават себеси на туѓо место и да ги разберат чувствата и мислењата на пријателот кој им се обратил за помош. Тие ќе ви пружат поддршка без да ве осудуваат. Според нив, сочувствителната поддршка е многу повлијателна од острите критики.rn

    3. Нивната интуиција е неверојатна

    rnРибите се познати по нивната спиритуална енергија. Тие многу добро ги читаат луѓето и честопати знаат што ќе кажат уште пред изустат збор. Тие можат точно и прецизно да предвидат како ќе завршат одредени ситуации и врски. Рибите веднаш знаат дали им се допаѓа некоја личност или не и тие не можат да глумат во љубовните и пријателските врски. Токму затоа нивното разбирање е искрено. Тие никогаш не би можеле да се преправаат дека се грижат за вас. Тие се толку многу интуитивни што секогаш можат да ги прочитаат потребите на љубовниот партнер. Освен тоа, знаат како и да ги насочат луѓето на вистинскиот пат.rnrn5 причини зошто луѓето родени во знакот Риби даваат најдобри советиrn

    4. Тие даваат најдобри совети

    rnТокму поради тоа што се многу интуитивни, Рибите ќе ви го дадат најдобриот совет врз основа на вашиот карактер и однесување во минатото. Тоа значи дека нивниот совет никогаш нема да звучи како да сте го чуле од некој клише мотивациски говор. Рибите се мудри и знаат како треба да постапат во секоја можна ситуација. Припадниците на овој знак можат да проценат како ќе реагирате и ќе ви помогнат да сфатите дека импулсивното однесување е секогаш лош избор. Тие ќе ви помогнат да ги откриете вашите потреби и да ги остварите. Нивната нежна љубов е вистинска и ефективна.rn

    5. Тие сакаат безрезервно

    rnРибите чуваат многу љубов во себе и не се плашат да ја искажат и покажат. Тие ќе ви кажат дека изгледате одлично ако им се допаѓа вашиот избор на облека. Нема да им биде пријатно да ја изјават нивната љубов и постојано ќе ве потсетуваат на неа со зборовите „Те сакам“. Рибите сакаат да шират љубов во светот, не само со зборови туку и со внимателно одбрани подароци. Тие ќе се однесуваат со вас онака како што тие би сакале да се однесувате со нив, бидејќи потајно се надеваат дека ќе ја добијат љубовта што безрезервно ја даваат. Љубовта ги надополнува Рибите и тие се во постојана потрага по нивната сродна душа.rnrnНежната и грижлива природа на Рибите ќе ви помогне да се отворите и да ги искажете вашите скриени емоции. Ценете ги Рибите во вашиот живот, бидејќи тие секогаш ќе бидат тука за да ве поддржат и да ви помогнат да ги совладате пречките на патот.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за овој неверојатен хороскопски знак, откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби

  • Мистериозни сонувачки: Откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби

    Мистериозни сонувачки: Откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби

    Нежна, грижлива, сензуална, сензибилна, интуитивна, интровертна, пожртвувана, сочувствителна, сентиментална, дружељубива, топла, романтична, лојална, фантазер – сите овие особини ги красат жените Риби. Нејзината мисија на овој свет е да им помага на другите. Исклучително е чувствителна на потребите на другите – во денешниот свет на земање, неа ѝ е поважно да дава, но не дозволува кој било да ја искористува нејзината добрина и вечната подготвеност да помогне. На прв поглед изгледа смирена, но во својата природа крие голема страст и чувствителност.rnrn3-misteriozni-sonuvachki-otkrijte-sѐ-za-devojkite-rodeni-vo-znakot-na-ribi-www.kafepauza.mk_rnrnЉубопитно набљудува и анализира сѐ што се случува околу неа, но и она што се случува во луѓето и во сето тоа бара подлабока смисла. Животот без духовност за Рибите не може да се замисли. Таа е најголемиот сонувач во целиот зодијак, и способна е многу брзо од реалниот свет да побегне во сопствениот свет на соништа во кој може да биде сѐ што ќе посака. Некои сметаат дека така бега од своите проблеми, други пак веруваат дека пронашла креативен начин на кој се носи со проблемите.rn

    Љубов и секс

    rnНишто друго не ѝ дава на жената Риби поголемо чувство на целост од тоа кога е заљубена. По природа е срамежлива и нема ништо против тоа да има доминантен партнер, односно да биде „покорна“ во љубовната врска. Најголема среќа за неа е да угодува на саканата личност. Тајното оружје на Рибите во заведувањето е дека изгледаат недостапни и резервирани, бидејќи знаат дека така ќе делуваат мистериозно и ќе направат нивниот додворувач да ги сака уште повеќе. rnrnПацифист е, односно сака опуштени љубовни врски во кои нема потреба за караници и препреки. Нејзин идеален партнер е оној кој ја инспирира, штити, и кога е потребно, да ја спушта на земја од своите фантазии. Великодушна е и емоционално и сексуално, па и во креветот ќе сака да му угоди на партнерот. Нејзината страст дополнително ќе ја разгорат свеќите, ливчињата ружи по креветот, сензуалната музика, односно сето она кое ќе придонесе за романтична атмосфера во спалната соба.rn

