Рецепт за крофни: Идеален за почетници!

Рецепт за крофни: Идеален за почетници!

Сигурни сме дека крофните се омилената ужинка на многумина од вас. Во продолжение ви споделуваме едноставен рецепт кој е погоден особено за почетници во кујната.

Рецепт за крофни: Идеален за почетници!

Потребни состојки:

  • 700 грама брашно
  • 2 јајца
  • 50 грама свеж квасец
  • 50 милилитри масло
  • 200 милилитри млеко
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • рендана кора од портокал или лимон
  • масло за пржење
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

1. Во длабок сад се става брашното и се додаваат јајцето, маслото, млекото, солта, шеќерот, ванилиниот шеќер, кората од портокал и издробениот квасец. Добро измешајте и замесете помеко тесто. Внимавајте тестото да не се лепи, покријте го со крпа и оставете го да нарасне околу еден час.

2. Кога тестото ќе нарасне, извадете го на работната површина на која претходно сте посипале брашно и поделете го на два дела. Еден дел развлечете го со сукало и со чаша направете кругови. Постапката повторете ја и со другата половина од тестото, па оставете ги крофните да отстојат уште дваесетина минути.

3. Во длабока тава загрејте поголема количина масло и полека додајте ги крофните да се пржат на средна температура. Доволни се неколку минути од двете страни. Кога ќе бидат готови, оставете ги на салфетка да се исцедат, а врз нив посипете шеќер во прав. На здравје!

Откако го прочитавте рецептот за крофни, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за посни крофни со шлаг.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар