КАФЕ ПАУЗА

Category: Риби

  • Риби и риби – пријателска комбинација

    Риби и риби – пријателска комбинација

    Спријателувањето на две риби, може да им причинува огромно задоволство на нив. Тие не мораат да се заморуваат објаснувајќи си ги нивните необични претчуства, бидејќи секој од нив многу добро ги разбира сопствените моќи на интуиција кои се исклучително прецизни.Риби и риби – пријателска комбинацијаИсто така, овие двајца се екстремно креативни луѓе, чија имагинација уште повеќе се збогатува кога се во присуство на друга личност со хороскопски знак риби.rnrnНедостатокот на ова пријателство е тоа што луѓето родени во овој хороскопски знак, имаат тенденција за променливо расположение, што може да доведе до негативни вибрации во нивниот однос. Нив ќе им треба помош од трето лице, доколку навлезат длабински во некое мизерно расположение.rnrnОвие другари се идеални партнери за танцување, пливање, правење добри фотографии или пишување поезија. Од друга страна, кога ќе им треба некаков практичен совет во врска со финансиите, за разни поправки во домот или за чепкање во механиката на електрични апарати, најдобро ќе биде да се консултираат со некој пријател кој е воздушен или земјен знак.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за женски Риби

    Љубовен астролошки профил за женски Риби

    Мистериозна, сочувствителна и љубезна се првите три карактеристики кои ќе ги забележите кај женските припаднички на знакот Риби. Таа со својот шарм, прави да посакате да дознаете што мисли, што сонува кога спие и кои се целите кои сака да ги постигне во животот. Вие чувствувате потреба да ја заштитите, сакате да ја засмејувате и да ја направите среќна. Таа со својата „магија“, ќе направи да не можете да помислите да бидете со друга девојка и ќе ве натера да посакате да застанете на нозе и да бидете во сериозна врска. Доколку сакате да ја заведете и успешно да го привлечете нејзиното внимание, осигурите се дека ќе ја почитувате нејзината женственост, ќе ѝ ја покажете вашата романтична страна и ќе бидете безрезервно обѕирни во врска со нејзините чувства и ставови. Доколку ги исполните овие нејзини очекувања, таа ќе ве посакува исто онолку колку што ја посакувате и вие неа.rnrnЉубовен астролошки профил за женски РибиrnrnЗаведувањето жена со хороскопски знак риба, потсетува на периодичното излегување на романтичните новели кои се повеќе делови. Најпрвин ќе треба суптилно да флертувате со неа, да правите некои романтични гестови и заведувачки трикови со кои се служеле вашите дедовци и генерациите кои следувале пред нив. Можеби немате идеја како да започнете, но навистина немате од што да се плашите. Рибата е хороскопски знак кој сака да биде во врска и ќе ужива во секој дел од неа. За почеток, најдобро е да бидете директни со неа, но да го правите тоа на еден сензитивен начин и со стил. Генерално кажано, Рибите „паѓаат“ на мажи кои изгледаат цврсто однадвор, а се многу нежни однатре. Таа сака момче кое размислува позитивно, ѝ пружа поддршка, ја заштитува и носи промислени одлуки. Таа брзо се вљубува и некои мажи пред вас можеби го злоупотребиле ова кај неа, но вие имате шанса да бидете најдобриот досега.rnrnЉубовен астролошки профил за женски РибиrnrnКреативен начин да го освоите нејзиното срце е преку старомодните љубовни писма. Ова не значи дека треба да се заборавите пишувајќи пет страници во кои ќе ѝ кажете сѐ што ви лежи на срце. Неколку реда запишани на хартија, во кои ќе ги искажете вашите уникатни искрени емоции за неа, ќе бидат сосема доволни. Доколку ве бива за пишување, можете да ѝ составите и некоја кратка поема, но за што и да се одлучите, гледајте низ редовите да проткајува позитивна и мотивирачка мисла. Како што ќе пишувате понатаму, споделете неколку искрени детали од вашиот карактер и дел од вашите соништа. Самата идеја за „забранета“ љубов ќе ја возбуди рибата, а таинственоста на писмата ќе ја интригира. На почетокот можете да бидете по малку мистериозни, така што нема да се потпишете во љубовното писмо или пак можете да ја покажете вашата храброст и да ѝ откриете кој сте. Како и да решите да постапите, бидете сигурни дека само вие двајца ќе знаете за писмата.rnrnЉубовен астролошки профил за женски РибиrnrnДодека „работите на случајот“ за да ја повикате на кафе, запомнете дека за неа е многу важно да бидете учтиви и љубезни. Задржете ѝ ја вратата кога влегува и упатете и некој интересен комплимент. Дознајте какво кафе пие и донесете ѝ го на маса. Доколку ве покани на прослава за нејзиниот роденден, именден или што и да е, не заборавајте да ѝ донесете виолетови рози. На тој начин, ќе ја „поместите“ од земјата и ќе ѝ дадете повод да фантазира за вас, а верувајте – фантазирањето е нешто кое Рибите најдобро умеат да го прават. Со скромни романтични гестови, во комбинација со пристојно и љубезно однесување од ваша страна, дефинитивно ќе го освоите нејзиното нежно срце.rnrnКога ќе размислувате каде да ја однесете за вашиот прв заеднички состанок, имајте на ум дека оваа жена е романтична и перципира детали. Бидете креативни. Однесете ја во некое интересно артистичко кафуле, во музеј или на добра свирка/концерт, по можност на отворено. Ќе ѝ се допадне и доколку ја прошетате некаде во природа. Како воден знак, таа е „навлечена“ на нејзиниот елемент, па сака да биде во близина на реки, езера, песочни плажи итн. Без разлика каде ќе одлучите да ја однесете, обидете се да создадете визуелно стимулирачка атмосфера, во која таа ќе се почувствува како само вие двајца да постоите во светот и потрудете се да направите да ѝ биде удобно, за да ви тргне на добро муабетот.rnrnЉубовен астролошки профил за женски РибиrnrnРибите сакаат покрај себе да имаат некој кого можат да го сакаат, кој е едуциран и умее да направи добар муабет. Овие жени се зборлести и сакаат да сонуваат на големо. Поради овие особини, тие сакаат да бидат со некој кој ќе зборува отворено, смело и јасно и ќе умее да „сонува“ живописно. Додека разговарате со неа, чувствувајте слобода да бидете искрени и отворени со неа. Таа ќе сака да знае сѐ за вас. Ќе сака да ѝ раскажете за првата девојка која ви го скршила срцето, а можеби ќе ви отвори тема на муабет и за нејзиниот омилен омекнувач за алишта. Потрудете се да ѝ оставите впечаток дека вие сте цврст како карпа и дека доколку е со вас ќе се чувствува безбедно и емоционално стабилна.rnrnДоколку успеете да го стимулирате нејзиниот ум и го убедите нејзиното срце дека може да има доверба во вас, тогаш дефинитивно ќе можете да стимулирате и други „точки“ на нејзиното тело. Рибите водат љубов со целата своја душа. Во нормални услови, оваа жена не би имала секс со некој во кој не е вљубена. Таа внесува многу емоции во сексот, поради што овој чин го смета за интимно поврзување со партнерот на високо ниво. Таа сексот го доживува како врвна експресија на љубовта, која физички ја пресликува љубовната врска во која се наоѓа.rnrnЉубовен астролошки профил за женски РибиrnrnЗад затворени врати, таа е енергична и страсна. Нејзината сексуална природа е надворешно незабележителна, бидејќи е избалансирана со нејзината креативност. Неа може да ѝ се допаѓа играње сексуални улоги, а на моменти ќе ужива и доколку вие бидете доминантни. Исто така, може да ѝ се допаѓа и доколку сте по малку крут и покажете надмоќ над неа. Имајќи го ова на ум, доколку некоја вечер се најдете заедно под тушот и се забавувате додека ја бакнувате потпирајќи ја на ѕидот, бидете сигурни дека тоа е одличен потег од ваша страна.rnrnАко продолжите да го градите вашиот однос во оваа насока, нема да имате никаков проблем да ја задржите рибата покрај себе. Таа преферира дискретност наспроти директност и ќе ужива „читајќи“ го од вас, она што не ѝ го кажувате на глас. Доколку сте почнале од старт да ја заведувате со љубовни писма и пораки, правете го тоа одвреме-навреме и во подоцнежните фази од врската. Носете ја на некои убави места, кои ќе ѝ ја разбудат нејзината бујна фантазија. За неа, ситните убави гестови, имаат многу поголемо значење отколку скапите, материјални работи. Вашата љубов и поддршка, како и вашата способност да ја стабилизирате секогаш кога ќе се преоптовари со обврски, ќе ѝ значат повеќе и од најскапиот накит на светот.rnrnЉубовен астролошки профил за женски РибиrnrnНа романтична девојка со хороскопски знак риба, ѝ е потребно да ја пронајде својата сродна душа, повеќе од што било друго на светот. Таа сака да биде со некој кој ќе разбере колку длабоко таа се грижи за светот околу неа и некој кој ќе ја разбира нејзината страст за животот. Нејзиниот партнер, во некои сегменти всушност мора да наликува на неа: да биде нежен, грижлив, сентиментален и романтичен, но и доволно силен за да може да ја заштити и стабилизира. Можеби ќе морате да ја пронајдете вашата романтична страна (доколку не преовладува во вашиот карактер), за да ѝ го освоите срцето на оваа жена, но откако ќе ја запознаете подобро и ќе го увидите нејзиното широко срце и љубопитна природа, ќе сфатите дека сиот труд, и тоа како ви се исплател.rnrnПрочитајте љубовен астролошки профил за и машки Риби.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и девица – пријателска комбинација

