КАФЕ ПАУЗА

Category: Риби

  • Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Риби

    Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Риби

    Рибите се чувствителни, театрални и сензуални. Овенот во нив гледа забава и фантазија. Помеѓу овие два знака постои хемија и сексуална привлечност, која може да се развие додека тие се сѐ уште само пријатели. Но, со тек на време ваквата врска може да прерасне во голема романса, доколку и двајцата останат слободни.rnrnСексуална астролошка компатибилност: Овен и РибиrnrnОвие два знака изгледаат како многу моќен пар во јавноста – како да се создадени еден за друг. Иницијативата на Овенот во комбинација со талентот на Рибите, прави останатите да им се воодушевуваат и да им завидуваат. Сепак, поради нивните различни ставови, во оваа врска може да се појават проблеми. Овенот може многу да се разлути поради пасивниот став што го поседуваат Рибите, особено кога се работи за пари и љубов.rnrnРибите и Овенот имаат различни ставови и кога е во прашање сексот. Додека Овенот има потреба од брзо задоволување, Рибите се тие кои што стрпливо чекаат да се појави вистинската личност за да се препуштат. За разлика од Рибите, Овенот може да се сплетка и да западне во тешка емоционална криза, од која ќе гледа да избега по најкусиот можен пат.rnrnСо тек на време, врската помеѓу овие два знака може да стане комплицирана, особено за работи поврзани со домот, фамилијата и парите. Затоа, најдобро решение би било секој од нив да има свое посебно хоби на кое ќе му се посвети, со цел да не поминуваат премногу време заедно. Рибите најдобро е да си ја сочуваат својата мистериозност. На тој начин, Овенот секогаш би се навраќал на неа, за да ја осознае таа нејзина мистериозност.rn

    Маж Овен и жена Риби

    rnВаквата љубовна комбинација може да биде нејасна и по малку чудна, но со сигурност ќе биде многу секси и жешка. Во оваа врска, Овенот е тој кој што ќе доминира, нагласувајќи ја својата агресивност и продуктивност, додека Рибите со својата пасивност, слепо ќе го следат секој негов чекор. Жената Риби воопшто нема да размислува за себе, туку целосно ќе му се предаде на својот Овен. Со тек на време, Овенот може да заклучи дека неговата партнерка Риби е премногу чувствителна и ќе проба да ја зајакне. Од друга страна, таа ќе осознае дека Овенот не е прекрасниот принц од нејзините бајки, кој толку многу го чекала. Сепак, сексот помеѓу нив ќе биде толку романтичен и кавалерски, што ниеден од нив нема да може да му одолее.rn

    Жена Овен и маж Риби

    rnОваа љубовна комбинација или ќе биде прекрасна и неодолива или ќе биде тотална катастрофа. Сепак, сексот помеѓу нив со сигурност ќе биде неодолив. Мажот Риби ќе ѝ се воодушевува на неговата партнерка Овен како на божица, имајќи го предвид неговиот пасивен и сочувствителен карактер. Од друга страна, женскиот Овен сака секогаш да биде во центарот на вниманието. Може да се случи оваа жена да го искористи својот партнер Риби до тој степен што тој нема ни да забележи. Доколку овие два знака ги надминат недоразбирањата и мажот Риби не биде „проголтан“ од својата партнерка, ваквата љубовна комбинација може да прерасне во вистинска духовна романса.

  • Видео хороскоп: Рибите во кратки црти

    Видео хороскоп: Рибите во кратки црти

    Интуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, Рибите имаат уникатно позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, и благодарение на нивните специфични артистички таленти тие се и интересни љубовни партнери кои секогаш имаат што да ви кажат. Една од основните карактеристики на овој хороскопски знак е неговата успокојувачка стабилност. Дури и во најлошите бурни ситуации, Рибите никогаш не паничат и брзо воспоставуваат баланс. Погледнете го видеото во продолжение за да ги запознаете Рибите во целост!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=IbCrIbJ8wCE

  • 10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во припадник на знакот Риби

    10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во припадник на знакот Риби

    Рибите се креативни и емотивни, а понекогаш не го кажуваат она што го мислат. Понекогаш живеат во нивните соништа, но поради тоа се разиграни како деца. Ако сакате да започнете врска со овој нежен хороскопски знак, ова се 10-те работи што треба да ги знаете…rnrn10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во припадник на знакот Рибиrn

