Што мислите, кои парчиња облека мажите ги сметаат за најсекси? Според неодамнешните истражувања, постојат 8 такви парчиња кои секој маж ужива кога ги гледа на својата девојка. Погледнете за кои станува збор.rn
1. Кошула
rn
rnrnСекоја жена треба да има барем неколку различни кошули во својот шкаф. Тие не само што се практични и удобни, туку можат да бидат и многу секси – најмногу бидејќи според истражувањата дури 72% од мажите замислуваат како ги откопчуваат.rn
2. Отворен грб
rn
rnrnМногу жени кога сакаат да бидат секси, најпрво посегнуваат по отворено деколте, но според неодамнешно истражување, дури 87% од мажите сметаат дека голиот грб е многу поелегантен и посекси избор.rn
3. Црвен фустан
rn
rnrnФустанот е најдобриот романтичен избор за сите девојки, додека пак, црвената боја е онаа која најмногу ги привлекува мажите. Дури 71% од нив би ви откриле дека нема лош момент да ја видат својата девојка во секси црвен фустан.rn
4. Штикли
rn
rnrnМожеби ова парче од модната комбинација ви делува стереотипно, но не за џабе штиклите никогаш не излегуваат од мода. Дури 91% од мажите изјавиле дека тие се најсекси обувки за жените. Ваше е само да одлучите за висината.rn
5. Тесни фармерки
rn
rnrnСекој маж смета дека жените кои изгледаат добро во фармерки се неизмерно секси. Секако, треба да внимавате моделот да одговара на вашата градба на тело, но ако направите добар избор не постои маж кој не би се свртел по вас.rn
6. Бразилски гаќички
rn
rnrnМногу жените сметаат дека тангите се единствената долна облека која може да биде секси. Но, понекогаш парчињата со малку повеќе материјал може да им остави многу простор за фантазирање на мажите, па затоа бразилските гаќички се идеални за тоа.rn
7. Тесно здолниште до колена
rn
rnrnОвој вид модел кој е познат и како молив-здолниште, голем број мажи го преферираат повеќе од мини здолништата. Дури 60% од мажите повеќе би сакале здолништето да е со должина до или под коленото, што е доволно за да го открие најсекси делот од нозете.rn
8. Бела едноставна маичка
rn
rnrnКој би рекол дека олку едноставен дизајн би можел да биде толку секси за мажите? Според одредени истражувања, секој 4-ти маж смета дека белата обична маичка е најсекси облека која некогаш била направена за жените.
