Иако изјавата „те сакам“ е најмоќната реченица во светот што сите сакаат да ја слушнат како потврда за љубовта, сепак постојат неколку реченици што жените повеќе би сакале да ги слушнат. Овие изјави покажуваат дека за успешна врска е потребно многу повеќе од љубов.rnrn
rn
1. Ќе ти простам
rnЌе ти простам за сите невнимателно кажани зборови по напорниот ден.rnrnЌе ти простам за сите оние ситуации во кои не бевме свесни како се повредуваме.rnrnЌе ти простам за сите големи и мали грешки.rn
2. Ќе се жртвувам за тебе
rnЌе го жртвувам моето време за нешто што сакаш да го правиш.rnrnЌе останам покрај тебе додека се грижиш за нашето бебе иако рано наутро треба да одам на работа.rnrnЌе направам нешто убаво за тебе затоа што си настината.rn
3. Ќе те почитувам
rnЌе те почитувам за сè што си.rnrnЌе ги почитувам твоите чувства, мислења, уникатност.rnrnЌе ги почитувам твоите соништа и желби.rn
4. Ќе те поддржувам
rnСекогаш ќе ти го чувам грбот.rnrnМожеш да се потпреш на мене и секогаш ќе се трудам да имаш сè што ти треба.rnrnКога ќе паднеш, ќе ти помогнам да станеш.rn
5. Ќе те заштитувам
rnЌе ја заштитам нашата љубов.rnrnЌе нè штитам од оние што не ни посакуваат добро.rnrnЌе ти бидам прибежиште и безбедно пристаниште.rnrnЌе бидам некој на кого секогаш можеш да му веруваш.rn
6. Секогаш ќе бидам среќен што си со мене
rnПовеќето личности остануваат покрај луѓето што им простуваат, што ги поддржуваат, што им помагаат да станат кога ќе паднат, што се многу повеќе од само едно „те сакам“.rnrnПрочитајте ги овие пет митови за врските и за бракот што ги учите од околината.