    1. Им треба многу љубов и внимание

    rnРибите никогаш нема да го кажат тоа гласно, но тие копнеат по многу љубов и нега. Тие обично даваат повеќе одошто треба, па затоа им треба големо внимание во љубовната врска. Освен тоа, тие се безнадежни романтичари и понекогаш ќе треба да ги надминете нивните очекувања за да ја одржите врската.rn

    2. Многу се креативни

    rnРибите не ги сакаат секојдневните задачи, туку се големи љубители на активности како што се цртање, пишување или сликање. Честопати се определуваат за професија што ќе им овозможи да се изразуваат креативно. Ако сакате да ги освоите Рибите, ќе мора да ја прифатите и разберете нивната потреба за креативност и иновативност во животот.rn

    3. Тие се верни партнери

    rnРибите нема да побегнат со првиот маж или жена кои ќе ги привлечат, бидејќи тие се многу лојални партнери. Тие уживаат во сериозните врски, па затоа, ако сте го освоиле нивното срце, не треба да се плашите дека ќе ве изневерат.rn

    4. Сакаат романтика и страст во врските

    rnРибите нема да ви кажат дека им треба страст во врската, па затоа ќе мора да читате помеѓу редови. Меѓутоа, на Рибите им треба многу малку за да бидат среќни. Едноставна вечера под свеќи во домашна атмосфера, рози, па дури и обична масажа на грбот по напорен ден ќе ги направат Рибите среќни и задоволни. Само покажете им дека се грижите за нив и тие ќе ви возвратат на ист начин.rn

    5. Сакаат да разговараат на длабоки теми

    rnРибите се големи сонувачи по природа и обожаваат да разговараат за вонземјани, за настанокот на светот, за смислата на човечкото постоење и на други слични теми. Секако дека не им пречи да разговараат и за едноставни работи, но ќе им го задржите вниманието само ако започнете вистински разговор.rnrn10 работи што треба да ги знаете пред да се вљубите во припадник на знакот Рибиrn

    6. Многу се великодушни

    rnРибите ќе дадат сѐ од себе за да ја направат саканата личност среќна. Тие секогаш се подготвени да прават компромиси во врските за партнерот да биде задоволен.rn

    7. Попрво би живееле во своите мисли отколку во реалниот свет

    rnРибите многу често фантазираат и не можат да си помогнат, бидејќи тоа е дел од нивната природа. Ако сте вљубени во припадник на знакот Риби, прифатете го фактот дека тие живеат во свет што самите си го создале, па затоа ќе мора малку да се потрудите за да го добиете нивното внимание кога ќе сакате да разговарате.rn

    8. Претпочитаат мирни вечери наместо гласни вечерни излегувања

    rnРибите сакаат да поминуваат време во своите 4 ѕида. Тие попрво би направиле вкусна вечера дома и би се гушкале со партнерот на каучот отколку да се подготвуваат за долго вечерно излегување. Нема да погрешите доколку им предложите да поминете мирна вечер гледајќи документарци или интересни филмови.rn

    9. Уживаат во самотијата

    rnИако Рибите сакаат внимание и грижа, ним им треба и време за себе. Потребна им е самотијата за да одржат рамнотежа и да се ослободат од негативната енергија што им ја пренеле другите луѓе. Дајте им простор, но не дозволувајте им да се изолираат премногу. Потсетете ги колку се грижите за нив и кажете им дека ќе ги чекате додека не бидат подготвени.rn

    10. Имаат големо срце

    rnАко им се допаѓате, Рибите ќе ви го кажат тоа суптилно и срамежливо и ќе направат сѐ за да бидат со вас. Рибите треба да бидат сигурни дека нема да им го скршите срцето, па затоа откријте им ги вашите вистински намери и чувства.rnrnПрипадниците на овој хороскопски знак се навистина неверојатни! Прочитајте ги и следниве 8 причини зошто треба да се вљубите во жена која е Риби во хороскоп.

  • 3 работи што треба да ги знаете доколку сте во врска со припадник на знакот Риби

    3 работи што треба да ги знаете доколку сте во врска со припадник на знакот Риби

    Според астролозите, симболот на знакот Риби, 2 риби кои пливаат во спротивни правци, ја претставува постојаната поделба на нивното внимание помеѓу фантазијата и реалноста. Припадниците на овој хороскопски знак се толку чувствителни, креативни и емпатични што многу лесно можат да потонат во нивните емоции. Освен тоа, ги бие глас на расеани и неразумни. Овие работи сигурно ви звучат познато доколку сте во врска или брак со припадник на знакот Риби. Доколку не сте сигурни како да излезете на крај со Рибите, овие совети можеби ќе ви помогнат…rnrn3 работи што треба да ги знаете доколку сте во врска со припадник на знакот Рибиrn

