Вагата има многу причини за да му се восхитува на нејзиниот пријател со хороскопски знак девица. Претставниците на овој знак изгледаат како сè да им е под контрола, од беспрекорната облека која ја носат, до нивниот фантастично уреден шпајз во домот. Девицата ужива во дружењето со вагата, поради нејзиниот неверојатно креативен ум и забавен дух.rn
Но, помеѓу нив можат брзо да настанат несогласувања. Вагата, и покрај тоа што секогаш кога ќе отиде кај девицата дома, во фрижидерот ја чека нејзиниот омилен сок, за неа сепак може да биде малку застрашувачки да се дружи со толку голем перфекционист. Тоа е така, бидејќи вагата е сосема обратен тип карактер. Таа секогаш ги оставала нејзините проекти до пола недовршени и постојано експериментирала со некое ново искуство во животот за да се куртули од досада.rnrnДевицата исто така има неколку работи на ум кои не може да ги сфати кај вагата. Првата работа е одбивањето на вагата да се соочи со непријатните животни случувања. Што се однесува до девицата, подобро е да се соочиш со предизвиците веднаш, пред да прераснат во поголеми проблеми. Исто така, девицата не може да ја сфати неспособноста на вагата да се фокусира на една работа или на една личност. Но, и вагата има што да ù замери на девицата. Така на пример, таа не го почитува начинот на кој девицата „спонтано“ дели совети, без тоа да биде побарано од неа. Вагата воедно, не е личност која сака да штеди и поради тоа не сака да биде критикувана дека троши премногу пари.rnrnНо, доколку девицата научи да го почитува начинот на кој вагата го живее животот и таа ќе биде инспирирана да го почитува промислениот, методичен начин на размислување на девицата. Среќна околност е тоа што и двете се многу паметни личности, кои уживаат во решавање крстозбори, гледање квизови, играње игри како „Бесилка“, „Асоцијации“ и разни други видови друштвени игри, кои вклучуваат ангажман на мозокот и комуникација.rnrnНајдобриот начин ова пријателство да успее, е вагата и девицата меѓусебно да си ги прифатат нивните разлики, така што ќе се фокусираат на активностите во кои двете уживаат, како прошетка во планина, анализирање на птиците кои летаат на небото, слушање добра музика…rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Вага и девица – пријателска комбинација
