ТВ серија за проклетствата од минатото и за оние на кои им е пишано да ја променат иднинатаrnrnrn
Главни улоги: Џинифер Гудвин, Џенифер Морисон, Лана Парија, Џош Далас, Роберт КарлајлrnrnЖанр: драма, авантура, фантазијаrnrnПремиера: 23 октомври 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 45 минутиrnrnБрој на сезони: 1rnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————————————-rnЗамислете си живот во кој сте заглавени во времето и просторот… Навидум сè е нормално и во ред, а всушност не сте свесни за она што ви недостасува. Тоа е проклетство. За него често е раскажувано во бајките, но овојпат тоа е дел од сегашноста. Само една личност може да го скрши и да ги ослободи сите од таа непозната стега, од таа мрачна покривка префрлена врз целиот град, која ги прави луѓето несреќни и мизерни. За среќа, стрелките на часовникот се помрднуваат. Сегашноста почнува да тече. А иако минатото е раскажано во приказните, иднината ни е сосема непозната. Вистинска мистерија…rn———————————————————————————————————————————————————————-rn
rn
Таа презема одговорност да го врати назад, но кога стигнува таму, ја запознава неговата злобна мајка и поради тоа одлучува да остане. Нејзиното останување значи дека работите ќе почнат да се менуваат и дека постои надеж народот да биде спасен од проклетството.
Ова е сегашноста, во која 10-годишниот Хенри е убеден дека ситуацијата во која се наоѓа Сторибрук е масло на неговата мајка, која во минатото била злобната вештерка од приказната за Снежана. Нормално, во ова никој не верува, но случка по случка, полека почнуваат да се отклучуваат затворените врати зад кои длабоко се закопани тајните на Сторибрук, па фантазијата сè повеќе станува реална.
rn


rn

rn

rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
