По повод месецот на женската историја фотографката Eunique Jones го основа проектот „Поради нив можеме“, со цел да се истакнат имињата на жените низ историјата кои овозможиле подобри услови за идните генерации. Дел од проектот се фотографиите од малечки девојчиња, кои облечени како најголемите и најпознатите женски ликови во историјата, ги пренесуваат нивните пораки.rnrnМедлин Олбрајт – „Ми беше потребно прилично долго време за да се стекнам со глас, и сега кога го имам нема да останам тивка.“rnrnАна Марија Чавез – „Едноставно, на девојчињата им се потребни личности кои ќе им постават добар пример, и ментори.“rnrnФрида Кало – „Ја сликам сопствената реалност.“rnrnХилари Клинтон – „Верувам дека правата на жените и девојките се нерасчистена работа на 21-иот век.“rnrnАна Франк – „Ако пишувам можам сè да изменам. Мојата тага исчезнува, а мојата храброст повторно се раѓа.“rnrnМишел Обама – „Успехот не е во тоа колку пари заработуваш туку во разликата која ја правиш во животите на луѓето.“rnrnМомс Мабли – „Ако секогаш го правиш тоа што отсекогаш си го правел, секогаш ќе го добиваш она што отсекогаш си го добивал.“rnrnСузан Б. Антони – „Заборави што светот мисли за твоето истакнување. Мисли со своите најдобри мисли, зборувај ги своите најдобри зборови и прави ги нештата најдобро што можеш.“rnrnДр. Меј Џемисон – „Никогаш не дозволувајте да бидете ограничени од нечија ограничена имагинација.“rnrnДоминик Довс и Габи Даглас – „Напорните денови се најдобри бидејќи тогаш се раѓаат шампионите.“rnrnСакагавеа – „Сè што правам е за моите луѓе.“rnrnМалала Јоусафзаи – „Го повишувам гласот не за да викам, туку за да бидат слушнати оние кои немаат глас.“rnrnЏенет Рино – „Едноставно се трудам да го дадам најдоброто од себе и да ги направам најдобрите расудувања што можам.“rnrnШерил Бун Исекс – „Кога светлината свети силно, навистина трае долго.“rnrnГлорија Стајнем и Дороти Питман Хјуз – „Феминист е секој кој ја признава еднаквоста и човечноста на жените и мажите.“rnrnМајка Тереза – „Доброто што го правиш денес, утре луѓето ќе го заборават. Но сепак прави добро.“rnrnrnrn