КАФЕ ПАУЗА

Category: Девица

  • 11 работи кои треба да ги знаете пред да почнете врска со Девица

    11 работи кои треба да ги знаете пред да почнете врска со Девица

    Доколку имате партнер/ка роден/а во знакот на Девица, сигурно веќе знаете кои се главните карактеристики по кои е познат овој знак. Тие се прецизни, уредни, добри пријатели… Дознајте по што се препознатливи родените во овој знак.rnrn(1) 11 работи кои треба да ги знаете пред да почнете врска со Девицаrn

    1. Знае да ги препознае квалитетите на луѓето

    rnРодените во овој знак обрнуваат внимание на работи кои никој друг не ги забележува и знаат како да искористат одредени вештини за подобрување на нештата. Доколку прекинете врска со Девица, тогаш сте прекинале врска со личност која има широки погледи на животот и разбирање за тоа што се случува околу неа.rn

    2. Девиците си ја сакаат работата и кариерата

    rnДевиците едноставно уживаат во градењето на нивната кариера и тоа ги исполнува. Доколку не можете да фатите чекор со тоа, тогаш подобро повлечете се.rn

    3. Тие не се слаткоречиви

    rnРодените во овој знак не се познати по својата слаткоречивост и романтични изливи на љубов – дури и кога навистина се вљубени во својот партнер/ка. Наместо да очекувате зборови, префрлете се на нивните дела. Тие знаат да ја покажат својата љубов и си имаат свои начини како го прават тоа.rn

    4. Девиците ги даваат најдобрите совети

    rnНиту еден друг знак не знае да посоветува како што тоа го прави Девицата. Бидете среќни ако имате Девица покрај себе, затоа што секогаш ќе ви го покаже вистинскиот пат.rn

    5. Внимавајте кога одите на гости кај Девица

    rnКога одите на гости кај Девица мора да внимавате сè да остане онака како што било пред да влезете во нивниот дом. Тие се познати по својата уредност и навистина не би било во ред во нивниот дом да не се однесувате според нивните правила.rn

    6. Девиците се лојални и доверливи

    rnОна што особено ги карактеризира Девиците (покрај нивната уредност) е тоа што се навистина лојални и доверливи. Не се драматични и точно знаат што сакаат. Тие се идеален партнер доколку сакате да започнете еден смирен живот, исполнет со среќа и задоволства.rn

    7. Тие се претпазливи

    rnДевиците ретко се впуштаат во авантури. Тие се претпазливи и сакаат да ги разгледаат сите опции. Не смеете поради тоа да ги наречете здодевни, затоа што тие многу аналитички ги разгледуваат работите и можат да го предвидат исходот од одредени активности. Сакаат да знаат во што се впуштаат. Доколку вие постојано барате возбуда, веројатно нема да се вклопите најдобро со родените во овој знак.rn

    8. Девиците сакаат добро испланирани состаноци

    rnОвие знаци се познати по тоа што сакаат добро испланирани состаноци, сакаат да знаат каде ќе одат и што ќе прават. Не сакаат изненадувања, особено лошо испланирана вечер. Тоа лошо ќе влијае врз нивното расположение.rn

    9. Иако се грижливи, не сакаат да ги доживувате премногу сериозно

    rnРодените во знакот на Девица многу се грижат за своите најблиски. Но, не сакаат да ги доживувате како „мајка“ или „татко“.rn

    10. Секогаш можете да се потпрете на нив

    rnДевиците се секогаш тука за луѓето на кои им треба помош. Тие се свесни за тоа и уживаат во својата улога. Девиците никогаш не наоѓаат изговори и секогаш без проблем ќе ви помогнат во секоја ситуација, затоа што тоа ги прави поблиски до вас.rn

    11. Девицата сака понекогаш да ѝ се заблагодарите

    rnБидете сигурни дека никогаш нема да се чувствувате осамени ако имате партнер/ка Девица. Тие ќе направат буквално сè за вас, но понекогаш сакаат да им искажете благодарност. Не бараат многу, но доколку сакате хармонична врска, доволно е од време на време да кажете „благодарам“ за нештата кои ги прави за вас.

  • Дознајте кој е најкомплицираниот хороскопски знак кој сите ги нервира

    Дознајте кој е најкомплицираниот хороскопски знак кој сите ги нервира

    Секој хороскопски знак има некоја иритантна особина поради која сите му замеруваат. Меѓутоа, еден знак се издвојува од останатите бидејќи нема човек кој не би кажал дека никогаш не запознал покомплицирана личност од него. Перфекционисти, хипохондрици и големи аналитичари. Погодивте кој хороскопски знак ја носи титулата „најиритантен“?rnrnДознајте кој е најкомплицираниот хороскопски знак кој сите ги нервираrnrnСтанува збор за Девиците. Тие многу сакаат да анализираат и пред да донесат одлука мора да бидат запознаени дури и со најситните детали. Непопустливи се, критикуваат и премногу се грижат, а токму тоа се особините кои го нервираат нивното друштво.rnrnПознати се како ситничари и педантерии кои сакаат сѐ да им биде под конец. Доколку некогаш им нанесете зло, бидете сигурни дека никогаш нема да го заборават тоа и ќе ја искористат секоја можна прилика за да ве потсетат на неправдата која сте им ја направиле.rnrnКај нив не постојат пропусти. Тие никогаш не смеат да погрешат, а ако дојде до тоа многу се повредуваат и навредуваат. Нивниот мозок е сличен на оној на Близнаците, што не е чудно со оглед на тоа дека и тие се под влијание на Меркур. За разлика од Близнаците кои се откачени и забавни, Девиците не знаат баш добро да се забавуваат.rnrnДознајте кој е најкомплицираниот хороскопски знак кој сите ги нервираrnrnДевиците не знаат да објаснат нешто во кратки црти. Многу се навредуваат кога некој ќе ги прекине. Ужасно се нервозни и одеднаш го повишуваат тонот и со викање се обидуваат да го објаснат до крај она што го започнале.rnrnИмаат многу краток фитиљ. Ги нервира човечката глупост, безобѕирност, доцнење, спротивставување… Нивните нерви се премногу тенки, а реакциите бурни. Големи злопамтила се и при конфликти знаат да ги ископаат и најмалите детали кои секој друг нормален човек би ги заборавил.rnrnНивното паметење е фотографско и математички точно. Оваа голема логичка интелигенција ги доведува до конфликт со самите себеси и со нивните емоции. Сѐ мора да има логика, а во чувствата најмалку ја има. Кога ќе се сретне со нешто што нема логика и точност, Девицата го губи тлото под нозете и бара потпора.rnrnНе знае да живее и да се движи по нереални патеки. Мора сѐ да се знае и да има основа, почеток, средина и крај. Очекуваат и бараат чистота и точност, но и самите знаат да бидат несмасни и неточни. Девиците најчесто доцнат. Тоа нормално дека не се однесува на работата, туку на сѐ друго останато. Тие ги заморуваат другите со нивната точност, но Девиците не знаат да живеат поинаку. Само така се чувствуваат добро.rnrnХипохондриците најчесто се родени токму во овој знак. И при најмала настинка тие ги пребаруваат сите симптоми на Интернет и веднаш помислуваат на најлошото.rnrnНема поголеми „папучари“ од Девиците и тие мазохистички уживаат во тоа. Сакаат пари, но не знаат како да ги трошат.rnrnДознајте кој е најкомплицираниот хороскопски знак кој сите ги нервираrnrnСекако дека Девиците имаат и многу позитивни особини кои ги прават незаменливи и покрај тоа што понекогаш знаат да ги изнервираат сите блиски.rnrnСакаат безусловно и безрезервно и многу ретко изневеруваат. Понекогаш знаат да бидат љубоморни и опсесивни. Нема понапорно суштество од љубоморна Девица. Ќе направат секакви глупости за да дојдат до некакви докази дека партнерот ги изневерува. Нивната недоверба може да ги доведе до лудило. Но, кога ќе ја дознаат вистината, тие се помируваат со неа, каква и да е. Тие само сакаат да си докажат себеси и на таа одредена личност дека биле во право.rnrnОдлично се снаоѓаат во стресни ситуации и фантастично работат под притисок. Практични се, а нивните грижи ги задржуваат за себе и не дозволуваат негативно да влијаат на другите луѓе.rnrnСилни се, снаодливи и сочувствителни. Секогаш даваат добри совети и подготвени се да помогнат во секоја можна ситуација. Поради нивната брутална искреност секогаш ќе знаете на што сте со Девиците.rnrnИако знаат да изнервираат, сепак вреди да се издржи нивното лудило.

  • 4 нешта кои можете да ги очекувате од вашиот партнер во знакот Девица

    4 нешта кои можете да ги очекувате од вашиот партнер во знакот Девица

    Не е тајна дека Девиците се сметаат за тешки, претерано критички настроени и осаменици, но постои и спротивност на нивната лоша репутација. Како партнери, тие всушност се полни со љубов, лојални и грижливи. Комбинација која секоја девојка би ја посакала. Не ни верувате? Погледнете ги 4-те најважни карактеристики на Девиците кои всушност ги прават одлични сопрузи.rnrn4 нешта кои можете да ги очекувате од вашиот партнер во знакот Девицаrn

