Девица е единствениот хороскопски знак чиј симбол е жената. По природа Девиците се најчесто срамежливи, наивни, конзервативни и воздржани луѓе, кои уживаат во состојбата статус кво. Тие се независни луѓе кои умеат сами да си ги завршат своите работи. Често се самоанализираат и понекогаш имаат потешкотии да пронајдат мотивација. Поради тоа, потребен им е некој кој ќе им вели да не бидат толку строги кон себе и кој ќе ги охрабрува да успеат во своите цели. Погледнете го видеото за повеќе информации…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=HMbqGnT6O3I
Category: Девица
-

Вешто го крие своето лице: Нема да ви се верува, но овој хороскопски знак има најнежно срце
Можеби Раковите се молчаливи и не дозволуваат никој да влезе во нивниот свет. Можеби Скорпиите се мистериозни, а Рибите емотивни, но сепак, ова е хороскопскиот знак кој има најнежно срце. Тој е организиран критичар и перфекционист. Погодувате за кого се работи? Станува збор за Девица! Без разлика дали Девицата во вашиот живот ви е пријател, партнер или член на семејството, ова се 10-те работи што треба да ги знаете за овој хороскопски знак…rnrn
rnrn1. Девиците се многу чувствителни. Бидете внимателни! Тие знаат дека се чувствителни, па затоа даваат сѐ од себе за да ги контролираат своите емоции. Тие потиснуваат многу работи во себе и ќе дознаете што им пречи други тогаш кога ќе „пукнат“. Многу е важно да им дадете сигурност на Девиците за да можат да разговараат за нивните чувства. Ним многу им е важно да ги сослушате. Меѓутоа, подгответе се за следната експлозија, бидејќи Девиците се експерти за криење емоции.rnrn2. Кажувајте го тоа што го мислите, мислете го тоа што го кажувате. Девиците не поднесуваат психички игри и не сакаат претпоставки. Ако мораат да „пробиваат“ за да дознаат што мислите и чувствувате, не само што тоа ќе го сметаат за потполно губење време туку и ќе ве сметаат за незрели. Секогаш бидете искрени, но внимавајте како ќе ја кажете вистината.rnrn3. Ред, работа и уште малку ред. На Девиците им се крева косата кога ќе го чујат изразот „креативен хаос“. Не мора да се обидувате да живеете според нивните стандарди, но барем покажете намера да ги доведете работите во ред.rnrn4. Разгалете ги Девиците (бидејќи тие не го прават тоа за себе). Ретко кој знак им дава толку многу на другите, а се грижи толку малку за себе. Ако мислите дека таа вам ви наметнува невозможни стандарди, имајте на ум дека Девицата е илјада пати построга кон себе. Многу е важно да се обидете да ги разгалите припадниците на овој знак и да се однесувате добро со нив. Девиците никогаш нема да го злоупотребат тоа.rnrn5. Не ја потценувајте нивната интуиција. Токму затоа, секогаш треба да ја зборувате вистината и да бидете искрени. Не само што Девиците веднаш ги препознаваат лажговците, туку и многу ја ценат искреноста. Интуитивната Девица сама ќе ја започне тешката тема ако мисли дека вам ви е незгодно. Но, нема да можете ништо да скриете од неа, дури и ако мислите дека го правите тоа за нејзино добро.rnrn
rnrn6. Не ги земајте здраво за готово. Нивната лојалност не познава граници. Тие остануваат покрај пријателите и партнерот без оглед на сѐ. Но, ако помислат дека врската е еднострана, тие ќе ја прекинат. Тогаш ќе биде предоцна, бидејќи пред да направи таков радикален потег, Девицата веќе ви дала не само втора шанса, туку пет!rnrn7. Прифатете го тоа дека се работохоличари. Девиците се многу внимателни, без разлика дали станува збор за работа, врска или хоби. Тие се многу горди на својата прецизност и не ги поднесуваат луѓето кои лошо ја вршат својата работа. Вложувајте труд во врската, бидејќи Девицата ќе ви го возврати тоа дупло повеќе. Навикнете се на тоа дека кај Девиците на прво место е работата, а на второ забавата.rnrn8. Дајте им простор. Девиците се многу дружељубиви и сакаат да бидат меѓу луѓе, но истовремено се и ужасно самостојни. Потребно е да пронајдете рамнотежа помеѓу времето кое го минувате заедно и времето што оставате да го поминат сами.rnrn9. Бидете нивниот најголем обожавател. Ако мислите дека Девицата се однесува критички кон другите, не сакате ни да си замислите какви критериуми си поставува сама на себе. Токму затоа, на Девиците им треба поддршка и човек кој ќе им повторува дека мора да се фокусираат на нивните позитивни страни и успеси.rnrn10. Нека не ве залажува името. Девиците се многу страсни! На почетокот можеби ќе бидат малку воздржани, но откако ќе се почувствуваат сигурни во вашата прегратка, ќе се изненадите од нивната страст.rnrnВо продолжение, прочитајте ги 10-те знаци дека сте апсолутна Девица во хороскоп. -