    Пријателство

    rnТаа е лојална пријателка на која добрината и среќата на луѓето кои ги сака ѝ се поважни од сопствената добрина и среќа. Жената Риби секогаш е тука за своите пријатели и кога било таа ќе им биде потпора и рамо за плачење. Таа е најгрижливиот пријател кој некој може да го има. rnrnБлагодарение на силно изразената интуиција ќе знае како нејзиниот пријател се чувствува пред тој самиот да ги сфати сопствените чувства. Но, одеднаш може да изгледа како да ги избегнува своите пријатели! Тоа не треба да го сфатите лично. Всушност, на Рибите им треба време и за себе, а бидејќи тешко велат „не“, подобро само ќе се повлечат отколку на својот пријател да му кажат „не“. Откако ќе ја задоволат својата потреба за самотија, повторно со раширени раце ќе ги дочекаат луѓето за кои најмногу се грижат.rn

    Изглед

    rnОна што прво ќе го забележите на жената Риби е шармантната насмевка, волшебно големите поспани очи, скоро хипнотизирачкиот поглед и мелодичниот глас. Често изгледа замислено и како да гледа во далечина. Таа има просечна висина и градба, а не е невообичаено и жената Риби да има некој килограм повеќе што е само дополнителен плус за нејзината женственост и сензуалност. rnrnЦелиот нејзин надворешен изглед дава впечаток на мистериозност, благонаклоност и смиреност, а способна е да изгледа поразлично секојпат кога ќе ја видите. Може да има необични или чудни стапала кои ѝ се и најрамната точка на телото, поради кои треба внимателно да ги чува. Обично доста долгата и свиленкаста коса е нејзината гордост и луѓето често ја молат да не се пострижува.rnrn5-misteriozni-sonuvachki-otkrijte-sѐ-za-devojkite-rodeni-vo-znakot-na-ribi-www.kafepauza.mk_rn

    Стил

    rnПоради нејзината етеричност и љубовта кон разлетаните работи кои не ја попречуваат, но и припадноста на групата на водени хороскопски знаци, жената Риби сака да изгледа како морска сирена. Во нејзиниот гардеробер преовладува облека од меки и проѕирни материјали како што се памук, тул и свила, а го носи само она во коешто се чувствува удобно и скоро е невозможно да ја видите во премногу струкирана и сериозна облека. Всушност таа сака стил каква што е таа самата – лишен од грубост и строгост. rnrnОбвиена со својата етеричност, жената Риби често воопшто не е свесна колку всушност е секси. Она во кое сака да претерува се модните детали, а нејзини фаворити се украсите од бисерни школки и сето она што има светки и што сјае. Обожава накит кој се носи на необични места, како што се украсите за нога, прстените за ножни прсти и нетипичните украси за коса. Совршено ѝ прилегаат сите бои на морето – сина, зелена, тиркизна… Фанатична е кон обувките кои често и ги собира. Поголемиот дел од Рибите имаат прекрасна коса, па затоа им одговараат различни фризури и бои на коса.rn

    Стил на купување

    rnТаа најмногу ужива во купување козметички производи за нега и хигиена, беспрекорно е запознаена со понудите во маркетите, поради што секогаш ќе знае да им даде совет на другите што да купат за украсување на бањата. Нејзините омилени места за купување се нетрадиционалните, модерни трговски центри, односно местата со егзотични и еклектички работи, па не е реткост да ја видите како купува од сајтови. Кога е на шопинг, сака да чепка по работите и сѐ да прегледа со цел да пронајде нешто необично или оригинално.rn

    Најпознатата стилска икона во знакот Риби

    rnПровокативна и дрска, а сепак нежна и сензуална, поп принцезата Ријана на 20 февруари го славеше својот 29 роденден. Со знакот на Рибите владее планетата Нептун која се поврзува со гламурот, уметноста и создавањето илузија, а зарем сето ова не ја опишува токму оваа славна ѕвезда? И покрај тоа што сака да провоцира со своите разголени модни комбинации, како што и самата признала, гордо го покажува своето убаво, сензуално тело. Таа е една од медиумски најследените ѕвезди, но и покрај сè, Ријана успеала да ја сочува онаа доза мистериозност која е типична за Рибите.rnrn6-misteriozni-sonuvachki-otkrijte-sѐ-za-devojkite-rodeni-vo-znakot-na-ribi-www.kafepauza.mk_rnrnРијана ја красат и прекрасни „поспани“ очи, исто така, кои се типични за Рибите, а волшебни очи имала и уште една дама која е родена во знакот Риби – Елизабет Тејлор. Рибите со вродена нежност и топлина зрачат, а за тоа најдобар пример се и Ева Лонгорија, Дру Баримор, Ева Мендез, Наталиа Водианова, Каролина Куркова, Емили Блант и Џенифер Лав Хјуит. Парфемите кои се како создадени за жената Риби мирисаат на солена вода, гарденија и маргаритка, како што е „Daisy“ од Марк Џејкобс, „Diorissima“ од Кристијан Диор и „Crystal Noir“ со потпис од Версаче.