    1. Посветеност на детали

    rnДевиците се можеби претерано критички настроени, но тоа е само еден начин на кој тие ја изразуваат својата неверојатна посветеност на детали. Нивниот перфекционизам е наменет за свое подобрување, како еден начин на кои тие се туркаат кон напред и се мотивираат да продолжат. Ова може да биде навистина опасно доколку се сфати премногу сериозно, па токму затоа и треба да внимавате на вашата Девица да не западне во бескрајна низа самокритични мисли.rnrnОваа тенденција има моќ силно да влијае врз врските. Просечниот оброк за време на љубовниот состанокот може да значи само едно нешто, следната вечера ќе ви ја подготви тој и таа ќе биде неверојатно повкусна. Неговиот внатрешен критичар секогаш наоѓа начини на кои може да се подобрат сите нешта околу него, особено оние кои ги доживува како разочарување. И не заборавајте дека не треба да го критикувате вашето момче во знакот Девица, бидејќи тој доволно си го прави тоа самиот на себе.rn

    2. Одлучност

    rnПостојат малку нешта кои се поатрактивни од одлучноста. Мажот кој знае што сака од својата кариера и прави сè што е во негова моќ за да го оствари тоа, без разлика на проблемите, е нешто што не може да биде занемарено. Доколку сте во врска со Девица, без сомнение ќе го забележите.rnrnДевиците работат многу и покажуваат исклучителна одлучност при постигнување на своите цели. Кога тие ќе се фокусираат на нешто што ги интересира, тоа може да ги обземе со денови, сè додека тие не ги научат дури и најмалите нешта кои ја составуваат нивната нова опсесија. Не ја прекинувајте Девицата додека му трае оваа фаза. Тој обожава да се фокусира и ужива во возбудата да научи нешто ново.rn

    3. Релијабилност и лојалност

    rnДоколку сакате да се почувствувате безбедно и сакано во вашата врска, тогаш Девицата е вашиот совршен пар. Тие се многу чувствителни за туѓите потреби и не си играат кога станува збор за обврзување. Доколку имате момче во знакот Девица, тој не ве одбрал лесно и планира да биде покрај вас на подолг рок.rnrnТие се приврзани и лојални, додека истовремено овозможуваат стабилна и среќна врска за своите љубени. Вие нема да треба да се грижите за лаги и предавство бидејќи Девиците се релијабилни, слатки и искрени за своите емоции. Тие не го кријат тоа што го чувствуваат, па затоа и никогаш нема да треба да погодувате што имаат на ум. Сè додека гледате на вашата врска сериозно, истото ќе го прави и тој.rn

    4. Независност

    rnПокрај нивната тенденција да бидат силни и релијабилни, Девиците исто така имаат потреба и од независност. Тие сакаат да ги завршуваат нештата самите и токму затоа ќе мора да научите како да го почитувате нивното време за себе. Ова не значи дека вашето момче во знакот Девица ќе сака постојано да биде сам, туку дека ќе ужива во вашето присуство дури и доколку работите на различни задачи.rnrnКога се оставени самите на себе, Девиците силно се фокусираат на нивните цели. Решителноста и независноста им одат рака под рака кога станува збор за оваа тема. Доколку решиле да постигнат одредена цел која си ја поставиле самите, тие исто така ќе имаат потреба и од независно време за да можат да ја остварат. Накратко, Девиците се одлични партнери, па токму затоа и треба да им дадете шанса.

  • Ве чека лудо возење: 10 нешта кои треба да ги знаете пред да се заљубите во Девица

    Ве чека лудо возење: 10 нешта кои треба да ги знаете пред да се заљубите во Девица

    Перфекционистите Девици не се секогаш најлесниот знак за љубење, но доколку ги надминете првите впечатоци за нив ќе откриете дека станува збор за екстремно лојален знак со многу љубов во себе. Доколку ги имате на ум следниве 10 нешта за Девиците, тогаш многу полесно ќе се адаптирате на нив и ќе можете да допрете до нивното нежно срце…rnrnВе чека лудо возење: 10 нешта кои треба да ги знаете пред да се заљубите во Девицаrn

    1. Девиците се чувствителни, па затоа треба да бидете внимателни за нивните чувства

    rnДевиците ги чуваат своите емоции под контрола бидејќи знаат дека понекогаш се пречувствителни, но исто така и затоа што не сакаат да имаат претерана реакција. Често треба да помине многу време за да откриете што ги мачи и најчесто тоа ќе дојде во вид на експлозија бидејќи долго време ги чувале нештата во себе. Дозволете им безбедно место каде што можат да ги искажат своите чувства и не се истурајте врз нив кога тие ќе експлодираат.rn