    Ако сте во врска со сонувач…

    rnОна што нему му делува како добар план (да продаде роман кој подоцна ќе биде адаптиран во филм и да се пензионира на 40 години), вам ви личи на илузија. Можеби сака да започне некој необичен бизнис и да ве вовлече во долгови. Но, од друга страна, пак, можеби е во право. Тука лежи најголемиот проблем во врската со некој кој е уметничка душа или има претприемачки дух. Кога веќе ви е доделена улогата на практичниот партнер во врската, зошто да не се однесувате така? Размислете за тоа да ги разделите вашите финансии или барем да си отворите ваш личен штеден влог, за да не банкротирате ако неговиот бизнис пропадне. Исто така, многу е важно да не заборавите да бидете заедно и секојдневно да се зближувате. Потсетето го, директно и отворено, но не гневно, дека тоа што е со вас би требало да биде дел од неговиот сон.rn

    Ако сте во врска со господин Чувствителен…

    rnГо сакате бидејќи тој ги руши стереотипите за класичниот маж, но малку ви е чудно кога гледате тажен филм, а само едниот од вас плаче. Емпатијата на Рибите честопати им се спротивставува на општествените дефиниции за „мажественост“, па затоа во овој случај многу е важна добрата комуникација и вашата чувствителност. Потребно е да зборувате за чувствата, стресот и љубовта и никогаш да не престанете со тоа. Мажите се чувствуваат многу непријатно кога не се вклопуваат некаде. Дајте му до знаење дека е сигурен со вас. Тоа ќе му даде време и простор да размисли за работите. Потсетете го дека тој е вашиот херој и покрај тоа што заплакал на некој филм.rnrn3 работи што треба да ги знаете доколку сте во врска со припадник на знакот Рибиrn

    Ако сте во врска со еден огромен расеанко…

    rnТој е грижлив и прекрасен. Но, ако заборави уште една родителска средба, сигурни сте дека тоа нема да се одрази добро на училишниот успех на вашите деца. Најдете начин да простите. Направете му листа на обврски, а во првите 3 ставете ги оние што вам најмногу ви значат. Забележете ја вашата годишнина во неговиот календар и заборавете на неговите претходни грешки. Прилагодете ги вашите очекувања и бидете потолерантни. Но, дајте му јасно до знаење колку сте подготвени да компензирате за неговиот слободен дух.rnrnРасеаните луѓе обично се венчаваат со поорганизирани поединци. Ако само вие ги собирате валканите алишта, таа задача ви припаѓа само вам. Но, ако се откажете од оваа улога, ќе имате купови алишта по дома и вашиот партнер ќе почне да презема дел од одговорностите. Останете позитивни. Фокусирајте се на неговите добри карактеристики: Неговата топлина, чудна смисла за хумор, романтични изненадувања без причина и обидете се да го прифатите фактот тој секогаш ќе заборава на своите домашни обврски.rnrnВо продолжение прочитајте и зошто љубовната врска со Рибите е као измислена во бајките.

  • Кои проблеми може да се јават во љубовната врска со емотивните Риби?

    Кои проблеми може да се јават во љубовната врска со емотивните Риби?

    Никогаш нема да ја заборавите врската со припадниците на знакот Риби! Тие се сензуални, романтични, страсни и чувствителни. Рибите без проблем ќе лежат со вас и ќе ве слушаат како зборувате за вашите соништа, желби и надежи додека ве гледаат со нивните продорни очи. Но, како и секогаш, секој хороскопски знак има свои мани и доблести, па така и Рибите. Нивната мрзеливост, песимизам и бегање од проблемите можат да ја нарушат љубовната врска. Добро е да знаете како овие 3 проблема се манифестираат во врската за да можете навреме да го подобрите односот со вашите Риби…rnrnКои проблеми може да се јават во љубовната врска со емотивните Риби?rn

    1. Ги користат соништата за да побегнат од реалноста

    rnАко вашите сакани родени во знакот Риби подолго остануваат на работа, не мора веднаш да значи дека имаат некој друг, туку дека едноставно се обидуваат да ги остварат своите соништа. Но, доколку се несреќни, Рибите ќе го трошат целото нивно слободно време на работа и целосно ќе се оддалечат од вас. Припадниците на овој знак не се ни свесни дека на тој начин се кријат од проблемите. Вие ќе морате да ги натерате да седнат и да ви објаснат зошто се однесуваат толку неодговорно. Имајте трпение, бидејќи Рибите нема веднаш да ви кажат што ги мачи.rn

