Погледнете го овој рецепт наменет за гурманите и за љубителите на благо што мора да ја пробаат оваа варијанта на посни крофни со шлаг.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 200 милилитри вода
- 100 милилитри минерална вода
- 550-600 грама брашно
- 2 лажици соино млеко во прав (без натриум казеинат)
- сол, малку шеќер
- квасец
- кора од лимон
- 50 милилитри масло
- 150 грама шлаг
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnРастворете го квасецот во млака вода и додајте го шеќерот. Додајте ги двете лажици соино млеко во остатокот од водата и измешајте. Потоа додајте ги брашното, минералната вода, кората од лимон и маслото и месете додека не добиете меко мазно тесто.rnrnОставете го тестото да отстои 20 минути. Потоа, на работната површина растегнете го тестото со дебелина од половина центиметар. Половина од крофните формирајте ги со кружен калап, а останатите со калап што прави дупката во средината.rnrnКрофните со дупка во средината ставете ги над тие што се цели, покријте ги да отстојат 10 минути и потоа испржете ги во масло.rnrnОткако крофните ќе бидат готови, дупките исполнете ги со шлаг. Одозгора можете да посипете со шеќер во прав.rnrnПогледнете како да направите и полнети круши.