КАФЕ ПАУЗА

20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикот

Понекогаш навистина не е едноставно да се нема филтер и да се каже сè она што ви паѓа на памет, но вистинските луѓе знаат како да ја ценат оваа ваша карактеристика. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве 20 нешта кои можат да ги разберат само оние девојки кои се без влакна на јазикот…rnrn20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикотrn

1. Луѓето пред сè ве познаваат по вашиот јазик

rnВие не сте сигурни дали ова е добро или лошо, но верувате дека сигурно е подобро од пасивно-агресивното однесување.rn

2. Кога луѓето сакаат да ја слушнат најискрената вистина, веднаш се упатуваат кај вас

rnВие сте првиот избор кога станува збор за студената и сурова вистина. Ова всушност е неверојатен комплимент бидејќи постојат премногу луѓе кои не можат да ја разликуваат вистината од лагата.rn

3. Вие откривате премногу, пребрзо

rnИ покрај тоа што луѓето можеби веруваат во спротивното, вие сакате тие да знаат повеќе за вас отколку помалку. Времето е бесценето, па зошто би го трошеле на луѓе кои не ве ценат целосно?rn

4. Знаете кои се вашите вистински пријатели

rnКој друг би го толерирал вашето постојано необично и по малку напорно однесување? Па, вашите вистински пријатели секако.rn

5. Вашето мото е „сè или ништо“

rnНе постои златна средина кога станува збор за она што го размислувате и она што го кажувате. Вие го живеете животот во екстреми и не сакате да се промените, дури ни кога правите вашите пријатели да се чувствуваат непријатно.rnrn(2) 20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикотrn

6. Не верувате во кажување лаги

rnКој има време да кажува лаги и потоа постојано да се обидува да не ги заборави? Токму затоа вие сте секогаш директни и искрени.rn

7. Станувате авторитет во секоја ситуација

rnПоради некоја причина вашите вештини за говорење ве претвораат во лидер каде и да одите.rn

8. Од вас истовремено се плашат, но и ве сакаат

rnНакратко, вие можете да направите сè што сакате и повторно да го добиете тоа што ви е потребно без притоа да налутите никого.rn

9. Не разбирате какво е чувството да се премолчи нешто

rnВам едноставно навистина не ви е јасно како можат луѓето во одредени ситуации да се воздржат и да не го кажат тоа што им паднало на памет.rn

10. Луѓето се плашат да западнат во непријатни ситуации кога сте вие во нивна близина

rnБидејќи вие никогаш нема да дозволите да се заборави тоа.rnrn(3) 20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикотrn

11. Вие сте личност од доверба, која е многу отворена за себе

rnДури и покрај тоа што немате филтер и ретко кога можете да премолчите нешто поврзано со вас, вие немате проблем при чувањето на тајните на вашите пријатели, па токму затоа и тие ви се доверуваат.rn

12. Успевате да се справите со непријатните ситуации на сите околу вас

rnВие сте буквално гласот на разумот. Доколку некој доживее непријатна ситуација, вие секогаш сте тука да ја преземете одговорноста и да ја „спасите“ оваа личност.rn

13. Понекогаш вашата страст е помешана со суровост

rnВо денешно време многу е лесно да се навреди некој, па токму затоа вие често се наоѓате во такви ситуации.rn

14. Ги вадите на виделина екстремите на сите околу вас

rnВие сте онаа пријателка покрај која сите прават луди глупости. Поради некоја причина, вие сте оние кои ја подобруваат самодовербата на другите.rn

15. Единствените филтри кои ги користите се на вашиот Инстаграм профил

rnНо, дури и тогаш користите хаштаг „без филтер“!rnrn(4) 20 ситуации со кои се соочуваат само оние девојки кои се без влакна на јазикотrn

16. Вашите пријатели не мора да размислуваат два пати пред да кажат нешто пред вас

rnНишто што другите можат да го кажат не може да ве изненади. Вие сте ги слушнале дури и најлошите нешта и дефинитивно сте ги кажале, па токму затоа и сте рамнодушни на таа тема.rn

17. Вие го имате последниот збор за партнерите на вашите пријателки

rnДоколку вашите пријателки сакаат искрено размслување за момчето со кое се состануваат, тие ќе ве прашаат за вашето мислење и со сигурност ќе го послушаат вашиот совет.rn

18. Вие сте секогаш таа која порачува пијачки во бар

rnКој друг е подобро опремен да се истурка низ гужвата и да го привлече вниманието на шанкерот?rn

19. Вие доаѓате со упатство за употреба

rnПред вашите пријатели да ве запознаат со нова личност, тие прво мора да го/ја предупредат за вашата голема уста со цел да не го/ја изненадите.rn

20. Вие не се согласувате добро со авторитетите

rnОва е еден од вашите најголеми проблеми со кој се соочувате дури од основно училиште кога постојано ве бркале од час и ве праќале кај директорката за несоодветно однесување во училиштето.