    Риби и девица – пријателска комбинација

    Рибата и девицата се спротивни знаци во зодијакот, што значи дека станува збор за едно интересно пријателство. На моменти секој од нив ќе мисли дека неговиот/нејзиниот пријател е вонземјанин, чии навики се тотално несфатливи. Така на пример, секогаш добро организираната девица не може да сфати како рибата може да пронајде нешто во тој хаос што го остава зад себе по дома. На сличен начин, рибата не може да сфати како девицата може да се вознемирува секогаш кога ќе ѝ се потроши некое средство за хигиена или ќе ѝ снема парфем.Риби и девица – пријателска комбинацијаКако и да е, колку подобро се запознаваат рибите и девицата, толку повеќе ќе ги почитуваат карактерните предности на својот другар. После извесно време, расеаната риба ќе ѝ биде благодарна на девицата што ѝ помогнала уредно да си ги организира сметките за комуналии и даноци, додека пак на девицата ќе почне да ѝ се допаѓа фактот, колку опуштено и безгрижно се чувствува покрај рибата.rnrnСепак, ќе има ситуации во кои девицата ќе се нервира што рибата ѝ доцни половина час после започнувањето на филмската премиера во кино, но таа сепак треба да сфати дека и нејзината вечна загриженост е досадна за рибата. Кога девицата ќе помисли дека рибата си игра со нејзините живци, нека не заборава дека ниеден друг пријател не е подобар слушател од неа. На сличен начин, рибата треба да си признае себеси дека девицата има некаква дарба да ги претвора нејзините соништа во реалност.rnrnОвие пријатели може да уживаат во лежерни активности надвор од затворен простор. Одење на долги прошетки во природа, организирање пикник, ловење риби, лизгање на мраз, се активности кои ќе ги израмнат разликите помеѓу овие пријатели. Исто така, може да уживаат и во вежбање јога и плетење.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и лав – пријателска комбинација