  • Сезона на Рибите: Што ви кажува хороскопскиот знак за вашиот љубовен живот?

    Сезона на Рибите: Што ви кажува хороскопскиот знак за вашиот љубовен живот?

    Дали вашите хороскопски знаци се компатибилни? Како да ви успее врската со одреден хороскопски знак? Вашиот љубовен хороскоп ви помага да ја разберете романтиката преку објективот на астрологијата. Еве што тој има да ви открие во сезоната на Рибите.rnrnСезона на Рибите: Еве што ви кажува хороскопскиот знак за вашата љубовна врскаrnrnРибите се романтични знаци и тие сакаат да бидат вљубени, барем теоретски. Управувани од Нептун, планетата на фантазијата, личностите родени во овој знак сакаат да бидат обземени од романтиката. Гламурозните Риби владеат со имагинацијата и тие сѐ прават исполнети со магија и фантазија. Овие личности се нежни и чувствителни и честопати нивните пријатели се потпираат на нив. rnrnРибите се претставени со две риби кои пливаат во спротивни насоки, па ова го покажува нивниот пристап кон љубовта. Овие личности вечно се во потрага по партнер со кој ќе може да си обезбедат и сигурност и слобода, а може да бидат збунети кога нема да ја најдат оваа комбинација. Личностите родени во знакот Риби може една секунда да бидат реалисти, а потоа веќе наредната очајно да избегаат во светот на фантазијата. Од таа причина, реалноста не им е многу омилен дел, па понекогаш би направиле сѐ со цел да ја избегнат. rnrnНа пример, тие може бескрајно да се жалат за тоа како нивниот партнер се однесува лошо кон нив. Потајно, тие сакаат драматизирања, сѐ додека тоа го поттикнува пламенот на нивните фантазии. Ова може да ги збуни нивните пријатели, но и покрај тоа што ги критикуваат луѓето, Рибите повторно се враќаат во нивните раце, додека некој подобар не им излезе на патот.rnrnКако и рибите кои го симболизираат овој хороскопски знак, овие личности директно пливаат до следната личност. Личностите родени во знакот Риби самите си се најлоши непријатели во љубовта и тие може да се сомневаат во својот вкус за партнери. Нив ги привлекуваат луѓе со темна страна, но секој кој има да раскаже некоја горчлива приказна, може да им го стопи срцето. rnrnНе е чудно што Рибите понекогаш може да се измачуваат и себеси. Но, тоа не е целосно нивна вина. Нивната владејачка планета Нептун е маглива, водена планета каде што е тешко да се каже што е реално. Понекогаш овие личности не знаат и не се сигурни кому или во што да веруваат. Мудрите Риби учат да зачекорат назад и да ја видат реалноста пред да направат некои големи чекори. Нивниот најголем предизвик е тоа што директно го бараат од нивниот партнер она што им треба, наместо да бидат тивки и да стануваат агресивни кога ќе бидат несреќни. Тие знаат дека никој не може да го прочита нивниот ум, па нивниот партнер не може да знае кога тие се повредени.rnrnОвие личности може да „пливаат“ од една во друга љубовна врска, наместо да останат во онаа што веќе ја имаат. Интуицијата им помага да ја чувствуваат болката на другите, а нивната креативност, желбата да го направат светот подобро место и љубовта кон сите животни, ги прави неверојатни.rnrnПогледнете ги и овие 8 причини зошто треба да се заљубите во жена која е Риби во хороскоп!

  • Фатален, посебен и незаборавен: Хороскопскиот знак што засекогаш ќе ви остане во мислите

    Фатален, посебен и незаборавен: Хороскопскиот знак што засекогаш ќе ви остане во мислите