9 особини на жените родени во знакот Девица кои нема да ги пронајдете кај никоја друга жена
Светот околу нас е прекрасно место и во него постојат толку многу работи на кои треба да се радуваме, но и кои можеме да ги научиме. Меѓутоа, светот на жените родени во знакот Девица е уште попрекрасен. Се прашувате зошто? Дознајте кои девет карактеристики ги красат жените кои се родени во овој знак.rnrn
rn1. Неа ја покренува интелигенција
rnДури иако има убаво лице, таа секогаш смета дека треба да го користи својот мозок. Таа не е некој што ќе „зборува на празно“. Наместо тоа, жената родена во овој знак мирно ќе седи и ќе ги анализира дури и најтешките ситуации на начин додека не биде подготвена да го „понуди“ своето мислења со кое сите ќе бидат задоволни. Заради оваа карактеристика, таа е многу успешна во работите кои ги извршува.rn
2. Таа е многу тактична
rnТактичноста е „уметност“ која ретко кој ја поседува. Жената родена во знакот Девица ќе „фрли“ око на нешто што во релативно краток рок ќе биде нејзино, бидејќи таа знае како да ги одигра нејзините карти. Исто така, тоа е и заради едноставната карактеристика со која жената во знакот Девица скоро секогаш знае како да го добие она што го сака.rn
3. Таа е супер-организирана
rnКога станува збор за организираноста, таа е секогаш на врвот од листата. Подготвена е неколку дена однапред за настаните во кои треба да учествува. Ова е заради тоа што таа има самодисциплина и чувство за управување со времето. Секогаш е супер-организирана и многу ретко прави гужва.rnrn
rn4. Таа е мислител
rnОдносно, критичкиот и логичкиот начин на размислување, кај жените родени во овој знак, се случува сосема природно. Нејзиниот ум е како густа шума исполнета со разновидност, единствени и креативни идеи кои само чекаат да „испливаат“ надвор. Таа секогаш сака да размислува и да генерира нови идеи. Тоа е и една од тајните која се крие зад нејзината неповторлива креативност.rn
5. Таа се сеќава и на најситните детали
rnБез разлика дали е во прашање роденден или годишнина, жената родена во овој знак тоа никогаш не го заборава. Таа е надарена со толку добро помнење што скоро сѐ што ќе види или чуе многу ретко го заборава.rn
6. Таа е многу искрена
rnИскреноста е една од најважните особини, ако не и најважна, во врските, но е и доста ретка. Но, кога станува збор за жените родени во знакот Девица, нејзините мисли се како отворена книга. Доколку има нешто против некоја друга личност, таа ќе се обиде да ѝ го даде тоа и до знаење. Озборувањето и зборувањето зад грб не е ниво на кое жената родена во овој знак би се спуштила. Исто така, доколку има нешто убаво да каже на некоја личност, таа нема да се двоуми да го направи тоа.rnrn
rn7. Таа е храбра
rnКога по прв пат ќе запознаете жена во овој знак, таа може да изгледа интровертна или срамежлива. Меѓутоа, кога подобро ќе ја запознаете, ќе сфатите каква е всушност. Таа поседува храброст да направи сѐ што ќе ѝ посака срцето, без разлика што другите имаат да кажат за тоа. Исто така, таа има храброст да го каже она што го мисли, не грижејќи се многу за последиците. Значи, кога ќе запознаете дама родена во овој знак, пред себе имате храбра жена која е во состојба да подмести планини и да се бори како лав.rn
8. Многу е толерантна
rnТаа може да изгледа кревка и слаба однадвор, но е многу јака однатре. Таа може да ги трпи сите проблеми на овој свет, а и понатаму да има широка насмевка на лицето. Доколку навистина ѝ е грижа за некого, ќе толерира голема количина болка и патење заради таа личност.rn
9. Таа е многу добра пријателка
rnНа жената во овој знак не ѝ е тешко да се согласува со кој било. Таа е скоро секогаш весела и заради таа особина сите сакаат да се дружат со неа. Покрај тоа, таа е многу приземна и топла личност и заради тоа е многу достапна за другите луѓе. Често има тенденција да „гази низ трње“ кога треба да ѝ помогне на некоја личност за која навистина се грижи. Сето ова ја прави прекрасна пријателка.rnrnДоколку сте заљубени во девојка во знакот Девица, погледнете како вистински да сакате девојка родена во знакот Девица.