    Риби и лав – пријателска комбинација

    Формирањето пријателство со некој лав, за рибата претставува еден вид предизвик. Таа е срамежлива, воздржана и ненаметлива, а лавот е горд, самоуверен и храбар. Рибата се грижи да ја зачува нејзината приватност, додека пак лавот со своите постапки се обидува да го привлече вниманието од околината кон себе. Рибата има проблем да се приврзе со луѓето на долг рок, додека пак лавот е навистина лојален другар, кој ќе биде тука покрај неа и во добро и во зло.Риби и лав - пријателска комбинацијаСрамежливата природа на рибата, ја поттикнува заштитничката страна кај лавот. Тој обожува да го „потхранува“ кревкото его на рибата со екстравагантни комплименти и промислени подароци. Никој не ја цени дарежливоста на лавот, повеќе од рибата. За среќа, таа умее да го возврати вниманието и грижата која лавот ѝ ја дава. Таа секогаш ќе биде тука за него, ќе го ислуша, ќе му даде поддршка, ќе му свари чајче, па ако треба и ќе му ги брише солзите на кога тој е разочаран.rnrnПостојат ли некакви несовпаѓања помеѓу карактерите на овие двајца пријатели? – Понекогаш да, бидејќи лавот е прилично посесивен во односот кон своите пријатели, што може да направи слободоумната риба да се чувствува малку неугодно. Од друга страна, непоправливата умствена отсутност на рибата може да го излудува лавот, кој го нервира тоа што таа никогаш не знае кај ѝ е клучот, секогаш го заборава паричникот некаде, а ѝ се случува во брзање и да облече различни чорапи.rnrnНаспроти овие разлики, лавот и рибата неизмерно се почитуваат. Рибата се восхитува на срдечноста и дарежливоста кои ги поседува лавот, додека пак тој е импресиониран од чудесната имагинација која ја има рибата. Доколку овие пријатели успеат да ги минимизираат недоразбирањата по некои прашања, нивната врска може да биде многу цврста. Лавот може да ѝ помогне на рибата да ја зајакне својата самодоверба, а таа може да го поттикне креативниот начин на размислување кај лавот.rnrnРибата и лавот ги почитуваат разните уметнички облици со сета своја страст, па може да уживаат заедно одејќи в кино на добар филм, на некои концерти или на уметнички изложби. Нивно хоби може да биде и посетување часови по танц или сликарство.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за машки риби