    Откако еднаш ќе се обидете со овој знак, треба да знаете дека нема враќање назад. Дури и ако вашите патишта се разделат, тој секогаш ќе биде присутен во вашата глава. Станува збор за Рибите! Без разлика дали се мажи или жени, треба да знаете дека тие се фатални. Рибите се еден од најмистериозните и најромантичните знаци во Зодијакот. Така, тие може да ги збунат, а истовремено и да ги плашат своите партнери.rnrnФатален, посебен и незаборавен: Хороскопскиот знак што засекогаш ќе ви остане во мислитеrnrnРибите се горчливо слатки, затоа што иако нивната љубов може да ве фасцинира, тие знаат да бидат и премногу напорни. Сепак, без оглед на тоа колку е тешко да се сакаат личностите родени во знакот  Риби, речиси е невозможно да ги мразите. Емоциите на Рибите се видливи во нивните очи. Тие со само едно трепкање на партнерот може да му ја покажат сета своја љубов, при што тој ќе се изгуби во нивниот поглед, каде што ќе ја види нивната недостижна душа. Рибите се стари души на Зодијакот, тие веќе чекореле по оваа земја.rnrnРибите во срцето носат многу знаење и го разбираат својот партнер на сосема друго ниво. Тие имаат способност да разберат и без објаснувања, сакаат безусловно и секој друг вид љубов во споредба со нивната изгледа безначајно. Кога Рибите сакаат тоа не може да биде делумно, туку напротив, целосно го отвораат своето срце. За нив партнерот е посакуваниот мирен сон што отсекогаш им требал, а кој мислеле дека никогаш нема да го имаат. Рибите имаат срамежлива насмевка и даваат заводливи бакнежи. По природа тие се романтични и честопати фантазираат, при што не им е тешко да зачекорат во светот на фантазијата, којшто не само го создаваат, туку поголем дел од времето и живеат во него.rnrnФатален, посебен и незаборавен: Хороскопскиот знак што засекогаш ќе ви остане во мислитеrnrnОткако еднаш ќе бидете со нив во светот на соништата, вие потоа нема да бидете задоволни со реалноста во која повеќето живеат. Без разлика на тоа што прават Рибите, тоа изгледа прекрасно. Тие на посебен начин ги сакаат своите блиски, а за нив големо задоволство е кога му угодуваат на својот партнер. Тие секогаш настојуваат да го изненадат, при што честопати имаат некои авантури, а секој ден им е поразличен од претходниот. Рибите не се задржуваат само на соништата и она што сакаат да го остварат, туку тие и го прават тоа. Ним им е јасно дека сѐ што е добро вреди да се чека. Тие се најстрпливи и имаат најголемо разбирање од сите знаци, а таа утеха е она за што нивниот партнер од соништата секогаш се враќа.rnrnБез оглед на тоа колку нивните соништа одвреме-навреме можат да бидат луди, откако партнерот ќе ја види искрата во нивните очи, тие му се вовлекуваат под кожа и тој засекогаш станува зависен од нив. Таа зависност се темели на душата, а живее во срцето. Тоа е она што го прави нивниот партнер задоволен, затоа што знае дека покрај себе има нешто што многумина го посакуваат. Уживањето во љубовта со Рибите значи едноставно да се препуштите на авантурата!

  • Роден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има видовити способности!

    Роден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има видовити способности!

    Нивната владејачка планета, Нептун, е бог на морето, а е поврзана со потсвеста, соништата и визиите. Овие личности имаат голема верба и надеж, па честопати не размислуваат, туку едноставно чувствуваат. Имаат изразена емпатија и добро ги чувствуваат вибрациите на другите луѓе.rnrnРоден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има најголеми психички способности!rnrnСтанува збор за Рибите!rnrnТие живеат во свет составен од соништа и мечти, па затоа и не се снаоѓаат најдобро во реалноста. Честопати забележуваат работи што другите не можат, но не се занимаваат со детали, туку со целината. Тие се одликуваат со бујна фантазија, креативност, интуиција и визионерски дух, а често поседуваат и некои ретки таленти и способности. Најдобро работат во мирна и инспиративна атмосфера, затоа што сите негативни влијанија длабоко ги чувствуваат, па тоа знае да им пречи на креативниот процес. Тие се изразуваат преку боите, стиховите и танцувањето, но честопати самите не знаат да ги истакнат и да ги искористат своите способности, туку им треба помош од некој друг.rn

    Знаци што ни покажуваат зошто Рибите се мистични

    rn1. Покрај Ракот и Скорпијата, и Рибите спаѓаат во категоријата водни знак. Во астрологијата, водата е елемент на чувствата. Така, тие се значајни по тоа што секогаш имаат способност да ги согледаат невидливите нешта кои ја покажуваат состојбата на работите уште пред тие да се случат.rnrn2. Исто како Близнаците, Девицата и Стрелецот, така и Рибите се непостојан и променлив знак, што значи дека лесно можете да ги импресионирате.rnrn3. Со Рибите владее Нептун – планетата поврзана со јасновидците и различните видови мистици.rnrn4. Рибите, како последен знак во Зодијакот, му претходат на Овенот, кој пак е прв од хороскопските знаци кога циклусот почнува да се повторува. Рибите сакаат да ги сочуваат вредните остатоци од изминатиот циклус за непознатата иднина која ги очекува. Со една нога во сегашноста, а со друга во иднината, тие често имаат визија за тоа што може да се случи во блиска иднина.rnrn5. Исто како и рибите што не ја гледаат водата во која пливаат, личностите родени во овој хороскопски знак честопати не знаат дека се видовити, особено ако им се јавуваат помали визии.rnrnРоден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има најголеми психички способности!rn