-

Дознајте кој хороскопски знак ќе биде вистински магнет за спротивниот пол ова лето
Драги Девици, очекувајте наредните неколку месеци да бидете затрупани со примамливи понуди од спротивниот пол. Страст, флертови и бакнежи на полна месечина се само мал дел од возбудливите случувања што ве очекуваат ова лето.rnrn
rnrnВо јуни, Девиците ќе бидат под големо влијание на ретроградниот Сатурн кој негативно ќе им влијае на професионален план, но затоа, пак, во љубовта ќе им ги отвори сите врати. Нема да треба ни да тропнете, бидејќи понудите ќе доаѓаат од сите страни. Зафатените Девици може да очекуваат дополнителна страст во врската.rnrnЈули е особено поволен месец, бидејќи осамените припадници на овој знак ќе се забавуваат како никогаш претходно. Сето она што Девиците го замислувале на љубовен план, конечно ќе се реализира во текот на овој месец. Имајте предвид дека можно е да се појави некоја стара љубов или да започнете врска со личност која ја познавате подолг временски период, но досега ништо се нема случено помеѓу вас.rnrnАвгуст ќе ви биде резервиран за страст и копнеж, а на вас останува само да се препуштите на флертот и мистериозните погледи. Не заборавајте дека треба да бирате паметно и максимално да го искористите секој момент од летото. -

Дури и ако имаат неколку докторати зад себе, Девиците се неодоливо слатки во љубовта
За пребирливите Девици, љубовта може да биде предизвик, особено ако се вклучени и високи стандарди. Како најголемиот перфекционист во зодијакот, ретко кој ги поседува потребните критериуми за да ги задоволи потребите на Девицата. Таа попрво би била сама отколку да прифати нешто помалку од тоа што смета дека го заслужува – што мора да признаете дека е одличен став, сè додека очекувањата се реалистични.rnrn
rnrnКога очекувањата се поставени правилно, процесот на отфрлање на сите оние некомпатибилни партнери оди многу брзо и лесно. Сепак често се случува и никому да не дадат шанса – доволна е само една грешка за тие целосно да се оттргнат и од личноста што прво ја дефинирале како соодветна за нив. Со оглед на тоа што првите состаноци се преполни со нервозни моменти, Девиците мора да научат да бидат потрпеливи и да им дадат на луѓето вистинска шанса доколку сакаат да си ги зголемат можностите за пронаоѓање вистинска љубов.rnrnАналитичните Девици имаат уникатна способност да ги „мерат“ луѓето, мижуркајќи ги очите за да го проценат суштеството пред нив. Тие не мислат зло, едноставно се обидуваат да ги забележат дури и најмалите и најскриените детали. Иако е со добра намера, често знае да биде застрашувачки за личноста од другата страна, бидејќи тој или таа се чувствуваат како да се под микроскоп.rnrnБез разлика на тоа колку се силни на зборови и дела, тие сепак имаат одредена детска невиност во себе. Дури и ако изгледаат силно или се однесуваат диво, кога станува збор за романса, Девиците знаат да бидат многу старомодни. Тие сакаат да ја одиграат целата фантазија – од романтичното запознавање, до силното будење на страстите. Дури и ако имаат своја лабораторија или неколку докторати, кога станува збор за романсата, тие се неодоливо слатки. Сепак, и покрај фантазиите, потенцијалниот партнер мора да помине низ долга и тешка проверка.rnrnПонекогаш Девиците може да бидат интроверти, иако повеќето од нив се од оној тип луѓе што ненадејно ги издаваат вашите тајни, правејќи им на луѓето да им биде потешко да им се приближат. Но тоа не ги спречува постојано да се обидуваат, за да го задоволат романтичарот во себе. Сепак мора да внимаваат да не се заљубат во нечиј потенцијал, наместо во тоа што личноста пред нив навистина е.rnrnДознајте што се крие под површината на овој хороскопски знак за кој се вели дека нема срце. -

Дознајте што се крие под површината на овој хороскопски знак за кој се вели дека нема срце
Луѓето родени во овој знак се точни и пресметани. Секогаш однапред ги планираат работите за да се уверат дека сѐ ќе помине во најдобар ред. Се стремат кон совршенство во сите животни области. Совршен партнер, совршена кариера, совршени пријатели, совршен дом и совршен живот. Поради тоа, тие не ја поднесуваат човечката глупавост и неразумност. Обично се смирени, но ако успеете да го преминете нивниот праг на толеранција, подгответе се за најбурната реакција што некогаш сте ја виделе!rnrn