    Љубовен астролошки профил за машки риби

    Мажите родени во хороскопскиот знак риби, пред сѐ се личности кои во секој момент ќе ви пружат поддршка и ќе ви дадат сочувство, за сето она коешто во моментот се случува во вашата глава. Без разлика дали тој е локален музичар кој го освоил вашето срце со својот милозвучен глас или ветеринар кај кој сте го однеле вашето куче и сте сфатиле дека само нему тоа не му лае, битно е да знаете дека овој креативен и чувствителен маж, ќе ги исполни вашите романтични соништа. Тој е секогаш во потрага по нешто ново и инспиративно во животот, кое ќе му овозможи да остане во својот свет на фантазијата, каде животот е убав и беспрекорен. Со неговите големи соништа и романтичен поглед кон светот, тој ќе ве замота во еден љубовен кожурец и ќе ве натера да се запрашате каков животот би можел да биде и каков во суштина е.Љубовен астролошки профил за машки рибиМашките риби се родени како романтични души, на кои им е потребна љубов и аутпут добиен како резултат на нивната креативност и фантазија. Тие живеат во свет на фантазии и го поминуваат целиот свој живот обидувајќи се да ги претворат нивните соништа во реалност. Идеална љубовна партнерка за нив би била некоја храбра и спиритуална личност. Тој сака неговата жена да биде сочувствена колку што е и самиот тој и да биде емотивно поцврста од него. Машката риба ќе очекува од својата подобра половина да го поддржува во сѐ што прави и да му помогне да ги оствари своите животни соништа. Тој копнее по пронаоѓање на своја сродна душа, со која ќе го споделува сето она коешто се случува во неговиот живот. Кога еднаш ќе ја пронајде таквата девојка, рибата ќе ѝ ја подари сета своја љубов и безусловна верност.rnrnЗа да му се приближите на срамежливиот маж со хороскопски знак риба, мора да бидете дружељубива и екстровертна личност. Најверојатно ќе морате да бидете таа која ќе го направи првиот чекор во вашиот однос. Ако имате романтична душа, тогаш многу ќе се забавувате додека ја заведувате вашата риба. Бидејќи тој е идеалист, романтичар и непредвидлив во своето однесување, состаноците со него ќе ви бидат интересни и вредни за паметење. Имајте на ум дека тој е многу емотивен и бурно ќе реагира ако му ги повредите чувствата. Поради тоа, треба да го негувате неговото срце, дарувајќи му ја вашата љубов и внимание. Во оној момент кога ќе го убедите дека треба да се чувствува удобно покрај вас, вашиот понатамошен однос ќе се развива „мазно“.Љубовен астролошки профил за машки рибиВашите први состаноци треба да бидат во знакот на креативноста. Отидете во некое романтично бистро или посетете уметничка изложба. Одберете место кое знаете дека ќе ја разбуди неговата креативност. Каде и да решите да одите, потрудете се да го расположите и насмевнете. Рибите се најчесто опуштени, смирени и пасивни, но сепак ќе бидат импресионирани доколку некој успее да ги насмее. И покрај тоа што на рибите честопати им лета мислата во текот на разговорот, тие паралелно додека разговараат го читаат секој „збор“ кој говорот на вашето тело го кажува. Бидете сигурни дека го кажувате она што го мислите, бидејќи рибите можат подобро да ве прочитаат и од вашата сопствена мајка.rnrnРибите не се агресивни по природа. Можеби вие бевте први во заведовте за да ве забележи, но најверојатно ќе треба да го сторите истото за да ја одведете вашата врска во следната фаза. Искористете ја неговата романтична страна. Како што односот помеѓу вас ќе прогресира, предложете му вечера во комбинација со филм, во вашиот дом. Вашиот кауч е како создаден за гушкање? Одберете добра романтична комедија и меко ќебенце и галете се со него после вашата вечера. Чисто за опомена, галењето може да не биде единствената работа која ќе ја правите на каучот.Љубовен астролошки профил за машки рибиСексот со рибите е истовремено едно убаво емотивно и физичко искуство. Тие се големи заводници во кревет. Доколку се опуштите и се внесете во него, сексот со овој маж ќе ви претставува и спиритуално искуство. Рибите се одлични партнери за секс, кои најчесто уживаат и во играњето сексуални улоги. Дајте му некаква улога во која негова задача ќе биде да ве освои и дозволете му целосно да навлезе во својот карактер. Нему ќе му се допадне оваа игра, бидејќи таа ќе му овозможи да си создаде нов свет на фантазија, а веќе ви кажавме колку тој ужива во овој свет. Машките претставници на знакот риби, сакаат да почувствуваат малку ризик и да ја одведат својата партнерка на непланирани и неочекувани локации. Оние девојки кои сакаат сексуалниот живот да им биде позачинет, ќе уживаат во оваа особеност на рибите.rnrnРибите се најголемите романтичари од сите хороскопски знаци. Тој е како Ромео кој ја чека својата Јулија. Овој човек сака да ја пронајде својата сродна душа повеќе од кој било друг хороскопски знак. Машките риби се нежни, грижливи, сентиментални и романтични. Во однос на неговата љубовна партнерка, тој е несебичен и дури има тенденција да ги става нејзините потреби, пред своите. Никогаш не треба да се сомневате во неговата лојалност, преданост и верност. Овој маж ќе го задржите покрај себе, така што ќе ја одржувате романтиката помеѓу вас. Оставајте му симпатични љубовни белешки и картички на неговиот кревет. Испратете му љубовни СМС пораки или одведете го на романтичен пикник со свеќи. Никогаш нема да го погрешите доколку го однесете го на викенд надвор од градот на некое необично и атрактивно место, на кое ќе поминете квалитетно време заедно. За него, секој момент поминат со љубената, е бесценет.Љубовен астролошки профил за машки рибиРибите се најемотивни од сите хороскопски знаци. Тие живеат буквално во два паралелни светови: реален и илузорен. Нивните емоции варираат во зависност од она што го гледаат пред себе и она кое сакаат да го видат во својот свет на фантазии, што пак од своја страна, влијае врз начинот на кој се однесуваат во реалниот свет. Тие сонуваат на големо и работат напорно за да ги претворат нивните соништа во реалност. Нивните чувства се движат од една кон друга крајност. И доброто и лошото расположение тие го изразуваат на интензивен начин. Поради нивната моќ на интуиција, рибите имаат јака способност за читање на говорот на телото и веднаш можат да ги проценат вашите намери. Нему му е потребна партнерка која ќе биде лидер во врската и која ќе умее на суптилен начин да го држи под контрола. Неговата девојка/сопруга треба да му помага да остане „трезен“ и фокусиран на своите планови и цели, за да може да ги претвори соништата во реалност.Љубовен астролошки профил за машки рибиИскрено кажано, машките риби се опуштени луѓе по природа, но тоа не значи дека тие се лесен „плен“ во ниедна смисла на зборот. Кога тие нешто сакаат и веруваат во тоа, ништо на светот не може да ги спречи и никој не може да ги убеди во спротивното. Тој размислува со своето срце, кое му е исполнето со ентузијазам и страст. Сите негови соништа, пријатели, членови на семејството и неговиот партнер, ќе станат дел од хармонијата за која тој се бори. Со сета негова жестина и емоции, овој маж е лесно да го манипулирате (а многу и ќе го прават тоа), но вие нема да чувствувате потреба од тоа. Нему му е потребен партнер кој ќе се грижи за него и ќе биде полн со разбирање и оптимизам. Доколку ги исполнувате овие критериуми, тој ќе ви ја возврати љубовта десетоструко. Со него, ќе имате една навистина пријатна љубовна врска, исполнета со возбуда и специфична вид на романтика.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и рак – пријателска комбинација