    Нивното мото е „Јас чувствувам…“

    rnРибите можат да сонуваат некои работи кои подоцна се остваруваат или пак, да укажуваат на некое важно случување, а нивна најзначајна карактеристика е тоа што лесно ги препознаваат и читаат „знаците“ околу нив. За многу луѓе родени во овој хороскопски знак е важен внатрешниот мир и доколку не го пронајдат можат да се предадат на одредени пороци за да избегаат од реалноста. Меѓутоа, ако сериозно се посветат себеси, брзо можат да постигнат просветлување. Нивното мото е „Јас чувствувам…“ и генерално се водат по своите претчувства, односно интуицијата.rn

    Двојни придобивки

    rnПреку Рибите другите ќе научат како да добијат инспирација од повисоко ниво и како истата да ја преточат во уметност. Исто така ќе може да ја развијат својата интуиција, имагинација, видовитост и поврзување со несвесното. Покрај сѐ, Рибите ги бришат сите граници на материјалниот свет, па затоа и лесно се поврзуваат со Бога.

  • 8 причини зошто треба да се вљубите во жена која е Риби во хороскоп

    8 причини зошто треба да се вљубите во жена која е Риби во хороскоп

    Најпрвин, Рибите можеби нема да ги поврзете со титулите како „најсексапилниот хороскопски знак“ или „најголемата заводница во хороскопот“, но кога подобро и поблиску ќе погледнете ќе сфатите дека жените родени во знакот на Риби се личности со кои ќе сакате да го поминете остатокот од својот живот.rnrn8 причини зошто треба да се вљубите во жена која е Риби во хороскопrnrnЖените Риби се познати по нивната стара душа, силна интуиција и длабоки бунари на знаење за скоро сите сфери и полиња. Тие се несебични дарители и можете целосно да го пропуштите интензитетот на нивните емоционални животи, ако внимателно не ги набљудувате. Бидејќи често одлучуваат да останат скриени во сенките и да им го отстапат центарот на бината и светлото на своите најсакани, тие понекогаш можат да дадат слика дека се наивни. Но, немојте да се залажувате. Жените Риби знаат што се случува во секој момент, само немаат потреба да се фалат за тоа.rnrnАко едно нешто е сигурно во овој свет, тоа е дека нема да пронајдете толку посветен партнер кој вечно ќе биде ваш пријател, како што се Рибите. Во продолжение, 8-те причини зошто треба да се вљубите во жена која е Риби во хороскоп.rnrn1. Рибите се едни од најсмешните и најзабавните личности кои некогаш ќе ги запознаете. Нивниот хумор е неспоредлив, па ако успеете да „фатите“ жена Риби тогаш подгответе се за живот исполнет со среќа, радост и смеење.rnrn2. Кога имате жена Риби покрај себе, секогаш ќе бидете смирени и ќе се чувствувате удобно. Рибите знаат како да ги смират другите и да им помогнат да се соочат со своите проблеми.rnrn3. Онаа чудна дупка во вашиот живот која не знаете како да ја пополните го носи името на жената Риба. Кога ќе стапнат во вашата животна приказна, Рибите ве дополнуваат и ве прават целосни. Тие се делчето кое недостасува од сложувалката.rnrn4. Сѐ што прави жената Риби е од љубов и сочувство. Тие секогаш мислат за другите, па погрижете се да им дадете доволно љубов за возврат и да бидете благодарни за нивната посветеност. Тие се едни од најљубезните, најдобрите и најемпатичните знаци во хороскопот и секогаш размислуваат со своето срце.rnrn5. Поради нивната љубезност и грижа за другите, можеби ќе помислите дека Рибите се слаби личности. Но, нивната сила не знае за граници. Тие имаат војничко срце, особено кога станува збор за семејството и пријателите, и подготвени се да сторат сѐ за да ги заштитат.rnrn6. Рибите знаат колку е важно да се грижат за себе со тоа што го даваат своето време за оние личности кои ги прават среќни. Тие сакаат да се опкружени со искрени, позитивни и среќни луѓе. Како и сите други, така и жените Риби имаат свои проблеми и не им е потребна дополнителна негативност во животот.rnrn7. Никогаш не треба да се преправате дека сте совршени за жената Риби. Таа ќе ве сака онакви какви што сте и ќе ве почитува поради тоа што се искрени пред себе. Рибите ќе ве ценат повеќе кога ќе прифатите дека вие сте најдобрата верзија од себе.rnrn8. Љубовта на Рибите е неверојатна и немојте да дозволите да ја пропуштите. Можеби нема да дознаете што значи љубовта додека не сте сакани од жената Риби.

  • Астрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?

    Астрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?