    2. Кажувајте го тоа што мислите и мислете го тоа што го кажувате

    rnДевиците мразат игри со умот и не сакаат да погодуваат како се чувствувате или пак, да прават претпоставки. Тоа ги полудува. Тие гледаат на овие игри и задржување на емоциите како на незрело однесување и бесцелно трошење на нивната енергија. Отворената комуникација е клучна за Девицата, но правете го тоа со доза внимателност. Едно нешто е да бидете искрени, а сосема друго е да навредувате и бидете без почит. Не заборавајте дека тие се чувствителни суштества, па бидете отворени кон нив на нежен начин, исполнет со љубов.rn

    3. Кога сте со нив, редот и чистотата владеат со денот

    rnДевиците тежнеат кон совршен ред и неизмерна чистота. Па, доколку сакате да живеете со нив, вие нема да можете да ги фрлате алиштата по подот, да ги оставате чиниите во лавабото или да заборавате документи низ целиот дом. Тие се опсесивно педантни и во никој случај не можат да функционираат во хаос. Вие не треба целосно да потклекнете кон нивните ирационални стандарди за чистота, но обидете се да барем да бидете емпатични кон нивната потреба за ред.rn

    4. Грижете се за нив, бидејќи тие не се грижат за себе

    rnДевиците се грижат толку многу за другите и сакаат да се чувствуваат потребно, што многу често се ставаат себеси на последно место. Бидејќи тие прават сè за другите, имаат потреба и другите да прават нешта за нив.rn

    5. Девиците се интуитивни и забележуваат многу детали, па затоа секогаш кажувајте им ја вистината

    rnТие можат да забележат лага од километар, па затоа и обидете се да бидете целосно искрени со нив. Тие исто така ја ценат вистината и искреноста повеќе од сè останато. Добрата страна е што ова е еден начин на кој тие постојано ќе знаат како се чувствувате, па токму затоа и ќе ви го отворат патот кон нивното срце. Лошата страна е што ќе ви биде многу тешко да скриете нешто од нив, дури и кога се обидувате да ги заштитите.rn

    6. Никогаш не ги земајте здраво за готово

    rnДевиците се неверојатно лојални и им даваат 100% на своите љубени, но никогаш нема да дозволат да бидат земени здраво за готово. Откако тие ќе сфатат дека не го добиваат она кое го даваат, големи се шансите дека ќе ви ја покажат вратата драматично. Дури и барем малку да се посомневаат дека постои еднонасочна врска или пријателство, тие веднаш ќе си заминат од вашиот живот.rn

    7. Тие работат многу, така да навикнете се на тоа

    rnЕдна од карактеристиките која ги издвојува Девиците е нивната работна етика. Тие се горди на својот начин на живеење и секогаш се водат според мотото: „Без болка, нема добивка“. Тие многу работат за сè, за кариерата, врската, родителството и хобито. Токму затоа и немаат толеранција за оние кои не вложуваат 100% во својот живот, особено во врската со нив.rn

    8. Тие обожаваат слобода, па токму затоа овозможете им ја

    rnДевиците се многу социјални и обожаваат да бидат со други луѓе, но тие исто така се и неверојатно независни и сакаат да ги прават нештата сами. Тие имаат потреба од еднаков баланс помеѓу времето поминато со вас и со себе. Оние личности кои се претерано зависни од својот партнер, нема да издржат долго во врска со Девица, бидејќи таа ќе избега во истиот момент кога ќе почувствува дека ѝ снемува воздух.rn

    9. Девиците се исклучително самокритични, па затоа треба да бидете нивни навивачи

    rnНе постои знак кој е поголем критичар кон себе од Девиците. Тие живеат според ирационално високи стандарди и имаат потреба другите да ги сакаат и потсетуваат дека никој не е совршен и дека треба да се фокусираат на своите позитивни квалитети. Тоа со тек на време може да стане тешка работа, но некој мора да ја прави.rn

    10. Девиците дефинитивно не се невини

    rnНе му дозволувајте на овој знак да ве залаже. Тие можеби се преставуваат како невини девици, но вистината е дека се едни од најсексуалните и најстрасните луѓе кои некогаш сте ги запознале. Нивната сексуалност им е многу важна, па затоа доколку се поврзете со нив тогаш ве чека лудо возење.

