Во љубовната врска помеѓу риби и близнаци постои меѓусебна симпатија и задоволство. Близнакот е интелигентен, слаткоречив и мозокот му работи брзо, па благодарение на овие негови карактеристики може да внесе еден хумористичен бран во животот на рибата, како и да и даде интелектуална насока, која може да и помогне да го фокусира нејзиниот фантазерски поглед кон светот.
Рибите имаат интуитивна дарба. Тие лесно остваруваат конекција со другите луѓе на едно суптилно емоционално ниво, а нивната мечтателска природа ги прави многу отворени и дружељубиви личности. Накратко кажано, рибите очекуваат да го „извлечат“ од луѓето дури и она што некои би го нарекле невозможно и доста вешто го прават тоа. Близнаците се исто така слободоумни, многу пргави и флексибилни луѓе, а нивна најголема дарба е способноста да ги погледнат сите аспекти на ситуациите. Оваа врска е базирана токму на флексибилност и поврзаност. Близнаците и рибите не само што можат да бидат одлични љубовници, туку и добри другари.rnrnНа рибата може да и бидат повредени чувствата доколку близнакот честопати кажува премногу непотребни зборови пред да размисли. Но, дури и кога имаат проблеми овие партнери знаат да заборават и простат брзо. Никој од нив нема тенденција да „држи лутина“, рибата бидејќи знаат дека нивниот партнер има искрени намери, а близнакот бидејќи не сака да си го троши времето размислувајќи на „старите рани“.rnrnБлизнаците се управувани од Меркур, планетата на комуникациите, а рибите од Јупитер, кој е симбол на среќа и Нептун (илузија). Јупитер кој се однесува на филозофијата, среќата и учењето, ја води рибата да посака да дознае што се крие длабоко под површината на работите, а Нептун му ја дава таа „мечтателска нота“. Меркур пак се однесува на бистриот инвентивен ум кој го има близнакот.rnrnРибата умее да ги сфати непресушните идеи на близнакот, на едно длабоко интуитивно ниво. Интересно во оваа љубовна комбинација, е тоа што постои микс од интелектуален, емоционален и интуитивен поглед кон животот, што му овозможува на овој пар да донесува многу стабилни одлуки. Ако рибата и близнаците заеднички работат на нешто, тие можат да достигнат многу голем успех.rnrnЕдинствен нивни проблем се комуникациските недоразбирања, кои можат да настанат ако рибата се чувствува како близнакот да не ја разбира, или ако близнакот се почувствува задушен од чувствителноста на рибата. Добрата работа е тоа што двајцата партнери се трудат да ги преболат нивните сопствени повредени чувства. Овие два знака се многу компатибилни. Тие се многу прилагодливи, попустливи и лесно се справуваат со промени. Тие исто така имаат тенденција многу често да се предомислуваат, па олеснителна околност е тоа што се многу отворени и искрени. Ниеден од партнерите во оваа врска не чувствува потреба да биде „главен“ и тие меѓусебно си даваат доволно простор и слобода.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација близнаци-риби, е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и исползувањето корист од нивниот различен вид интелигенција. Тие имаат слични интереси, флексибилни се еден спрема друг и дефинитивно може да си каже дека многу си одговараат како пар.
Риби и близнаци – љубовна комбинација