    Заљубувањето не е лесна работа, но може да биде малку попрактично и поизводливо ако ги знаете хороскопските знаци. Хороскопот може многу да открие за вкусовите, квалитетите и способностите на една личност, но исто така може да открие каде нивното срце е слабо и кршливо. Ако вашата симпатија е Риби, тогаш запомнете дека се соочувате со една деликатна, поетична душа чиј живот се врти околу романтиката, но внимавајте: Рибите се лизгави во рацете и можат да отпливаат кога сакаат!rnrnАстрологијата открива: Како да го освоите срцето на мажите Риби?rn

    1. Немојте да бидете агресивни

    rnУмот на Рибите е една поема и тие не очекуваат ништо помалку од нивната дама. Бидете нежни, смирени и поетични. Една остварлива и деликатна фантазија.rn

    2. Бидете поема

    rnЖивотот на Рибите се врти околу потрагата по сродна душа. Доколку сакате нивната поезија да ви биде посветена вам, тогаш така и однесувајте се: Како да сте лик во поезијата на Пабло Неруда.rn

    3. Немојте постојано да бидете достапни

    rnРибите сакаат да пливаат во немирно море, а не во една мала и ограничена када. Немојте постојано да ги барате или да одговарате на телефонот кога тие ве бараат. Немојте секогаш да бидете тука. Исчезнувајте на моменти, држете ги во неизвесност.rn

    4. Чесноста и трпението се доблести

    rnНемојте сѐ да направите уште на првата средба. Рибите сакаат темпото да биде бавно и лесно. Се соочувате со една нежна и чувствителна личност, а ако успеете да ги натерате да се заљубат во вас, тогаш ќе бидат вечно ваши. Немојте да се облекувате провокативно. Тие нема да паднат на модел од Викторија Сикрет, тие бараат партнер со душа.rn

    5. Сакајте ги

    rnАко успеете во мисијата да ги освоите срцата на Рибите, тогаш научете како да бидете љубезни, нежни и грижливи кон нив. Тие се вистински романтичари и потребно е да ги третирате со внимание. Давајте им ја потребната поддршка и сакајте ги како што никој досега не сте го сакале. Сакајте ги како тоа да го заслужуваат. Немојте да ги разочарате или да ги напуштите. Ако се заљубат во вас, тогаш ценето го тоа. Запливајте во морето на љубовта и среќно рибарење!

  • Астролошки приказни: 9 причини зошто Рибите секогаш се чувствуваат несфатено

    Астролошки приказни: 9 причини зошто Рибите секогаш се чувствуваат несфатено

    Доколку не сте родени во овој знак, тогаш сигурно би признале дека најчесто немате идеја што се случува во нивните глави и понекогаш едноставно не можете да го следите нивното однесување. Од друга страна пак, ако сте Риби, тогаш големи се шансите дека поголемиот дел од времето се чувствувате несфатено или погрешно сфатено. Погледнете ги следниве 9 причини зошто се случува тоа.rnrnАстролошки приказни: 9 причини зошто Рибите секогаш се чувствуваат несфатеноrnrn1. Рибите се последниот знак од Зодијакот кој поседува измешани особини од останатите 11. Тие постојано размислуваат за емоциите на другите, а тоа е нешто што никој не може да го разбере. Понекогаш и самите себеси се бунат.rnrn2. Постојано истражуваат нови нешта, а нивната среќа нема крај доколку постои некој со кој можат тоа да го поделат. Во љубовта најдобро се согласуваат со оние личности кои се подеднакво „луди“ како и нив. Но, ако се почувствуваат како да се во стапица, тогаш веднаш ќе избегаат.rnrn3. Нивната изразена емпатија е тоа што ќе ве натера прво на нив да им се јавите кога ќе ви биде тешко. Многу често своите емоции ги ставаат на второ место со цел да им помогнат на другите.rnrn4. Тие често мечтаат и понекогаш многу тешко ја разделуваат реалноста од фантазијата. Токму затоа и им се појавуваат многу проблеми во текот на животот.rnrn5. Лесно го менуваат своето расположение. На пример, ако сте лути во близина на Риби, тогаш вашата негативна енергија брзо ќе премине и врз нив. Затоа и тие се пребирливи кога станува збор за луѓето во нивното секојдневно опкружување.rnrn6. На крајот од тешкиот ден, Рибите често знаат да бидат негативни. Луѓето умеат да ја извлечат енергијата од нив до тој степен што „батериите“ им остануваат празни. Но, не грижете се, во тие моменти тие обично се повлекуваат во себе за брзо да си ја вратат енергијата.rnrn7. Го гледаат само најдоброто во луѓето. Затоа и се дружат со сите. Фразата „невин додека не се покаже спротивното“ е сигурно измислена од личност која била Риби во хороскоп.rnrn8. Можно е да треба да помине многу време додека да ви дозволат да им се приближите. Но, кога тоа конечно ќе се случи, вие засекогаш ќе бидете покрај нив.rnrn9. Премногу се чувствителни. На сè!

  • Зошто Рибите се луѓе кои најтешко може да ги сфатите?

    Зошто Рибите се луѓе кои најтешко може да ги сфатите?

