Гостински пост: Високо ЦrnrnПогледот низ прозорецот не е ни малку сличен на оној на Кери Бредшо во „Сексот и градот“. Ни мојот обид за срцепарателно искажување на размислувањата не е ист. Мислам, кого залажувам? Што може да каже некој кој за месец дена полни 30, нема дечко, има работно време од 8 до 4 и пауза од 30 минути помеѓу 12 и пол и 1? Можеби ништо, а можеби многу.rnrn
rnrnНа пример, цимет во утринското кафе може многу побрзо да ви ги разбуди сетилата. Но, нутриционистите истото го велат и за јаболкото. Иако, замената на утринското кафе со јаболко мене ми изгледа како предавство.rnrnКафе… Зачудувачки моќен напиток употребуван низ вековите за (без посебен редослед): рассонување, размножување, раскинување, разбирање, разговор, работа, релаксирање… и веројатно за уште многу други на буквата „р“ или на некоја друга.rnrnИ не можам да не помислам дека некако сѐ се врти околу кафето. Почнува или завршува со кафе. Да не го заборавиме и она кафе помеѓу. 3 кафиња на ден. Совршен докторски совет. Ни повеќе ни помалку. Доволно. 5 оброци, 3 кафиња, 1 ден. И така секој ден.rnrnКога сме веќе толку зависни од кафето, се обидов да најдам дефиниција за него во мојот омилен (саркастичен, злобен и неодоливо реален, без пардон) Ѓаволов речник. И замислете, го нема. Не можам да не се запрашам, дали, по дефиниција, ако го нема кафето во Ѓаволовиот речник, значи дека е дел од рајот?!? Знам дека е дел од мојот секако, но сепак.rnrnХм. Обидот да го консултирам интернетот, заврши со многу сајтови кои го величат кафето, сајтови кои медицински ги објаснуваат предностите и недостатоците на кафето, компании кои ни нудат различни вкусови и мириси, рецепти за подготовка со спецификации за соодносот на кафе, вода, шеќер, млеко и што уште не, а сепак ниту еден не ми го даде одговорот кој го барав.rnrnНеделно утро. Пред мене вториот филџан кафе со цимет и лажичка млеко. За жал, правилото 3 кафиња на ден, не важи кај мене. Одамна стапи на сила „Кафето е мојот рај, а од рајот никогаш премногу!“ Мојот партнер, господинот Лаптоповски веќе ми се жали дека е гладен. Одам да го приклучам на неговиот извор на енергија, а јас да му се вратам на мојот и да уживам на раат.rnrnНа здравје кафе почитувани мои!
Неделно утро… кафе и сок… досада