rnrnМожеби ќе ви ја простат грешката, но никогаш нема да ја заборават и постојано ќе ви ја вадат низ нос. Погодивте за кого станува збор? Секако дека се работи за најголемите перфекционисти – Девиците. За припадниците на овој знак љубовта е мистерија што со нетрпение чекаат да ја откријат и да ѝ се предадат. Секогаш свесно размислуваат со главата, а не со срцето и веруваат само во она што ќе го видат со свои очи.rnrnКога ќе се вљубат вистински, тие се целосно посветени на нивната врска и партнер, но љубовта ја гледаат и од практичен аспект. Со оглед на тоа што постојано се зафатени со размислување и планирање, не можат да се опуштат целосно. Па затоа, многу често нивна најголема љубов е нивната работа, дом или хоби. Овие работи зависат само од нив и тие ќе се погрижат да бидат совршени. Во љубовните врски, работите во голема мера зависат и од друга личност. Тоа за Девиците е малку неприфатливо.rnrnДобриот партнер треба да се обиде да ги опушти и да ги натера да заборават на сериозноста и внимателноста. Девиците треба да научат како да почувствуваат страст и топлина. Треба да разберат дека љубовта не е некаква анализа или пресметка, туку дека има многу подлабоко и посуштинско значење.rnrnМразат кога некој ги прекинува додека зборуваат. Доколку не објаснат сѐ детално, исто како да не кажале ништо. Ако некој се обиде да ги прекине, тие стануваат многу нервозни и почнуваат гласно да викаат за да ја довршат мислата.rnrnПамтењето им е фотографско и математички точно. Нивната силна логичка интелигенција ги доведува до конфликт со сопствените емоции. За нив сѐ мора да има логика. Но, проблемот е што во емоциите најмалку ја има. И тука тие потполно губат контрола, па затоа најчесто одбегнуваат емотивни ситуации. Очекуваат и бараат чистота и точност, а и самите знаат да бидат неуредни и несовесни. Девиците најчесто доцнат. Нема шанси да победите во караница со Девица. Тие користат податоци што засекогаш ги запечатиле во нивното сеќавање.rnrn
rnrnКога станува збор за љубовта, нивната е чиста како солза. Ако вистински сакаат, не изневеруваат. Но, доколку нивните чувства не се интензивни, знаат да ја побараат возбудата и на друго место. Воопшто не му веруваат на партнерот. Посесивни се и ужасно љубоморни, иако се трудат тоа да го скријат најдобро што можат. Подготвени се да направат секакви глупости само за да го докажат неверството на партнерите. Ќе им ги прислушуваат разговорите, ќе им ги читаат пораките и неочекувано ќе се појавуваат кога нивните сакани ќе бидат излезени со друштво. Некои одат и дотаму што изнајмуваат приватен детектив.rnrnТие навистина никому не веруваат. Нивниот сомнеж знае овие интелигентни луѓе да ги претвори во будали. Иако се свесни за нивното деструктивно однесување, тоа е посилно од нив и нема да се откажат додека не ја дознаат вистината. Само тогаш ќе можат да се смират, без оглед на тоа дали сознанието до кое ќе дојдат е добро или лошо. Тие само сакаат да си докажат себеси и на партнерот дека се во право. Таа нивна потреба секогаш да бидат во право е главната причина што ги уништува сите нивни љубовни врски.rnrnСекако дека Девиците имаат и многу позитивни карактеристики поради кои вреди да ги имате како пријатели и љубовни партнери. Доколку тие се чувствуваат сигурно и не им дадете никаква причина за сомнеж, подгответе се за најтоплата и најромантичната врска што некогаш сте ја имале.rnrnВо продолжение прочитајте уште неколку типични карактеристики на овој хороскопски знак:rnrn1. Припадниците на овој знак се длабоки, чувствителни и промислени луѓе.rnrn2. Кога ќе ви треба помош, Девицата прва ќе се појави на вашата врата без да ја побарате.rnrn3. Девицата ќе ви го среди шкафот, гаражата или кујната и тоа ќе ѝ биде забавно.rnrn4. Како да знаете дали Девицата е заинтересирана за вас? Доколку сака да ве види, никогаш нема да доцни. Но, доколку состанокот не ѝ е толку по волја, може да задоцни и повеќе од 15 минути.rnrn5. Девицата сака за сѐ да биде добро известена, во спротивно целосно се повлекува во себе.rnrn6. Девиците се секогаш организирани.rnrn7. Девиците секогаш имаат план. -

Жената родена во овој хороскопски знак има една единствена мисија во животот: Да биде херој!