    Сите хороскопски знаци имаат свои карактеристики кои лесно можеме да ги препознаеме во луѓето. Иако тие не секогаш се однесуваат буквално на секој човек кој припаѓа во таа група, факт е дека го опишуваат однесувањето на поголемиот дел од припадниците на тој хороскопски знак. Така, помеѓу премногу изразената емоционалност, сочувствителноста и посветеноста, Рибите се хороскопски знак кој е скоро и невозможно да се разбере. Луѓето кои се Риби во хороскоп се карактеризираат со мистериозност, па е многу тешко да ги разберете и прочитате. Следниве причини објаснуваат зошто е тоа така и зошто е тоа во ред.rnrn(1)-zoshto-ribite-se-lugje-koi-najteshko-mozhe-da-gi-sfatite-kafepauza.mkrn

    1. Рибите се последниот знак во зодијакот

    rnФактот дека Рибите се последниот знак во зодијакот укажува на тоа дека тие имаат мешавина на особини од претходните 11 знаци. Тоа води кон конфузија кај Рибите во поглед на емоциите, односно често имаат измешани чувства за една иста работа, па токму затоа и е тешко некој да препознае како се чувствуваат. Поради ова, Рибите размислуваат пред да почувствуваат и направат нешто, па колку и да изреагираат импулсивно, нивните реакции се секогаш промислени.rn

    2. Рибите се секогаш расположени за нови искуства

    rnИако знаат да бидат доста нерешителни, Рибите секогаш се отворени за нови искуства. Она што ги прави најсреќни е кога имаат со кого да ја споделат таа љубов кон испробување нови работи. Постојано се во потрага по возбудливи доживувања, па соодветен партнер за нив е некој кој е подготвен да ги следи во тоа. Доколку се чувствуваат заробени во некоја рутина, нивната импулсивност ќе тежнее кон пронаоѓање на првата шанса за промена.rn

    3. Рибите се сочувствителни и добродушни

    rnПреголемата емоционалност кај Рибите предизвикува тие да сочувствуваат дури и со луѓе кои не ги познаваат, па и за оние најмалите работи. Ги погодуваат секакви вести, па сосема е нормално претерано да се радуваат на убавите и да тагуваат за лошите случувања. Она позитивното е што се есекогаш тука за пријателите и семејството, подготвени да бидат и среќни и тажни заедно со нив. Токму затоа не е воопшто за чудење што поради нивната пречувствителност тешко може да ги разберете.rn

    4. Рибите имаат проблем со разликување на реалноста и фантазијата

    rnЧесто посакувајќи нешто, Рибите имаат тенденција да се убедат себеси, а и другите, дека навистина е така. Тие сонуваат и фантазираат, па често токму поради желбата тоа да е нивната реалност, знаат да бидат упорни за некоја работа. Не се откажуваат лесно, а тоа што се импулсивни може да предизвика скокање од една цел кон друга, колку и да делуваат невозможни.rn

    5. Рибите се емпатични личности

    rnЕмпатијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат Рибите. Зошто? Бидејќи дозволуваат чувствата да влијаат премногу на нив. Ова некогаш доведува до давање поголема важност на туѓите чувства во однос на нивните сопствени, па се наоѓаат себеси игнорирани и занемарени што може да доведе до уште поголем хаос. Убавата страна на оваа нивна особина е тоа што во нив може секогаш да најдете личност која ќе ве советува, а кога ви е најпотребно – и рамо за плачење.rn

    6. Рибите размислуваат со ладна глава само кога се сами

    rnДоколку сте Риба, тогаш сигурно сте се нашле себеси во ситуација кога ви е потребно да се одвоите од надворешниот свет на одреден период. Тоа време е време потребно за Рибите да се осврнат кон себеси, кон своите чувства и потреби. Меѓу другото, ова е време кога Рибите се најпродуктивни бидејќи си оставаат простор да ги средат своите мисли и да размислат убаво за она што се случува. Опколени со многу луѓе, комбинацијата на емоционалност и ставање на останатите луѓе на прво место, како и неспособноста да кажат „не“, прави да е невозможно за нив да размислуваат или да реагираат сосема правилно.rn

    7. Рибите се интровертни по природа

    rnИако постојано се обидуваат да се опколат себеси со нови и интересни луѓе, тие повеќе би сакале да се сами со своите мисли и чувства. За да бидат со некого навистина свои, тие прво мораат да знаат дека со тој некој се навистина блиски пријатели и можат целосно да се опуштат. На некои луѓе поради ова, Рибите им делуваат како цинични и затворени, односно како да се преправаат дека се нешто што не се. Но тие всушност се само љубопитни за приказните на луѓето кои ги запознаваат.rn