    Риби и рак – пријателска комбинација

    Ова може да биде пријателство кое ќе им создава огромно задоволство и среќа на двата хороскопски знака. Будалестиот рак умее да ја насмее рибата дури и кога ѝ се плаче. На сличен начин, рибата може да почувствува кога на ракот му е потребна широка утешителна прегратка.Риби и рак – пријателска комбинацијаПостои голема веројатност овие двајца пријатели да не мораат гласно да си ги кажуваат нивните чувства, стравови или очекувања еден од друг, бидејќи раковите и рибите поседуваат навистина силна интуиција.rnrnРакот го обожава добриот вкус за филмови кој го има рибата, додека пак таа ги обожава неговите кулинарски способности. Рибата му се восхитува на чувството за менаџирање на парите кое го има ракот, додека пак тој се воодушевува на хуманата страна која ја поседува рибата. На ракот му е интересна бујната фантазија на рибата, додека пак таа ја обожава неговата смисла за хумор.rnrnПостојат ли некакви недоразбирања помеѓу овие навидум совршени пријатели? Секако дека да, бидејќи ниеден човек не е совршен. „Откачениот“ начин на однесување на рибата, може понекогаш да ги повреди емоциите на ракот, особено кога таа ќе заборави дека требале да се сретнат или ќе изуми да му честита роденден/празник. Од друга страна, рибата смета дека особината на ракот да се однесува со луѓето кои ги сака погрижливо и од мајките кон своите деца, понекогаш навистина го задушува. Исто така, рибата некојпат ќе се измори од постојаните предупредувања од ракот дека треба да биде повнимателна со парите. Ракот пак ќе се напне од постојаното доцнење на рибата. Без разлика на овие нивни мали препреки, рибата и ракот се сродни души, кои уживаат во времето што го поминуваат заедно и можат да оформат многу цврсто пријателство.rnrnОвие двајца пријатели немаат проблем да најдат активности во кои секој од нив подеднакво ќе ужива. Како водни знаци, рибата и ракот ги привлекуваат реки, плажи и базени, па добро би им дошло доколку отпатуваат заедно на некое место покрај вода. Што се однесува до нивната креативна страна, нив може да им се интересни хобија како сликање, фотографија, изработка на глинени предмети, интерпретација на сонови и читање поезија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и близнаци – пријателска комбинација