  • 8 причини зошто Девиците се вашите најдобри пријатели

    8 причини зошто Девиците се вашите најдобри пријатели

    Доколку сте Девица или пак, имате пријател/ка во овој знак, тогаш без сомнение ќе го/ја препознаете во секоја од овие точки. Нивните карактеристики им овозможуваат сè што е потребно за тие да бидат одлични пријатели, правејќи ги незаменливи во оваа област. Па, што е тоа што го прави овој знак толку добар пријател?rnrn8 причини зошто Девиците се вашите најдобри пријателиrn

    1. Девиците се многу лојални

    rnТие некако успеваат да направат совршен баланс помеѓу лојалноста и независноста. Па, доколку ви е потребно време за себе, тогаш тие без сомнение ќе ве разберат, но ако ви е потребно нивното присуство, тие без размислување ќе дотрчаат.rn

    2. Девиците ќе ви ја кажат бруталната вистина

    rnДевиците се познати по нивната искреност, бидеќи целото нивно однесување е продукт на нивното практично размислување. Токму затоа и доколку ги прашате нешто, тие ќе ви дадат одговор веднаш, без долго размислување. Тие нема да се двоумат или пак, да ги одбираат своите зборови, туку веднаш ќе го кажат она кое навистина го размислуваат.rn

    3. Девиците се одлични планери на роденденски забави

    rnПознати по својот перфекционизам, Девиците многу често тежнеат кон совршеноста. Исто така, една од нивните најглавни цели во животот е помагањето на другите да си ги остварат своите замисли. Со други зборови, тие се одлични организатори за настани кои потоа уште долго ќе ги помните.rn

    4. Девиците можат да решат сечиј проблем

    rnТие обожаваат да им помагаат на своите пријатели, па токму затоа и сакаат да ги анализираат нивните проблеми малку повеќе одошто треба. Но, доколку имате проблем кој мислите дека никогаш не би можеле да го решите, едноставно оставете ги Девиците да ги замешаат своите прсти и набрзо ќе го дознаете решението.rn

    5. Девиците даваат одлични совети за љубовни врски

    rnТие се аналитични и ги забележуваат дури и најмалите детали, што е одлично. Но, истовремено и природно им доаѓа да осудуваат, што и не е толку одлично. Но, токму поради нивната широка перспектива, тие можат да направат навистина добри процени за нечиј карактер. Бидејќи секогаш внимаваат на кои личности им овозможуваат пристап во својот живот, нивните сетила се изострени и можат да намирисаат „расипано јајце“ од голема далечина.rn

    6. Девиците ги помнат дури и ситниците

    rnТие можеби однадвор не се најчувствителните личности кои сте ги запознале, но во својата внатрешност често се исполнети со милијарди мисли и емоции кои не ги покажуваат јавно. Тоа значи и дека Девиците не секогаш изјавуваат љубов на очигледен начин, но без сомнение го прават тоа посуптилно. Токму затоа и ќе ја запомнат вашата омилена боја, бренд или сладолед, а потоа ќе го искористат ова знаење за да ве расположат кога сте тажни.rn

    7. Девиците секогаш го завршуваат тоа што го започнале

    rnКако едни од најсилно детерминираните хороскопски знаци, вие секогаш можете да се потпрете на нив. Откако еднаш ќе намислат нешто, тие не застануваат додека не ја завршат својата мисија. Токму затоа и можат да ви помогнат во вашите цели со помош на нивната исклучително организирана природа.rn

    8. Девиците (најчесто) се скромни кога станува збор за нивните постигнувања

    rnПовеќето од времето, Девиците се многу скромни и не се фалат за нивниот одличен карактер, како и за нештата кои тие ги постигнале во својот живот. Со други зборови, тие ќе направат сè за да бидат добри пријатели и потоа нема да ве потсетуваат за трудот кој го вложиле во вашата врска.

  • Практични, разумни и подготвени да учат: Зошто Девиците се најуспешниот хороскопски знак?

    Практични, разумни и подготвени да учат: Зошто Девиците се најуспешниот хороскопски знак?

