Секој од нас може да биде жртва на емоционална злоупотреба, без разлика дали станува збор за љубовта, работата, семејството или пријателите. Еве на кој начин можете да му помогнете на пријателот кој се соочува со вакви проблеми.rnrn
rn
1. Слушајте
rnСлушнете го тоа што има да ви го каже пријателот без да го прекинувате. Еден од најдобрите начини за справување со случаите на емоционална злоупотреба е можноста за споделување на искуството со некој кој ќе има волја да ја ислуша целата приказна докрај.rn
2. Охрабрете го пријателот да побара стручна помош
rnПонекогаш, емоционалната злоупотреба може да доведе до разни несакани ефекти како посттрауматско нарушување, стресно растројство, депресија, напади на паника и анксиозност. Обидете се најдобронамерно да му укажете на пријателот дека полесно ќе се справи со нив доколку побара стручна помош.rn
3. Пружете утеха и покажете разбирање
rnДоколку има нешто што не го разбирате за емоционалната злоупотреба, прашајте го вашиот пријател. Понекогаш доволно е прашањето од типот: „Како се чувствуваш после сето тоа? “ или „Што те тера да мислиш така?“ за да го сфатите неговото однесување во дадени ситуации. Не заборавајте дека од големо значење е да покажете разбирање и да останете трпеливи докрај.rn
4. Пружете поддршка
rnПружете му поддршка на пријателот така што ќе му дадете совети за како да се грижи повеќе за себеси, совети за здрава исхрана и добар сон, но и предлози за вклучување во разноразни активности и настани.rn
5. Доставете му до знаење дека нештата ќе се подобрат
rnПродолжете да му помагате на пријателот и секогаш оставајте му до знаење дека верувате во подобро утре. Сепак, неопходно е покажете издржливост и цврстина во своите намери затоа што понекогаш процесот може да трае подолго.rnrnОткако прочитавте како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те работи кои изгледаат како љубов, а всушност се емоционална злоупотреба.rnrnИзвор: themindsjournal.com