    Риби и близнаци – пријателска комбинација

    Ова е едно од најпредизвикувачките пријателства за рибата, на која ќе ѝ биде потребно поголемо трпение за да го истрпи предизвикот. Без никаков сомнеж, за рибата близнаците претставуваат едни од најзабавните и најинтересните личности кои можете да ги сретнете во текот на животот. Таа ги сака неговите интересни прикаски, веселото расположение и остроумност. На ист начин, близнакот се восхитува на имагинацијата, сестраноста и интуицијата која ја поседуваат рибите.Риби и близнаци пријателска комбинацијаКако и да е, овие двајца пријатели имаат многу различна карактерна природа, што може да го растури нивното пријателство. Близнаците се поповршни и се потпираат на својата логика, додека пак рибата длабоко во себе е многу емотивна и сериозна личност. Ќе има моменти, кога близнакот ќе ѝ каже нешто на рибата на мајтап, што може да ја заболи како нож в срце. Од друга страна пак ќе има и моменти, кога меланхоличното расположение на рибата ќе го уништува веселиот дух на близнакот.rnrnБлизнакот и покрај тоа што ѝ се восхитува на флексибилноста на рибата и нејзината способност за лесна адаптација, сепак не може, а да не мисли дека неговиот пријател е преосетлив и не може да поднесе никаква критика. Наспроти ова, рибата пак најверојатно смета дека близнакот не ги сфаќа туѓите чувства доволно сериозно. Доколку близнакот биде доволно внимателен во врска со емоциите на рибата, таа веднаш ќе се прилагоди на неговиот весел и разигран дух.rnrnОвие два знака имаат голема желба за патување, па може да уживаат во посета на некои историски градови, како и градови кои излегуваат на море. Што се однесува до потрагата по креативност, овие двајца може да ги интересира пишување и читање поезија, креативно пишување и внатрешен дизајн. Исто така, може да им се забавни и хобија како читање на дланки, гледање на кафе и сл. Кога сите активности ќе станат досадни, овие двајца нема да погрешат ако отидат некаде на танцување. Тие најверојатно ќе бидат совршениот пар на подиумот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и бик – пријателска комбинација

    Риби и бик – пријателска комбинација

    Рибата е бескрајно наклонета кон својот пријател со хороскопски знак бик. Симпатијата е возвратена и од страна на бикот. Рибата секогаш може да смета дека бикот ќе ја одржи на стабилни нозе, секојпат кога ќе го нападне бура од емоции. Бикот пак, го цени тоа што рибата прави разлика помеѓу поимите одмор и мрза, бидејќи тој сака одвреме-навреме да се релаксира и не сака да биде критикуван поради тоа.Риби и бик - пријателска комбинацијаБикот и рибата многу брзо формираат силно пријателство кое ги задоволува критериумите на двајцата. На бикот му се допаѓа релаксирачкиот поглед кон животот кој го има рибата и нејзината сочувственост и креативност. Од друга страна, на рибата ѝ се допаѓа богатата смисла за хумор, здраворазумноста и спокојноста кои ги поседува бикот.rnrnОвие пријатели се најсреќни кога се излежуваат во природа, си грицкаат нешто од излетничката кошница и го следат движењето на луѓето околу нив. Тие исто така имаат склоност кон разните облици на уметност, па може да уживаат посетувајќи уметнички изложби, одејќи на рок концерти и во кино на добар филм.rnrnТврдоглавоста на бикот може многу да ја фрустрира рибата, а невнимателното трошење пари од страна на рибата го нервира бикот. Ако бикот ѝ помогне на рибата да ги организира своите финансии, таа ќе му помогне да го развие својот артистички талент. Пред бикот да ја обвини рибата дека не може да смета на неа дека ќе стори нешто во договореното време, треба да му стане јасно дека таа пак, секогаш ја трпи неговата тотална нефлексибилност.rnrnНајдобар начин да ги надминат нивните тензии, е да прават активности во кои и двајцата најмногу уживаат: сликарство, риболов, готвење, грнчарство, плетење, пишување поезија и др.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и овен – пријателска комбинација