    Девицата е земјен променлив знак, кој во својот живот планира и анализира сè, така што ги дели нештата на најситни детали со помош на својот реален и трезвен ум. Таа понекогаш делува ладно и воздржано, но тоа настанува само поради нејзината вродена способност да воочува детали. Таа е насочена кон практичните, конкретни, опипливи и материјални нешта во животот кон кои пристапува методично и студиозно. Својата животна енергија ја насочува кон практичните, сигурни и корисни нешта, без претерано да се истакнува и привлекува внимание кон себе. Често се случува кај овој знак да се забележи недостаток од самодоверба, затвореност и изразена неодлучност.rnrnПрактична, разумна и подготвена да учи: Зошто Девиците се најуспешниот хороскопски знак?rnrnДевицата е склона на повлечено, срамежливо и внимателно завршување на своите работни активности додека брзо се прилагодува на околностите и ситуациите. Таа е многу вредна и дисциплинирана, но токму поради својата ненаметлива и скромна природа најдобро се снаоѓа под туѓо водство, на подредена позиција и кога им помага на другите да ја завршат работата со својот неверојатно организиран ум и безгрешна анализа. Нејзиниот интелект ја учи на понизност, додека пак својата лична амбиција ја става во служба на другите луѓе. Девиците едноставно обожаваат да работат, дури и откако ќе ги завршат своите обврски, па токму затоа и постојано си наоѓаат нешто плус за изработување. Таа има потреба од чувство на должност, но исто така обожава да ги враќа нештата во ред.rnrnБез разлика на нејзината кариера, таа на нештата им пристапува логично, анализирајќи ја секоја ситница и детаљ, при што воочува апсолутно сè. Сите Девици си го знаат својот ред, па дури и најситните објекти си имаат свое место кај нив. Тие знаат да бидат малку критички настроени и да упатуваат замерки и забелешки доколку не е сè совршено изработено, особено ако при работата се занемарени некои според нив важни детали. Во тие моменти Девицата знае да бара многу, но тоа произлегува само поради нејзината желба сè да биде совршено. Од друга страна пак, таа е и многу критичка кон себе, свесна за своите грешки и маани, па токму затоа и има навика да ги потценува своите квалитети и извонредни особини.rnrnТие се не впуштаат во непотребни приказни кои не ги водат никаде и немаат никаква практична корист во нивниот живот. Девицата често не верува никому, во сè се сомнева и скептично пристапува кон анализирањето на секој збор кој го добила. Изразениот интелект на овој знак ги прави неговите припадници многу паметни, практични, разумни и насочени кон учење, создавајќи им сознанија кои можат конкретно и секојдневно практично да ги применуваат. Девицата го гради својот личен идентитет низ работата, па токму затоа и другите ја доживуваат како вреден и грижлив работник. Прецизното и точно планирање на секојдневни работни должности и обврски им овозможуваат добра организираност во работата. Таа исто така е позната и по својата хигиена и здравје, а често е и добар пациент бидејќи строго се придржува до насоките од својот доктор. Од друга страна, Девиците се и одлични дијагностичари на болести.rnrnДевицата има способност дури и на најмалата трошка да ѝ пристапи методично и систематично, со претходна голема подготовка. Нејзиниот дом е стерилизиран и дезинфициран, додека пак внатрешната атмосфера им наликува на аптека. Чистотата им е многу важна, па затоа се и склони кон претерана педантност. Во текот на својот живот имаат предиспозиции да се препуштат на меланхолично и апатично расположение, бидејќи претераната загриженост може да ги одведе кон депресија.rnrnЗа Девиците, најсоодветните кариери се во областите на: книговодството, административните, предавачките и комерцијалните дејности, медицината, разните занаети, како и егзактните научни сфери.

  • Личностите во овој хороскопски знак се логичари, неспособни да се справат со своите емоции

    Личностите во овој хороскопски знак се логичари, неспособни да се справат со своите емоции

    Станува збор за личности со аналитичен ум кој ги скенира туѓите зборови, ги пакува и потоа ги обработува. За нив е тотално непознато да се остави нешто на случајноста, па затоа и сè им е испланирано и поставено на своето место бидејќи тоа е единствениот начин на кој можат да функционираат. Тие се точни и пресметани, па често ги делат нештата на ситни парчиња со цел да можат без грешка да ги обработат. Станува збор за Девиците, секако.rnrnЛичностите во овој хороскопски знак се логичари, неспособни да се справат со своите емоцииrnrnКај нив нема пропуст. Тоа е нешто што може да ги навреди, нешто што е невозможно да се случи. Нивниот мозок е многу сличен на Близнаците, што воопшто не е чудно бидејќи и со нив владее Меркур. Но, за разлика од Близнаците кои се будалести и забавни, Девиците не умеат да се забавуваат. Тие исто така и не знаат како да скратат. Ако не образложат сè, тоа за нив е исто како да молчеле. Од друга страна пак, лесно се навредуваат ако некој им упадне во збор и ги прекине.rnrnТие имаат краток фитиљ и се ужасуваат од човечката глупост, безобѕирност, неточност, спротивставување… Нивните живци се премногу тенки, а реакциите бурни. Тие се големи злопамтила, па без разлика колку мала грешка сте им направила, тие никогаш нема да ја заборават. Нивното помнење е фотографско, математички точно. Поседуваат силна логичка интелигенција која доведува до конфликт помеѓу нив и нивните емоции, бидејќи за нив сè мора да биде логично. Но, логиката најмалку е застапена во емоциите. Токму затоа и кога ќе бидат изложени на сите оние нешта во кои не можат да најдат логика, тие стануваат несигурни и веднаш започнуваат да бараат подлога на која би можеле да застанат.rnrnНе умеат да живеат, па затоа и се движат по нереални патишта. За нив сè мора да има основа, почеток, средина и крај. Тие очекуваат и бараат чистота и точност, иако самите знаат да бидат неуредни и неточни. Девиците многу често доцнат, но на работа се секогаш точни. Кога станува збор за било каков натпревар, никој не може да победи Девица. Тие поседуваат голем број податоци кои ги запомниле во својот незаборавлив ум. Многумина се изморуваат од тоа секогаш да бидат во право, но Девиците не знаат како на друг начин да живеат. Во нивниот ум нема место за пропуст бидејќи тоа е единствениот начин на кој се чувствуваат добро.rnrnНајголемите хипохондрици во светот најчесто се припадници на овој знак. Во љубовните врски тие љубат до бескрај и назад. Се предаваат без резерва и го сакаат својот партнер повеќе од себе, што понекогаш може да го зачуди нивниот аналитички ум. Љубовта на Девиците е чиста како солза, па затоа и никогаш не изневеруваат. За нив тоа е невозможна мисија, нешто што нема смисла, ниту пак логика. Но, сепак знаат да го гледаат својот партнер без доверба. Тие го/ја гушат, посесивни се и ужасно љубоморни. Едноставно не постои понапорно суштество од љубоморна Девица. Тие се подготвени на секакви глупости со цел да дојдат до докази дека нивниот партнер ги изневерува, па затоа и прислушуваат разговори, им ѕвонат 100 пати во текот на денот, бараат од нив постојано да одржуваат контакт… Ако работите избегаат од контрола, тие дури и би најмиле приватен детектив.rnrnДевиците се личности кои никогаш не веруваат, па токму овие сомнежи од нив знаат да направат будали. Иако се свесни за тоа, едноставно не можат да му се спротивстават. Откако ќе ја откријат вистината, лесно се помируваат со неа, без разлика каква е таа. Нивната цел е да ја откријат, само за да им докажат на сите дека биле во право и за ништо друго не се грижат. Тие се огромни „папучари“ и мазохистички уживаат во тоа.

