КАФЕ ПАУЗА

Водолија и девица – љубовна комбинација

Водолија и девица - љубовна комбинација

Кога водолија и девица ќе се најдат во љубовна комбинација, тие можат да го извлечат или најдоброто или најлошото еден од друг. Водолијата е страсна, темпераментна, секогаш со некоја нова уникатна идеја на ум, а девицата е уредна, промислена и има тенденција честопати да крева врева без причина. Девицата е секогаш организирана и во одлучувањето се потпира на својот разум, а водолијата е посовремена и смета дека рутинското живеење е нешто незамисливо.Водолија и девица - љубовна комбинацијаДевицата и водолијата имаат многубројни карактерни разлики. Но, во овој случај тие не претставуваат проблем, туку напротив нивните различни ставови околу работите, им овозможуваат да научат многу еден од друг, благодарение на што можат да станат поцелосни и поуспешни личности.rnrnКако и кај секој друг пар, така и во овој, може да се јават недоразбирања. Девицата може да ја смета водолијата за многу атрактивна, но може да почне да ја нервираат неуспешните обиди да „влезе“ во нејзиниот артистички ум. Од друга страна, водолијата може да се вознемирува од критицизмот на девицата, но ќе ужива во стабилноста и удобноста која и ја нуди овој љубовен партнер.rnrnДевицата е предводена од Меркур, а водолијата од Сатурн и Уран. Влијанието од Меркур ја прави девицата комуникативна, организирана и ефикасна. Сатурн ја симболизира трудољубивоста, организираноста и насоченоста на водолијата кон реализација на поставените цели. Уран се однесува на необичноста и уникатноста на водолијата и нејзината тенденција да се фокусира кон иднината.rnrnДевицата ќе се обиде да внесе организација, удобност и чувство за рационалност во животот на водолијата. Водолијата пак, ќе ја инспирира девицата да биде повоздржана од коментирање и да стои зад она во кое верува.rnrnВодолијата го поминува целиот живот барајќи нешто кое ќе и ја просветли душата, додека девицата е фокусирана на „билдање“ на нејзиниот интелект. Додека девицата за секоја ситуација си ги поставува прашањата „зошто“ и „како“, водолијата е едноставно во потрага по нешто привлечно и возбудливо, без разлика дали истото е практично или не, и секогаш се прашува „што е следно?“. Понекогаш на овие партнери може да им претставува проблем да се разберат еден со друг.rnrnКонфликт во овој љубовен пар може да настане доколку девицата почне премногу да го анализира несовршенството во нивната врска или доколку водолијата стане премногу „студена“ и отсутна во мислите. Овие партнери мора да научат меѓусебно да ги почитуваат нивните различни погледи кон животот и да разберат дека токму од тие разлики може да научат многу нешта, кои ќе го збогатат нивниот живот со задоволство и хармонија.rnrnВодолијата има тенденција да биде доста тврдоглава, неразумна и самоуверена. Но, кога работат на остварување на заеднички цели, овие љубовни партнери ја внесуваат целата нивна страст, упорност и издржливост. Девицата лесно се прилагодува на секакви социјални збиднувања и со задоволство сака да и помага за било што на нејзината водолија, сè додека таа умее да ги цени нејзините напори. Конфликтите во оваа врска би требало да се ретки и најчесто се решливи благодарение на флексибилната природа на девицата, а не поради правењето отстапки во име на љубовта, од страна на водолијата.rnrnАко овие два знака успеат да сфатат дека работат на остварување на една заедничка цел – нивната среќа, ќе им биде многу поедноставно да допрат до срцето на својот партнер. Среќна околност е што девицата е пореалистична и ќе се обиде да ги држи работите под контрола во конфликтни ситуации, бидејќи водолијата сигурно нема да биде таа што прва ќе попушти.rnrnНајдобриот аспект од љубовниот пар водолија-девица, е комбинацијата од нивните различни амбиции, која може да ги одведе до чудесни работи. Оваа врска е поучна, корисна и задоволителна за двајцата партнери.