Посветена, снаодлива, духовита, внимателна, практична, скромна и прецизна. Тоа се главните карактеристики што ја одликуваат жената родена во овој хороскопски знак. Нејзината мисија во животот е да биде херој и да предизвикува восхит кај луѓето со нејзиното знаење и интелигенција.rnrn
rnrnМожете да погодите за кого станува збор? Секако дека се работи за Девицата. Девицата е земјен знак, а поради тоа секогаш стои цврсто на земјата, не лета во облаците и размислува реално. Големо внимание обрнува на деталите и буквално мисли на сѐ. Таа е лојален пријател на кого секогаш можете да сметате. Обожава планирани рутини. Слободното време сака да го поминува во долги прошетки во природа. Никогаш не доцни, а доколку ви делува ладна и отсутна, знајте дека таа е само срамежлива и неодлучна.rnЉубов
rnКога ќе се заљуби, Девицата е целосно посветена на врската. Има цврсти критериуми од кои не отстапува и затоа попрво би останала сама отколку да биде со погрешниот човек. Таа не го тражи вистинскиот, туку совршениот. Тука не се мисли на партнер без никакви мани и недостатоци, Девицата многу добро е свесна дека таков човек не постои. Таа само бара некого со кого совршено ќе се согласува. Деталите ѝ се многу важни, па од нејзиниот партнер ќе очекува мали романтични гестови како што се цвеќиња, слатки пораки и ситни подароци. Девицата е скромна и конзервативна во многу животни области и затоа таа сака партнерот да презема иницијатива. Многу е строга кон себеси и токму поради тоа ѝ треба партнер кој ќе ја поддржи и разбере. Најдобро се согласува со Скорпиите, Близнаците, Раковите, Биковите и Јарците.rn
Пријателство
rnДевицата е секогаш тука да помогне. Таа ќе биде присутна на секој важен настан во животот на нејзините пријатели. Освен тоа, никогаш не ги заборава родендените на луѓето кои ѝ значат. Благодарение на нејзината критичка и практична природа, секогаш знае да даде одличен совет, но само кога некој ќе го побара тоа од неа, бидејќи не сака своеволно да се плетка во туѓите проблеми. Доколку сакате да ѝ се заблагодарите поради нешто, бидете дискретни. Девиците се големи скептици кога станува збор за големи гестови и гласно покажување емоции. Повеќе ги ценат тивките и едноставните искажувања на благодарност.rnrn
rnНадворешен изглед
rnДевиците се многу младолики. Имаат овално лице, остар поглед кој постојано набљудува и анализира, долг нос, широка насмевка, витка линија, широки рамена и мали стапала. Косата им е обично кафеава, а очите сиви или со боја на лешник. Нивниот надворешен изглед е многу впечатлив и добро знаат да го искористат тоа. Најголеми физички адути им се рамниот стомак и тенкиот струк.rn
Стил
rnПрефинетите и безвременски парчиња облека се дел од секоја модна комбинација на Девицата. Обожава облека која е соодветна за секоја пригода, односно таква што ќе ѝ овозможи од работа да отиде на ручек, вечера или вечерно излегување. Никогаш не излегува од дома без да стави дезодоранс, бидејќи овој знак сака секогаш да мириса убаво и свежо. Дискретната Девица не сака да открива колку време троши на нејзиниот изглед и колку навистина се грижи за себе. Најомилени ѝ се земјените бои како што се сивата, жолто-кафеавата и морнарската сина. Нејзината гардероба изобилува со практични и елегантни парчиња облека. Не сака екстремни работи, туку кај неа сѐ е практично, суптилно и повеќенаменско. Редовно користи накит за да го надополни изгледот и да му даде свој оригинален печат. Перфекционистичката природа на Девицата посебно доаѓа до израз во шопингот. Таа внимателно проверува дали сѐ е во ред со производот што ѝ се допаѓа, а добро познато е дека на нејзиното око соколово ништо не може да му побегне. Не е ништо чудно доколку ја забележите Девицата во одделот за здрава храна, бидејќи таа внимава на нејзината исхрана и витка линија.rnrnНе е никакво изненадување тоа што многумина ја сметаат Девицата за сестрана личност која никого не може да остави рамнодушен.