    2. На идеализмот реагираат со песимизам

    rnСреќни Риби зрачат со позитивна енергија, но кога се тажни и депресивни, многу силно ги погодуваат ограничувањата на реалноста. Тие почнуваат да се чувствуваат како да се врзани со синџири и не се способни да се борат со препреките што им ги поставува животот. Песимизмот кај Рибите е моќно самодеструктивно оружје кое се одразува преку затворањето во себе, одбегнувањето луѓе и многу други поволни можности. Доколку сте во врска со припадник на овој знак, сигурно се обидувате да го натерате партнерот да „заплива“ во друга насока“, но лошата вест е дека тој можеби сака да остане заглавен во едно место.rn

    3. Можат да се вознемират за секунда

    rnРибите се многу емотивни, чувствителни и емпатични и тие со задоволство ќе ве сослушаат. Токму поради тоа можат да станат пречувствителни и преплавени со емоции, а потоа ги вовлекуваат и луѓето околу нив во истата состојба. Рибите би требало да расчистат со своите емоции и она што ги мачи пред да кажат нешто за коешто подоцна ќе зажалат. Доколку сте во врска со припадник на знакот Риби, сигурно ви се случило да се чувствувате како да сте го изневериле партнерот иако не сте имале поим како се дошло до тоа.rnrnВо продолжение, откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби.

  • Господари на невидливото: Овој хороскопски знак е скаран со разумот!

    Господари на невидливото: Овој хороскопски знак е скаран со разумот!