  • 10 знаци дека сте апсолутна Девица во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутна Девица во хороскоп

    Родени сте помеѓу 23 август и 22 септември – вие сте Девица во хороскоп и ова се знаците кои ве откриваат.rnrn10 znaci deka ste apsolutna Devica vo horoskop-kafepauza.mkrn

    1. Многу сте пребирливи

    rnБарем така луѓето мислат за вас. Вие всушност само многу добро знаете што сакате, а што не.rn

    2. Имате изострено око за забележување на недостатоците кај луѓето и работите околу вас

    rnНе дека сте злобни или строги – вие сте само интуитивни и одлични кога ги користите своите аналитички вештини за пронаоѓање на мааните кај луѓето и проблемите во разните ситуации. Но, мора да бидете внимателни – немојте да ги истакнувате недостатоците премногу брзо, дајте им малку време и на другите да ги забележат.rn

    3. Вие сте многу, многу организирани… со еден исклучок

    rnДевицата е позната како „чиста Кита“, но заедничко за сите е тоа што имаат едно место, без разлика дали материјално како плакарот или во вид на лоша навика, каде што се сосема хаотични.rn

    4. Неизлечливи перфекционисти

    rnСкоро совршено не е доволно добро за вас. Вие сте неуморни, амбициозни и многу самокритични и поради тоа може далеку да отидете и многу да постигнете.rn

    5. Но понекогаш премногу ги комплицирате работите

    rnСпоред вашето убедување, правењето на работите како што треба значи правење на работите на одреден начин. Но, поради тоа може да се ограничите себеси повеќе одошто е неопходно. Девиците мора да работат напорно за да излезат од рутината.rn

    6. Имате навика да ја одрекувате висината

    rnБидејќи сè мора да биде добро за Девицата, понекогаш тие лажат дури и кога не е. Поради ова на вашите родители и пријателите често им е тешко да сфатат кога нешто не е во ред со вас.rn

    7. Вие сте реалисти

    rnСекој мечтае, но веројатно никој толку малку како Девицата. Вие многу повеќе од другите ги цените вашите секојдневни, вистински животни искуства наместо да сонувате за нешта кои никогаш не можат да се случат.rn

    8. Луѓето бараат совети од вас

    rnВашиот реализам ви овозможува да давате здраворазумни, понекогаш дури и мрачни совети. Можете да им пристапите на нештата од објективна перспектива, што е многу драгоцено и ретко.rn

    9. … што понекогаш може да ви удри во глава

    rnДевиците може да станат премногу контролирачки, но тоа не е со лоша намера, тие знаат дека се добри во решавање проблеми, па затоа тоа сакаат да го искористат за сè. Но, пријателите на Девицата може да гледаат поинаку на ова.rn

    10. Многу сте свесни за вашето тело и здравје

    rnЗа Девиците се вели дека се подлабоко поврзани со своите тела од останатите луѓе. Без разлика дали страсно ќе се посветат на вежбање или правилна исхрана, или пак дури ќе развијат блага хипохондрија, Девиците се едноставно длабоко заинтересирани за човечкото тело.

  • Девица и девица – пријателска комбинација

    Девица и девица – пријателска комбинација

    Две девици можат да формираат пријатна и хармонична пријателска врска. Комбинацијата од две трудољубиви и логични умови, формираат еден лојален и посветен пар, со необичен талент во гранките на трговијата и индустријата. И покрај тоа што помеѓу две девици може лесно да избијат и несогласувања, сепак претставниците на овој хороскопски знак, се доволно интелигентни за брзо да изнајдат решение на проблемот и да преминат кон нивниот следен потфат.Девица и девица – пријателска комбинацијаПријателството помеѓу двете девици, би требало да се одвива „мазно“. Колку повеќе време поминуваат заедно, толку поцврста ќе станува нивната врска. Секој од нив си ја знае својата улога во пријателството и немаат никаков проблем да се држат до неа. Тие сакаат да ги одржуваат работите уредни и под контрола. Сѐ додека секој од овие пријатели се труди помалку да го критикува другиот, нивното другарство ќе биде беспрекорно.rnrnВодени од планетата на комуникацијата – Меркур, не е ни изненадувачки што овие пријатели одлично функционираат на тоа поле. Тие умеат прецизно да ги интерпретираат зборовите и движењата на другите, па дури и да го претпостават нивното длабоко и скриено значење. Нивниот логичен ум им овозможува лесно да ги решаваат проблемите и да се справуваат со сите ситуации. Умеат да ги анализираат ситуациите и преземаат акции, врз основа на нивниот сопствен суд. Понекогаш дури и се жртвуваат, за да ја постигнат целта. Со заеднички сили, двете девици формираат динамичен пар.rnrnДевиците сакаат да уживаат во луксуз и во удобностите кои животот може да ги пружи. Тие настојуваат да стекнат екстравагантни и спектакуларни материјални работи и не се задоволуваат со нешто помалку вредно. Нивната прецизна и пребирлива природа, може многу да им помогне во формирањето бизнис, а понекогаш и во изборот на пријателите.rnrnКако променлив хороскопски знак, девицата може лесно да се прилагоди на секоја настаната ситуација. Кавгите помеѓу две девици, се вистинска реткост и кога ќе се случат тие лесно ги решаваат. Ниеден од овие пријатели не чувствува потреба да доминира врз другиот. Девиците најчесто ги комплетираат нивните замислени планови и шеми и поради тоа овие пријатели можат да бидат многу ефективен тим.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лав и девица – пријателска комбинација

    Лав и девица – пријателска комбинација

    Повеќето луѓе се ежат од преголемата внимателност на девицата, но на лавот на некој начин му се допаѓа оваа нејзина особина. На крајот на краиштата, добро е покрај себе да имате некој кој ќе ви ја затресе јакната кога ќе се извалкате или ќе ви ја намести косата кога ветерот ќе ви ја раздува на сите страни. Овој пријател на лавот, нема никогаш да му дозволи да излезе несреден од дома.Лав и девица – пријателска комбинацијаОд друга страна, девицата сфаќа дека лавот мора секогаш да биде „ѕвездата на шоуто“ и нема никаков проблем да му го отстапи центарот на вниманието. За возврат, лавот ѝ ја зацврстува кршливата самодоверба на девицата со отворени комплименти за нејзината висока интелигенција, ефикасност и практичност.rnrnСе прашувате дали ова пријателство има некакви недостатоци? Се разбира, бидејќи никој не е совршен. Нервозата на девицата може да го полудува лежерниот лав. На сличен начин избувливите епизоди на лавот, се тотално невкусни за девицата која цени бонтон однесување.rnrnДевицата е многу храбра доколку го прифати шефовски настроениот лав за свој пријател. Всушност, не е тешко да се разбере наклонетоста на девицата кон овој пријател, бидејќи лавовите зрачат со топлина и љубов. Во секој случај, справувањето со големото его на лавот, е исцрпувачко за скромната и понизна девица. На сличен начин, на лавот му се смачува да ја смирува девицата од нејзините илјадници стравови коишто ги чувствува.rnrnДоколку девицата може да остане фокусирана на силните страни на овој пријател како што се лојалноста, способноста и здраворазумноста, лавот за возврат отворено ќе ја испочитува девицата за нејзината ефикасност, постојаност и верност.rnrnОвие двајца можат да имаат наклонетост кон животни, особено кон мачки, во чие друштво можат да уживаат со часови. Заедно би уживале и во добар филм, возење велосипед или танцувајќи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.