-

9 причини зошто Девиците ви се потребни во животот иако никогаш не сте биле свесни за тоа
Припадниците на хороскопскиот знак Девица делуваат срамежливо на прв поглед, но откако добро ќе ги запознаете ќе ви биде многу драго што ги имате во животот. Девиците иако делуваат ладно и рамнодушно, тие носат голема љубов во себе за сите живи суштества на светот, така што не се чудете ако забележите дека понекогаш зборуваат со улични животинчиња. Освен тоа, тие ја обожаваат природата. Девиците никогаш нема да одбијат активности во природа како што се кампување, џогирање, планинарење, пешачење или скијање.rnrn
rnrnТочно е тоа дека понекогаш ги сфаќаат работите премногу сериозно и знаат да се фокусираат само на работата и на ништо друго, но кога конечно ќе се опуштат бидете сигурни дека со нив ќе си поминете лудо и незаборавно. Во продолжение прочитајте зошто родените во овој знак се најдобрите пријатели што можете да ги посакате и зошто ви треба барем една Девица во животот…rn1. Девиците се вистински пријатели
rnДоколку вашиот најдобар пријател или пријателка се родени во овој знак, можете да сметате дека тоа ќе остане така засекогаш. Нема да најдете полојална личност од Девицата. Девиците го сфаќаат пријателството многу сериозно и никогаш не би направиле нешто што може да го загрози. Секогаш ќе застанат на ваша страна, дури и да сте погрешиле. Можеби потоа ќе ви укажат на грешката, но пред сите останати ќе ве одбранат и поддржат. Можете да сметате на нивната помош секогаш кога ќе ви биде потребна, бидејќи Девиците најмногу од сѐ сакаат да помагаат. Доколку забележат дека нивното присуство е навистина неопходно, тие ќе бидат до вас дури и да сте на другиот крај од земјата.rn
2. Девиците имаат добро срце
rnДевиците се неверојатно добродушни и учтиви. Освен тоа што сакаат да помагаат, тие знаат и како да се однесуваат во секоја можна ситуација. Никогаш нема да забележите дека се збунети и дека не знаат што да прават, иако тие можеби навистина така се чувствуваат. Секогаш се насмеани кога запознаваат некоја нова личност, бидејќи сакаат да остават добар впечаток. Вашите родители веднаш ќе ја прифатат Девицата како член од семејството и немојте да се лутите ако почнат да ве споредуваат со неа и посакаат да бидете како неа.rn
3. Девиците имаат добро око за детали
rnДевиците обрнуваат внимание на ситниците. Тие знаат дека малите работи понекогаш се поважни од големите. Тие веднаш ќе ја забележат вашата нова фризура дури и да сте ја скратиле косата само 3 центиметри. Девицата ќе биде и првата која ќе забележи дека нешто се случило поради што не сте баш расположени. Ништо нема да можете да сокриете од неа, бидејќи таа веднаш ќе знае како се чувствувате само по вашиот поглед и тон на гласот.rnrn
rn4. Многу се посветени на работата
rnЗборот „откажување“ не постои во нивниот речник. Сѐ што ќе започнат, тие мораат да го завршат и тоа на најдобриот можен начин. Никогаш нема да запознаете поодлучна и попосветена личност од Девицата. Доколку некогаш се скарате, таа нема да крене раце додека не се средат работите помеѓу вас.rn
5. Девиците ќе знаат што точно ви треба
rnДевиците поседуваат неверојатна самоконтрола. Тие никогаш не купуваат работи што не им требаат само затоа што им се допаднале. И тоа важи за сите сегменти од нивниот живот. Девиците се неверојатно практични и не прифаќаат нешта што не им се потребни. Токму затоа тие ќе можат да ви помогнат да разберете што е она што навистина ви треба. Можеби ќе ве нервираат малку со нивната практичност, но подоцна ќе им бидете благодарни кога ќе сфатите колку пари сте заштедиле.rn
6. Заборавете на Гугл! Девиците знаат сѐ
rnДевиците се многу љубопитни и секогаш се добро информирани за сѐ што се случува во светот. Освен тоа, обожаваат да читаат и располагаат со многу добар вокабулар. Постојано ќе се чудите како е можно нивната глава да собира толку многу информации. Ако ви треба препорака за книга, обратете се кај Девицата бидејќи таа веќе има прочитано сѐ, од хорор до љубовни романи.rnrn
rn7. Девиците внимаваат на хигиената
rnСекако дека постојат и неуредни Девици, но дури и тие хаосот обично го задржуваат за себе и никогаш не го покажуваат пред другите. Девиците се идеалните личности за на одмор, бидејќи тие никогаш не ги одбегнуваат обврските околу чистење и фрлање ѓубре. Можете да бидете сигурни дека садовите секогаш ќе бидат измиени и тоа без вообичаените расправии кој да го направи тоа. Вие додека се карате кој бил на ред, Девицата веќе ја средила кујната без никаков приговор.rn
8. Секогаш ќе знаат да ви го понудат најдобриот совет
rnДевиците обожаваат да слушаат. Но, уште повеќе обожаваат да делат совети. Девиците знаат дека се многу паметни и најмногу од сѐ сакаат кога и другите им го признаваат тоа. А има ли поголемо признание од барањето совет и мислење? Каков и да е проблемот, тие ќе го разгледаат од сите можни аспекти, ќе ви понудат еден куп алтернативи и потоа ќе ви помогнат да го најдете најдоброто решение. Нивниот совет никогаш нема да биде непромислен и неразумен. Бидете сигурни дека нема шанси да погрешите доколку ги послушате.rn
9. Девиците знаат како да се забавуваат
rnСпротивно на општото верување, Девиците сакаат и знаат како да се забавуваат. Доброто кај нив е што имаат мерка и знаат каде да повлечат граница. Многу ретко им се случува да направат работи за кои подоцна се каат. А тоа значи дека со нив ниту вие нема да претерате, бидејќи тие ќе стават кочница на сите ваши лоши одлуки за кои утредента ќе зажалите. Исто така тие знаат кога е време за работа, а кога за забава. Имаат неверојатни работни навики и знаат да работат и по цели денови без престан ако е потребно. Но, подоцна кога совршено ќе ги завршат нивните обврски, ќе се изненадите од тоа колку креативни начини на забавување можат да смислат.