    Рационалноста не им е силна страна на припадниците на овој знак. Ова е знакот во којшто се родени најголем број уметници, поети, сликари и креативци кои не се вклопуваат баш најдобро во општествените рамки. Станува збор за чувствителните Риби!rnrnГосподари на невидливото: Овој хороскопски знак е скаран со разумот!rnrnТие припаѓаат на групата водени знаци со флегматичен темперамент. Рибите се поврзани со мистичното, бајките и сите други светови во кои преовладува идеалот. Но, дали го знаете митот за соѕвездието Риби?rnrnСпоред митологијата, секое утро со појавата на Хелиј (богот на Сонцето) од морските длабочини излегувале 50 Нереиди, кои биле ќерки на морскиот крал Нереј. Најубавата од нив, Галатеа, се вљубила во Акид, но истовремено во неа бил заљубен и едноокиот киклоп Полифем, син на богот на морето Посејдон.rnrnГалатеа го одбила Полифем, а тој за да се одмазди, испратил стадо коњи од чиј топот се затресле и морето и земјата, а брановите биле високи како планини. Исплашени, Акид и Галатеа се фрлиле меѓу брановите за да се скријат. Претходно се поврзале со долги сини ленти за да не се изгубат. Кога ја виделе нивната бесконечна љубов и лојалност, боговите се сожалиле и ги издигнале на небото. Така од нив настанало соѕвездието на Рибите.rnrnОд самиот мит можеме да видиме дека со знакот Риби се поврзува апсолутната верба во безвременските емоции. Овој хороскопски знак се смета за носител на идејата за платонска, чиста и безусловна емоција.rnrnРибите со задоволство се повлекуваат во нивниот свет за да не мора да реагираат на стресни ситуации и да одговараат на непријатни прашања. Од една страна, тие се многу креативни, но од друга страна, пак, воопшто не се практични и не преземаат одговорност за нивните постапки.rnrnРибите работат само онолку колку што се бара од нив, а ако не мораат, нема да преземат многу обврски. Секогаш им недостасува сон, па затоа сакаат да поспијат некој час повеќе поради што постојано доцнат. Најважно им е да се наспијат, а останатото ќе си дојде само по себе.rnrnРибите се тимски играчи и немаат големо его. Многу се лојално доколку се испочитуваат нивните барања за флексибилно работно време. Доколку можете да го толерирате нивното доцнење и заминување од работа по некој час порано, ќе добиете посветени соработници и одлични советници. Овој знак не може да функционира со постојано работно време од 9 до 17. Повеќе им одговара работата во променливи смени. Припадниците на овој знак не поднесуваат рутини, па затоа лесно се прилагодуваат на сите промени. Честопати поседуваат талент за музика, сликарство, поезија, па ако навреме тргнат во тој правец, ќе станат многу популарни.rnrnГосподари на невидливото: Овој хороскопски знак е скаран со разумот!rnrnРибите најчесто имаат крупна градба, широки рамена, крупни очи и полни усни. Мажите родени во овој знак се големи шармери и затоа се неодоливи за спротивниот пол. Тие можат да го ветат целиот свет, а жените наивно да им поверуваат. Овие луѓе имаат развиена смисла за комуникација, па затоа можат да се снајдат во секое друштво. Ќе ги препознаете по отсутниот поглед, светлите очи, неуредната брада и големите очила за сонце. Рибите се обвиени со голема мистерија. За нив се раскажуваат многу приказни кои ниту ги потврдуваат ниту ги одрекуваат. Не се заморуваат со тоа дали другите им веруваат. Жените „паѓаат“ на нивната мистериозна насмевка и неодоливи дупчиња на образите.rnrnДамите родени во овој знак се одликуваат со неверојатен шарм, љубезност и смисла за естетика. Во нивниот дом преовладуваат боите на сончевиот спектар, а се облекуваат во различни бои. Станува збор за жени кои се издвојуваат од толпата поради тоа што се добри слушатели и советници. Не се наметливи и трпеливо ги чекаат своите 5 минути. Нивните полни усни и крупни очи не може да останат незабележани. Како што минуваат годините, нивната убавина добива безвременски карактер. Тие се класични убавици, а класиката никогаш не излегува од мода. Секогаш се облекуваат елегантно и претпочитаат проверени брендови. Во љубовта можат да дадат многу. Жените родени во знакот Риби се посветени и лојални партнерки. Во екстремни случаи, не можат да ја задржат својата емоционална стабилност и склони се кон промискуитет.rnrnШто се однесува до здравјето, Рибите најчесто имаат проблеми со стапалата. Припадниците на овој знак имаат рамни стапала, деформитети на прстите или повреди во овој дел од телото. Рибите најчесто страдаат од низок крвен притисок, а може да се соочат со проблеми и со црниот дроб и жолчката. Не се препорачува да земаат антидепресиви подолг временски период, бидејќи овој знак може многу лесно да развие зависност од ваков вид лекови. Покрај тоа, тие се склони на наркотици и алкохол.rnrnПрипадниците на овој знак многу се интересираат за мистиката, па затоа голем дел од нив стануваат астролози, нумеролози и пророци. Рибите се незаменливи глумци, бидејќи нивната способност за трансформација е огромна. Голем број актерски легенди се родени токму во овој знак, како на пример Лајза Минели, Елизабет Тејлор, Шерон Стоун и други.rnrn2018 година е времето кога Рибите би требало да мрднат од мртва точка и да ги реализираат нивните планови и желби. Овој период ќе бидат поопуштени, но и поцврсти. Ќе добијат унапредување на работа и ќе ги зголемат финансиските средства, што ќе им ја врати надежта и самодовербата. Рибите конечно можат да почнат да го менуваат својот живот на подобро! Во текот на 2018 година многу Риби конечно ќе ги завршат студиите или ќе решат одредени проблеми со законот, додека некои успешно ќе ги преминат границите на родната земја.rnrnЉубовта оваа година ќе им биде особено наклонета. Рибите ќе добијат шанса да обноват некои стари односи или пак целосно да расчистат со луѓето од минатото. Оваа година, Рибите ќе можат слободно да дишат, работат и љубат! Опуштете се и запловете на брановите на животот!rnrnПрочитајте ги и следниве 10 знаци дека сте апсолутни Риби во хороскоп.

  • Љубов од која нема враќање назад: Нема да можете да го извадите од глава овој хороскопски знак!

    Љубов од која нема враќање назад: Нема да можете да го извадите од глава овој хороскопски знак!

    „Признавам, се плашев да љубам. Не само да љубам, туку да ја љубам неа. Таа е тајна. Во себе носи нешто што никој го нема сфатено досега и јас плашев дека нема да успеам, исто како и сите останати. Таа беше океан, а јас момче кое ги сака брановите, но се плаши да плива.“ – Кристофер Поиндекстер

