Хибернираат со векови, а потоа оживуваат. Сами си создаваат антифриз и заштита од сончевите зраци. Веќе никогаш нема да ја гледате мовта со исти очи.rnrn
rnrnАко ви било тешко да одржите во живот домашно растение, замислете како е да се обидувате да одгледате што било на Антарктикот. Во лето сонцето грее 24 часа, а во зима целосно исчезнува. Свежата вода е достапна само во текот на пролетта и летото, ако времето е доволно топло, но во поголемиот дел од годината, таа е замрзната. Температурата во текот на зимите е околу -45 степени Целзиусови, а овде не спаѓа студот од ветерот. Па, како овде воопшто преживуваат растенија?rnrnИ покрај сето ова, една група мов всушност расте на Антарктикот. Шерон Робинсон, екофизиолог од Австралија истражува 3 вида мов – Schistidium antarctici, Brym preudotriquetrum и Ceratodon purpureus, кои растат на источниот дел од континентот. Преку нивните мали ливчиња тие собираат хранливи материи и вода од извори како што е измет од пингвини.rn
„Секогаш кога доаѓам овде се прашувам како овие мали, мали растенија преживуваат во овие услови. Ние луѓето имаме слоеви и слоеви од волна, крзно и секаква облека, а тие само си стојат така“, изјавила Робинсон.
rnТаа сака да ја открие причината за нивната отпорност и со тоа да разјасни како може да се преживее во сурова средина.rn
Мовта може да хибернира со векови
rnТие едноставно се сушат, а кога ќе се растопи мразот повторно растат. Во 2014 година, еден тим од Британија успеа да оживее мов која била „мртва“ веќе 1.500 години. Истражувачите собирале мов која била заробена во мраз. Потоа ја сечеле на делчиња и ја ставале во инкубатор со пролетна температура. Наскоро еден дел од мовта, стара 1.500 години, почнала да создава нови ливчиња.rnrn
rn
Самата си создава антифриз
rnКога во клетката на растение или животно ќе се формира мраз, мразот ќе се прошири и ќе ја распрсне клетката. Ова, се разбира, ја убива клетката, а може да го усмрти и целиот организам. Мовта од Антарктикот си има свој антифриз, комбинација од шеќери и шеќерни алкохоли, во клетките. За време на есенските и зимските месеци, овие состојки стануваат поконцентрирани и го спречуваат формирањето мраз.rn
Создава и заштита од сонце
rnСекоја пролет, над Антарктикот се појавува озонска дупка. Оваа дупка ја изложува мовта на опасни ултравиолетови зраци, и тоа баш кога почнува процесот на фотосинтеза. Но, мовта создава антиоксиданси кои ѝ помагаат да ги неутрализира штетните ефекти.rnrn
rn
Суштествата кои живеат во мовта се исто толку неверојатни
rnВо овие растенија постои цела заедница од микроорганизми, и тоа од едноклеточни алги до инсекти, кои се сушат за време на зимата. Иако некои од „жителите“ се идентификувани, сè уште има уште многу за истражување.rn
Мовта е како барометар за климатските промени
rnИсто како што меурите воздух заробени во поларниот мраз откриваат информации за атмосферата во минатото, така и јаглеродот во мовта ни ги покажува промените на нивото на јаглерод низ вековите.rn
„Мовта има хемиски потпис кој може да ни каже колку било суво или влажно во одредено време во минатото. На пример, денес мовта расте на посуви услови отколку пред 100 години“, изјавила Робинсон.
rn
rn
Заштита на растенијата
rnСо цел да ги заштити овие растенија, кои се едни од најстарите живи суштества на Земјата, Робинсон се обидува да ја мапира мовта на целиот континент.rn
„Проблемот со Антарктикот е тоа што мовта е расфрлана ширум голема површина со многу камења. Не сакаме да стапнуваме на нив бидејќи се многу стари, но вистински предизвик е да ја поминеме целата површина без да газиме преку нив.“
rnВо соработка со НАСА, тимот на Робинсон користи дронови кои летаат ниско и кои имаат спектрометри и термални камери. Целта е да се соберат доволно информации за да се направи стратегија безбедно да се изучуваат сите растенија.rn
„Антарктикот е резерват за мир и наука, па мораме да ја зачуваме таа биоразновидност и да делуваме на климатската промена. Ако го изведеме тоа правилно, можеби овие растенија ќе дочекаат уште многу родендени.“