    Риби и овен – пријателска комбинација

    Да започне пријателство со избувливиот и страстен овен, за рибата претставува истоштувачко, но сепак вредно искуство. На сличен начин, звучи речиси невозможно за една самоуверена и храбра личност каква што е овенот, да се спријатели со срамежливата и емотивна риба.Риби и овен - пријателска комбинацијаОвенот има енергија во неограничени количини и ќе ја поведе со себе рибата на неговите безбројни авантури. Рибата никогаш не може да знае што следно ќе ѝ се случи додека го поминува времето со овој пријател во знакот овен. Во понеделник тој може да ѝ предложи скокање со падобран, во вторник банџи скокање и уште стотици други авантуристички комбинации кои ќе му паднат на овенот на ум.rnrnИ покрај тоа што рибата не се воодушевува премногу од ваквите авантури, таа сепак мора да си признае себеси дека сепак најинтересните искуства во животот ѝ се токму по заслуга на нејзиниот пријател роден во знакот овен. Од друга страна овенот ѝ се воодушевува на готовноста на рибата да проба сѐ барем еднаш во животот, и покрај тоа што гласно тоа никогаш нема да го признае.rnrnОвие пријатели имаат симпатии еден за друг, најповеќе бидејќи тие меѓусебно си се восхитуваат на позитивните карактеристики кои ги има секој од нив. Така, овенот би сакал и самиот да ја поседува мистериозната способност на рибата секогаш да ја кажува вистинската работа во вистинскиот момент. На сличен начин, рибата ѝ се воодушевува на способноста на овенот секогаш да го добива она што го сака, макар и по цена да изгледа некооперативен и неразумен.rnrnНа рибата не ѝ се допаѓа кога овенот ѝ ги повредува чувствата и се поставува шефовски во повеќето ситуации. Од друга страна, променливото расположение на рибата го уништува оптимистичниот дух и еланот кои ги поседува овенот. Како и да е, во поголемиот дел од времето поминато заедно, овие двајца другари меѓусебно си ги надополнуваат карактерите. Тоа особено е случај додека ги прават нивните омилени активности како: сурфање на бранови, лизгање на мраз, снимање видео-клипови или правење кратки филмчиња, работење волонтерска работа, шиење или плетење, столарство и сл.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Водолија и Риби – пријателска комбинација

    Водолија и Риби – пријателска комбинација

    Водолијата се чувствува пријатно кога е во близина на нејзиниот пријател со хороскопски знак Риби, а тоа е така највеќе бидејќи двајцата поседуваат силни хуманитарни инстинкти. Тие обожаваат да им помагаат на луѓето кои се во нужда, па ништо чудно и самите да се запознале на некој хуманитарен настан.rnrnВодолија и риби – пријателска комбинацијаrnrnЗа Рибите, пријателството кое го имаат со Водолијата преставува вистинско освежување. Ниеден од нив не го почитува формалниот начин на однесување и токму поради тоа тие уживаат во „откачените“ особини од нивниот карактер.rnrnРибите никогаш не треба да се грижат за тоа што ќе мисли Водолијата за нивната потреба постојано да шетаат босоноги. На сличен начин, Водолијата нема потреба да им објаснува на Рибите на кој начин едниот чорап ѝ „залетал“ на фрижидерот.rnrnТенденцијата на Водолијата понекогаш да биде цинична, може да ги збунува Рибите. Од друга страна, инстантното цимолење на Рибите како резултат на секоја мала провокација, може навистина да ја нервира Водолијата. Во секој случај, во поголемиот дел од времето поминато заедно, овие пријатели обожаваат да се дружат, особено кога одат заедно на часови по јога, прават филозофски муабети или го набљудуваат ѕвезденото небо.rnrnОвие пријатели се навистина навлечени на некои теми од новото доба, како што се тарот-карти, нумерологија или читање книги како „И Чинг“. На Водолијата ѝ е забавно да навлегува во дискусии со длабоките Риби, кои темелно ги разбираат ваквите теми.rnrnКога станува збор за станување од кревет и протегање на екстремитетите, овие двајца може да уживаат во активности како танцување и пловење. Исто така, одењето в кино може да биде начин на забава за нив, особено доколку гледаат филм од некој експериментален жанр. Рибите и Водолијата се најчесто и музички талентирани, па може да им биде интересно да пеат и свират заедно или да си ги разменат mp3 плеерите.