-

Разумни, грижливи и духовити: Дознајте сè за жените Девици
Посветена, снаодлива, дискретно духовита, грижлива, практична, разумна, скромна, срамежлива, прецизна – сето ова се главните карактеристики на жените родени во знакот Девица. Нејзината мисија е да биде херој и да ги маѓепсува луѓето со своето знаење и интелект. Со Девицата владее планетата Земја, поради што е практична и своите мисли ги базира на реалноста, а не на фантазијата. Низ животот оди цврсто на земја, движејќи се грациозно и нежно во својата разумна стварност.rnrn
rnrnОриентирана на детали, оваа „жена динамит“, секогаш мисли на сè и на неа можете да се потпрете во секое време. Нејзиниот пристап кон работите е систематски и сака да го планира својот живот. Слободното време најчесто го минува во долги прошетки во природа или работејќи со цвеќиња во градината. Еден од нејзините најголеми квалитети е што секогаш и секаде доаѓа на време. Можеби на прв поглед изгледа студена и отсутна, но всушност е срамежлива и неодлучна.rnСекс и врски
rnЦелосно посветена кога е во врска, Девицата е сигурен и лојален партнер и за неа е важен секој детаљ пред да се врзе за партнерот. Таа смета дека е подобро да биде сама отколку со погрешна личност – таа не го бара вистинскиот, туку совршениот партнер. Но, таа не бара некој совршен во буквална смисла на зборот (затоа што такви луѓе едноставно не постојат), туку бара човек со кој таа совршено ќе си одговара. Деталите ѝ се многу важни и од партнерот очекува мали „зачини“ во врската. На пример повремено да ѝ подари цвеќе, миризлива свеќа, но и предигри во спалната соба.rnrnСепак, поради нејзината скромна и конзервативна природа во многу области од животот, Девицата не е склона кон големи експериментирања во креветот (иако секогаш постојат исклучоци) и најчесто сака партнерот да ја преземе иницијативата. Бидејќи е многу строга кон себеси, сака потврда од партнерот дека во сексот сè е во ред. Најдобро ѝ оди кога е во љубовна врска со Скорпија, Близнаци, Рак, Бик и Јарец.rn
Пријателство
rnПрипадничките на овој знак се познати по својата пожртвуваност и верност кога станува збор за пријателството. Девицата е секогаш тука за секое важно случување во животот на нејзините пријатели. Никогаш не ги заборава родендените на луѓето кои ѝ значат. Нејзината критичка природа и практичност ја прават пријателка која знае секогаш да го даде вистинскиот совет, но само доколку од неа се побара тоа. Девицата нема навика да се меша самоиницијативно во туѓи работи.rnrnКога нејзините пријатели сакаат да ѝ се заблагодарат за помошта која им ја пружила, тоа би требало да го направат на дискретен начин. Девиците не ги сакаат големите гестови и гласното искажување на емоциите. Повеќе сакаат едноставна и тивко изречена благодарност.rn
Изглед
rnМладешкото лице, остриот поглед кој секогаш детално анализира, долгиот нос, големата и широка насмевка, витката линија и малите стапала се главните карактеристики на физичкиот изглед на Девицата. Косата најчесто ѝ е кафена, а очите ѝ се крупни, во боја на лешник. Горниот дел од главата е забележливо поголем, што се поврзува со особено големата интелигенција која што ја поседуваат овие жени. Тие генерално се впечатливи и имаат особен шарм и привлечност.rn
Стил
rnДевиците се познати по својот префинет изглед и безвременска облека. Девицата сака кога во удобна облека може од работа да отиде на ручек или вечера во ресторан или да продолжи во ноќно излегување. Не можат да си го замислат животот без дезодоранси, затоа што се особено педантни и сакаат да мирисаат свежо во секое време. Но, грижата околу нејзиниот изглед и нејзиното здравје си е нејзина интимна работа и не сака многу да ги споделува тие моменти со околината. Нејзините омилени бои се земјените тонови, како сивата или жолто кафеавата, но и морнарско сината. Со својата практичност таа знае добро да ги носи сите модни комбинации. Не сака ништо екстремно, туку едноставни, практични, суптилни и прилагодливи парчиња. Многумина ја нарекуваат Девицата чувар на квалитетите.