    8. Рибите прифаќаат буквално секого

    rnИако можеби не им се допаѓаат сите, Рибите прифаќаат буквално секого. Не осудуваат и не се оптоваруваат со тоа какви се другите, туку ги прифаќаат такви какви што се. Тоа не значи ниту дека им се допаѓаат, ниту дека ќе бидат блиски со нив, но значи дека ќе најдат заеднички јазик и начин да функционираат со секого. Тие едноставно го бараат и наоѓаат најдоброто во луѓето, па решаваат и да го гледаат само тоа. Можат да бидат пријатели со сите типови луѓе, што за други може да е целосно несфатливо.rn

    9. Рибите се пречувствителни

    rnОва значи дека се што ќе кажете и направите во нивно присуство влијае на нив многу повеќе одошто можете да претпоставите. Рибите се пречувствителни и ги погодува скоро секој кажан збор. Иако можеби нема за се да изреагираат, не дозволувајте тоа да ве залаже ниту за момент. Кога зборувате со нив мора да бидете многу внимателни што знае да нервира, но исто така ви дава и шанса да бидете искрени за своите чувства бидејќи тие се отворени да ве ислушаат секогаш. Искреноста е неопходна бидејќи Рибите можат лесно да препознаат кога некој се преправа за своите чувства.rn

    10. Рибите имаат потреба од личност по чиј пример ќе се водат

    rnПреголемата емоционалност со која се соочуваат Рибите секој ден, внесува кај нив несигурност и сомнеж за самите нив. Поради тоа, тие имаат потреба од личност која ќе им биде пример по кој ќе се водат, а која како доминантна ќе воведува сигурност и стабилност во нивниот живот. Без таков човек во нивниот живот, Рибите се чувствуваат изгубени и понерешителни од кога било. Па доколку ви делува дека пријателот Риба се угледува на вас, тоа е најверојатно баш тоа што го прави.

  • 10 знаци дека сте апсолутни Риби во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутни Риби во хороскоп

    Ако сте родени помеѓу 19 февруари и 20 март, веројатно ги поседувате овие 10 клучни карактеристики за хороскопскиот знак Риби.rnrn10 знаци дека сте апсолутни риби во хороскопrn

    1. Имате длабоки чувства, за себе и за другите

    rnРибите се емотивни души. Иако нивната емпатија е многу корисна особина, може да ги направи преемотивни бидејќи тие често се преоптоваруваат со проблемите на другите.rn

    2. Вие сте дарежливи и сочувствителни

    rnРибите се веројатно највпечатливиот знак кој е подготвен да се жртвува себеси за доброто на другите. Заради ова луѓето ги сакаат и почитуваат, но тие истовремено мора да внимаваат нивната дарежливост да не биде злоупотребена.rn

    3. Со вас е лесно да се поминува времето

    rnЛуѓето родени во хороскопскиот знак Риби имаат тенденција да бидат опуштени и флексибилни. Од друга страна, за Рибите често може да биде тешко да се самомотивираат или да донесат одлука и да останат доследни на неа.rn

    4. Вие сте сонувачи

    rnРибите се спиритуални, рефлексивни луѓе кои сакаат да размислуваат за себе и за нивното место во светот. Треба да се потпирате на други луѓе за да останете во реалноста, инаку би можеле да сонувате со отворени очи со часови.rn

    5. Вашиот омилен тип забава е забава од сожалување

    rnРибите имаат нагон да ги потиснуваат чувствата и желбите во себе, што може да ги направи многу потиштени. Меланхоличните Риби знаат да станат млитави, па голема е веројатноста да ги начекате по цел ден дома во тренерки.rn

    6. Вие никогаш не сте на време

    rnЈа знаете онаа ситуација кога некој сака да се најдете во 7.30, но бидејќи знае дека секогаш доцните, ви кажува да се чекате во 7? Секако дека знаете, бидејќи сите ваши пријатели и сите кои ги знаете секогаш ви го прават тоа.rn

    7. Вие не верувате во планирање

    rnНе правите конкретни планови, не одите на шопинг со листа, ниту се потпирате на GPS уреди за да стигнете на саканата дестинација. Наместо тоа оставате работите да течат природно и да се случуваат спонтано. Понекогаш ова излегува на добро, но понекогаш и ви се одбива од глава.rn

    8. Артистички души

    rnРибите се обично артистички типови кои имаат природен дар за сликање, музика, пишување поезија и слично. Уметничкото изразување е всушност една од малкуте работи кои Рибите се чувствуваат комотно да ги споделуваат со другите, откривајќи го својот талент.rn

    9. Тешко ви е да кажете НЕ

    rnРибите не сакаат да повредат ничии чувства и дозволуваат да бидат повредени самите. Ова ги прави тешки за конфронтации и одбивање на барањата од другите луѓе.rn

    10. Безнадежни романтичари

    rnКреативноста и сензитивноста на Рибите ги прави родени романтичари. Нивната чувствителност ги тера да прават еден куп мали слатки нешта за луѓето кои ги сакаат или со кои се во врска. Сепак, бидете внимателни да не се заплеткате премногу во врската.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.