    rnОвие зборови совршено ја опишуваат љубовта на еден хороскопски знак, од која нема враќање назад. Дури и да ви се разделат патиштата, тој секогаш ќе биде тука и нема да можете да го извадите од глава. Ќе го чувствувате присуството на овој хороскопски знак како топло сонце на гола кожа, како дожд на трепки и како мирис на првиот снег што го покрива неплодното тло. Најмистериозниот дел од неговата љубов е начинот на кој тој се обвива не само околу саканите, туку и околу нивната душа.rnrnЉубов од која нема враќање назад: Нема да можете да го извадите од глава овој хороскопски знак!rnrnСтанува збор за најромантичниот знак – Риби! Рибите ги збунуваат и истовремено ги плашат нивните љубовници. Тие се горчливо слатки, бидејќи колку што може нивната љубов да опие толку може и да отруе. Сепак, без разлика колку е тешко да се љубат Рибите, речиси невозможно е да им се остане рамнодушен.rnrnЕмоциите на Рибите се лесно видливи во нивните очи. Тие со едно трепкање можат да ѝ ја покажат својата љубов на саканата личност и таа ќе се изгуби во нивниот поглед што ја отсликува недопирливата душа на Рибите.rnrnРибите имаат стари души. Тие го носат во своето срце знаењето на илјадници ѕвезди и ги разбираат нивните партнери на сосема поинакво ниво. Припадниците на овој знак се способни да ве разберат без да им дадете објаснување. Тие ќе ве прифатат безусловно и секоја друга љубов делува безначајно во споредба со нивната. Рибите не можат да сакаат половично, па затоа тие целосно го отвораат своето срце.rnrnРибите се како долго посакуван мирен сон, кој нивните партнери никогаш не помислиле дека ќе го имаат. Рибите имаат срамежлива насмевка и даруваат заводливи бакнежи. Тие се романтични и сакаат да сонуваат. Не им е тешко да зачекорат во светот на фантазијата, кој не само што го создаваат туку и го живеат поголемиот дел од времето.rnrnЉубов од која нема враќање назад: Нема да можете да го извадите од глава овој хороскопски знак!rnrnОткако ќе поминете некое време со Рибите во светот на соништата, никогаш повеќе нема да бидете задоволни со земското постоење во кое многумина уживаат. Сѐ што прават Рибите делува како магија.rnrnНајволшебен е начинот на кој Рибите ја љубат душата на нивните сакани. Рибите сакаат да угодуваат и неизмерно уживаат кога се грижат за партнерот. Рибите секогаш ги изненадуваат своите љубовници. Секој поминат ден со нив е нова авантура, бидејќи тие секој ден се менуваат.rnrnРибите знаат дека вреди да ги чекаат работите што им значат. Тие се многу трпеливи и полни со разбирање и токму поради тоа нивните љубовници одново и одново им се враќаат назад. И покрај тоа што понекогаш нивните соништа се луди, откако партнерите ќе им ја видат искрата во очите, Рибите им се вовлекуваат под кожа и тие стануваат зависници од нивната љубов.rnrnОваа зависност се заснова на душата, а живее во срцето. Таа им дава блага насмевка на лицата на нивните партнери, бидејќи тие знаат дека го имаат она што сите останати го посакуваат. Љубовта на Рибите предизвикува чувство на тонење во најдлабокиот и најсиниот океан, уживање во брановите и осознавање дека единствениот начин да успеете во љубовта е целосно да ѝ се препуштите.rnrnВо продолжение дознајте зошто Рибите се совршена комбинација од страст и интелект.

  • Овој хороскопски знак знае сè пред сите, а заради својата неверојатна интелигенција е осуден да пати

    Овој хороскопски знак знае сè пред сите, а заради својата неверојатна интелигенција е осуден да пати

    Она што луѓето во овој знак ќе го забележат, останатите не би го сфатиле ниту за три животи. Тоа е така затоа што припадниците на знакот Риби се познати по длабоката интуиција, но и емпатија. Заради тоа забележуваат сѐ и чувствуваат многу подлабоко и повеќе од останатите хороскопски знаци.rnrnrnrnНа Рибите не мора да им кажете дека нешто ве мачи – доволно е само да се појавите, а тие само со еден поглед ќе сфатат дека имате проблем, и ќе патат како сето тоа да им се случува на нив. Од Рибите ништо не можете да сокриете, бидејќи нивната интуиција секогаш ќе ги доведе до вистинскиот одговор. Припадниците на овој хороскопски знак најбрзо и најточно ги сфаќаат настаните, појавите и луѓето околу себе, но токму затоа и патат многу повеќе од останатите знаци. Рибите ќе ги разберат и најлошите човечки постапки и тешко дека ќе ги осудат тие злобници, а уште помалку да ги презираат и да ги отфрлат, дури и доколку самите се повредени.rnrnПокрај тоа што патат повеќе од останатите знаци, Рибите и потешко се снаоѓаат во реалноста затоа што живеат во свој замислен свет. Сепак, ако ви е потребна помош за да идентификувате некоја ситуација, или едноставно ви е потребен некој да ве сослуша и разбере – Рибите се вашиот најдобар избор!rnrnПрочитајте и зошто љубовната врска со Рибите е како измислена во бајките.

  • Нивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебни

    Нивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебни

    Што е најпривлечно за мажите? Најчестиот одговор би бил: Женската убавина и сензуалност. Постојат безброј обиди да се долови енигмата на жената во песни, сонети, уметнички слики и скулптури, но ретко кога може да се отслика нејзината вистинска суштина.rnrnНивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебниrn

    „Убавината е вистина, вистината е убавина – тоа е сѐ што знаеме на Земјата и сѐ што ни треба да знаеме.“ – Џон Китс

    rnМагијата на убавината постојано ги освојува срцата на мажите, а копнежот по непознатото ги тера да скршнат од својот пат. Желбата да го добијат недостижното е како дрога за нив. Но, шармот на одреден хороскопски знак отсекогаш имал најголемо влијание на мажите. Припадничките на тој знак се необјасниво привлечни, како магнети.rnrnСтанува збор за Рибите. Тие можат слободно да се споредат со божици и неретко им се припишува епитетот „совршени“. Жените родени во овој знак имаат посебни моќи. Сите ваши ѕидови и маски ќе паднат пред нив. Тие можат да продрат во вашата душа и токму тоа ги прави посебни. Па, зошто женските Риби се толку неверојатни?rn

    Имаат романтична душа

    rn

    „Суштината на секоја љубов е несигурноста.“ – Оскар Вајлд

    rnНевозможно е да се проучуваат Рибите. Тие се мистериозни и интересни. Можете да си мислите дека ги познавате, но вие ја знаете само идејата за нив. Знаете дека се убави и привлечни. Дури и наједноставните работи што ги прават, содржат во себе одредена доза на непредвидливост. Тие одеднаш можат да ве фатат за рака во јавност или да ве оттурнат од себе, начинот на кој си играат со косата ќе ви го одземе здивот, ритамот на нивниот од ќе ве воодушеви. Кај нив ништо не изгледа обично. Не мора да кажат ништо за да ве освојат, самите нејзини заводливи дела ќе ве излудат.rnrnИако претпочитаат сериозни и долги врски, не им пречи одвреме-навреме да се впуштат во љубовна авантура. Рибите копнеат по романтична љубов што го прободува срцето. Ги привлекуваат силни и добро градени мажи. Имаат слободен дух, па затоа со сигурност ќе ги изгубите доколку се обидете да ги скротите. Тие се грациозни и не можат да бидат затворени во кафез од рутини и правила. Нивната неограничена слобода е тоа што ги прави посебни.rn

    Нивната љубов предизвикува зависност

    rn

    „Љубовта која не поставува прашања, љубовта која ги поминува сите тестовиrnrnКоја лежи на олтарот на најдрагите и најдобрите;rnrnЉубовта која никогаш не се двоуми, љубовта која ја плаќа ценатаrnrnЉубовта која бестрашно ја прави конечната жртва.“rnrn- Сер Сесил Спринг Рајс

    rnИако горенаведениот текст е дел од патриотска песна, сигурно помислата на таква посветена љубов ви предизвикува возбуда. Не постои човек кој не саката да доживее безгранична љубов што може да спои две души во една, љубов што секогаш победува. Можеби си мислите дека ваквите идеалистички идеи се резултат на бројните романи и песни напишани од страна на романтични души. Тоа значи дека не сте ја почувствувале љубовта на жената родена во знакот Риби.rnrnНивната љубов предизвикува зависност: Жените родени во овој хороскопски знак се навистина посебниrnrnВладејачка планета на најженствениот знак во зодијакот е планетата Нептун која им дава женствена енергија на Рибите. Нивната љубов е многу интензивна. Дури и да заминете по различни патишта, нејзиното отсутно присуство засекогаш ќе остане во вашиот ум.rn

    „Таа е водаrnrnдоволно нежнаrnrnза да понуди животrnrnдоволно цврстаrnrnза да го потопи.“rnrn- Рупи Каур

    rnНивната љубов е како слатка горчина. Можеби ќе си помислите дека никогаш нема да им простите поради тоа што ве повредиле, но доволно е само да погледнете во нивните длабоки очи и да заборавите на целиот свет.rn

