КАФЕ ПАУЗА

Здравствените придобивки од вежбањето зумба

Здравствените придобивки од вежбањето зумба

Зумбата е финтес-програма, која вклучува аеробни и танцови движења во ритамот на салса, хип-хоп, мамбо, регетон и други музички стилови. Во продолжение, погледнете кои се нејзините најголеми здравствени придобивки, кои уште веднаш ќе ве натераат да одите на часови по зумба.rnrnDance Fitnessrn

Размрдување на целото тело

rnЕдна од најголемите придобивки на зумбата е тоа што се раздвижува целото тело. Наместо фокусирање на одреден дел од телото, зумбата ве тера постојано да се движите, да бидете живи и да уживате во ритамот.rn

Тонирање на мускулите

rnЗумбата помага и при тонирањето на мускулите на целото тело без да почувствувате голема мака. И штом ова го забележите, желбата за зумба дотолку ќе ви се зголеми.rn

Намалување на крвниот притисок

rnСо правилен начин на исхрана и вежбање зумба, крвниот притисок со сигурност се намалува. Ова е многу важна придобивка, особено за оние кои имаат проблеми со високиот крвен притисок.rnrnЗдравствените придобивки од вежбањето зумбаrn

Согорување на калориите

rnОд појавувањето на зумбата во 90-те години, многу научни студии ја потврдуваат нејзината ефикасност во согорување на калориите. Се смета дека во просек, со еден час вежбање зумба, се согоруваат околу 400 калории. Примамливо, зар не?rn

Ослободување од стресот

rnВежбањето, воопшто, влијае врз ослободување на стресот. Танцувањето, музиката и движењата во зумбата го прават целиот тој процес малку поинтересен.rn

Кардио тренинг

rnЗумба вежбите се и добар кардио тренинг. Доколку кардио тренингот обично ви е заморен и ви претставува проблем, најдобро е да одите на зумба и да ги почувствувате таквите придобивки уште веднаш.rnrnЗдравствените придобивки од вежбањето зумбаrn

Кондиција

rnМожеби резултатите од зумбата нема веднаш да бидат видливи, но не грижете се. Комбинацијата на фитнес и танц движења, со сигурност ќе ве одржува во добра кондиција. И тоа претставува уште една причина плус зошто да се запишете на зумба и едноставно да уживате.rnrnИ за крај, додека не појдете на професионални часови, ви предлагаме да вежбате зумба во домашни услови. Среќно!rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.