-

Како вистински да сакате девојка родена во знакот Девица?
Комбинација од интелигенција, добрина и желба да им се помогне на другите. Оние кои имаат Девица во својот живот знаат точно за што станува збор. Не е лесно да ја натерате Девицата да ви се отвори, особено ако се работи за љубовна врска, но кога тоа конечно ќе се случи, ќе сфатите дека вредело целото тоа чекање и трпение. Девицата секогаш го предизвикува нејзиниот партнер да почне да размислува на поинаков начин и сака некој кој ќе покаже смисла за хумор исто толку чудна колку нејзината и ќе може да ја насмее. Кога Девиците сакаат, сакаат со целото свое срце било да се работи за партнер, пријател или домашно милениче. Девиците ни покажуваат дека љубовта е многу потценета и не се плашат да ја покажат. Токму затоа, има посебни начини на кои треба да им се покаже љубов, а следниве се неколку од нив…rnrn
rnСекогаш вложувајте труд во врската
rnДевицата секогаш вложува многу труд и го очекува истото и од нејзиниот партнер. Доколку не се трудите доволно во врската, не очекувајте Девицата да го прави истото. Девиците исто така сакаат момци кои знаат да се грижат за себе. Момците кои имаат стабилна работа и знаат да мислат со своја глава се многу привлечни за Девиците.rn
Ценете ја нејзината интелигенција
rnДевиците имаат многу методичен пристап кон животот, што значи дека секогаш размислуваат за нивниот следен чекор. Тие не се плашат да потрошат малку време на размислување пред да донесат одлука, ако знаат дека подоцна ќе бидат задоволни со резултатот. Покажете им љубов со тоа што ќе ја цените нивната интелигентна природа. Таа знае дека понекогаш претерува со сите тие нејзини методи, но исто така знае дека на луѓето кои ја сакаат не им пречи тоа. Слушајте ја внимателно кога се обидува да реши некој проблем или да испланира патување, можете многу да научите од неа.rn
Одвојте време за да се опуштите заедно
rnДевицата понекогаш знае да се изгуби во нејзините мисли и поради тоа може да се почувствувате како сѐ во врската да се врти околу работа,а нема никаков простор за забава. Потсетете ја колку е важна вашата врска. Испланирајте излет во паркот или гответе заедно. На тој начин ќе се зближите и ќе ѝ помогнете да се опушти и да ги смири нејзините нерви.rn
Немојте нејзината интроспективна природа погрешно да ја интерпретирате како срамежливост
rnТочно е дека има срамежливи Девици, но она што навистина се случува во нивните глави е интроспективно размислување. Девиците премногу размислуваат и можат да поминат со часови во мислење на нешто што не е толку важно. Доколку нејзината тивка природа се разликува од вашиот карактер, обидете се да ја натерате гласно да ги искажува нејзините мисли. На почеток ќе ѝ биде тешко, но верувајте дека ќе го цени тоа што сакате да ја ислушате.rnrn
rnПомогнете ѝ дури и кога не бара помош
rnДевиците најмногу од сѐ мразат да бараат помош. Со целото тоа нејзино размислување, таа не сака кога треба да побара туѓо мислење. Таа попрво би се мачела сама, отколку да ја побара вашата помош. Наместо да дозволите тоа да ве фрустрира, понудете ѝ помош дури и кога не побарала. Длабоко во себе, таа сака маж кој ќе биде тука за неа, без да го побара тоа од него.rn
Добрината ќе ве однесе далеку
rnЕдна од најголемите доблести на Девицата е нејзината способност да биде фина во речиси секоја можна ситуација и токму тоа ја прави толку прифатена и обожавана од другите. Девиците не можат да поднесат луѓе кои се некултурни без причина, така што ако вам тоа ви претставува забава, заборавете на Девицата. Девицата сака партнер кој ќе биде добар кон луѓето и животните. Таа ги обожава животните и ако не можете кон неа и нејзиното милениче да се однесувате со истата почит, вашата врска нема да трае долго.rn
Не ги занемарувајте ситниците
rnДевиците обрнуваат големо внимание на деталите. Таа секогаш ќе се грижи за вас и ќе внимава да не ви недостасува нешто. Ако сакате да ѝ покажете на Девицата дека ја сакате и се грижите за неа, возвратете ја улогата. Таа ќе ја обожава вашата порака за добро утро или тоа што ќе отидете со неа во супермаркет. Ситниците се од големо значење кога сте со девојка родена во знакот Девица.