    Не се материјалисти

    rnЧестопати ја слушаме изреката „Најдобрите нешта во животот се бесплатни“, но и покрај тоа ретко кога можеме да им одолееме на материјалните богатства. Последниот знак во зодијакот, Рибите, е најнапреден. Ним природно им доаѓа спиритуалноста. Нивната свест е на толку високо ниво што можат да ги ценат најскапоцените духовни богатства кои ги нуди животот. Спиритуалноста подразбира потрага по среќа однатре и наоѓање внатрешен мир.rnrnЖените родени во знакот Риби живеат и љубат со голема страст. Не се каат за ништо и живеат со полни гради. Астролозите веруваат дека Рибите ги поврзуваат и соединуваат сите различни карактеристики на останатите 11 хороскопски знаци и дека имаат остро 6-то сетило. Нема да можете да ги измамите Рибите. Освен тоа, тие обожуваат да бидат во центар на вниманието. Жените Риби се забавни, грижливи, романтични и чувствителни. Сакаат кога некој им угодува, па затоа носете ги на убави љубовни состаноци и опсипувајте ги со љубов и внимание.rn

    Имаат слободен дух

    rn

    „Можеби некои жени не може да бидат скротени. Можеби треба да трчаат слободно додека не најдат некој кој е исто толку див за да трча со нив.“ – Кендис Бушнел

    rnОва е описот што најмногу им одговара на Рибите. Припадничките на овој знак се полни со разбирање и мудрост. Тие можат да љубат без да очекуваат ништо за возврат, да знаат без детални објаснувања и да даваат без да поставуваат никакви услови. Токму затоа, тие се неверојатно привлечни. Нивниот дух е слободен и не може да биде покорен.rnrnВо продолжение, откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби.

  • Зошто љубовната врска со Рибите е како измислена во бајките?

    Зошто љубовната врска со Рибите е како измислена во бајките?

    Рибите се романтичен знак што обожаваат да бидат заљубени – барем во теорија. Под водство на Нептун, планетата на фантазијата, тие обожаваат кога ќе бидат освоени од романсата. Со гламурозните Риби владее фантазијата, па затоа и имаат способност сè да направат магично. Тие се нежни и чувствителни, па затоа и ги „омекнуваат“ своите партнери.rnrnТие се симболизирани од две риби што пливаат во спротивни насоки, и токму тоа многу добро го опишува нивниот пристап кон љубовта. Тие вечно бараат партнер што истовремено ќе им овозможи сигурност и слобода, па можат да бидат зачудени кога нема да ги пронајдат овие две нешта во една личност. Тие исто така и една секунда можат да бидат реалисти, а веќе следната да станат очајни и да избегаат во светот на фантазијата.rnrnТокму затоа и не сакаат да се обврзуваат, бидејќи тоа им ги прави нештата реални, па често би направиле сè за да го избегнат тоа за да останат во својот имагинарен свет. На пример, тие можат бескрајно да се жалат за тоа колку лошо ги третира партнерот, но вистината е дека потајно ја обожаваат драмата бидејќи им ги разгорува пламените на нивната фантазија. Ова може да ги збуни сите нивни пријатели, коишто ги поттикнуваат да стават крај на таа врска… штом се оддалечат од нив, веднаш паѓаат во прегратките на саканиот/саканата. Барем додека не најдат некој подобар. Исто како рибите што го симболизираат нивниот знак, така и тие веднаш пливаат од еден кон друг партнер. И дефинитивно знаат како да ги уловат.rnrnНајголемиот предизвик на Рибите е да се наметнат себеси, па затоа и тешко им е да го побараат директно од партнерот тоа што го сакаат. Тие забораваат дека луѓето не читаат мисли, па можат да станат малку пасивно-агресивни ако не го добиваат тоа што го сакаат. Тоа може да предизвика да скокаат од една во друга врска, наместо да се обидат да ја средат сегашната. Исто така повеќе ги возбудува „играта на ловење“ отколку самата врска, па многу често се губат во флертувањето и искушението на првиот бакнеж, а потоа губат интерес за личноста.rnrnТие се неверојатно интуитивни, па многу лесно можат да ја почувствуваат туѓата болка – и поради тоа многу лесно се поврзуваат со некого кога заедно минуваат низ тешки денови. Нивната интензивна креативност, желбата да го направат светот подобро место за живеење и љубовта кон сите суштества ги прави совршени парови. На кратко, врската со нив е како од бајките, сè додека партнерот е подготвен да воведе исто толку магија во нивниот однос како и нив.rnrnФатален, посебен и незаборавен: Хороскопскиот знак што засекогаш ќе ви остане во мислите!