Листата на причини поради кои емоционалната злоупотреба е ужасна е навистина долга, но најверојатно најлош е фактот што таа често се однесува како љубов. Уште полошо е тоа што многу ретко знаеме да ја препознаеме. Следуваат знаците дека вашата љубов е всушност нешто сосема друго.rn
rn
1. Сѐ оди пребрзо
rnПостојат неколку причини поради кои некој вели „Те сакам“ уште после две недели – или е лик од Дизни цртаните, или е вонредно заљубен, или е таков со сите. Не велиме дека врската која оди пребрзо секогаш се претвора во емоционална злоупотреба, но многу често е така.rn
2. Тој сака да знае сѐ за вас… веднаш!
rnУште една работа која не смее да оди пребрзо. Запознавањето трае некое време, а човекот кој веднаш мора да ги има сите информации најверојатно многу брзо престанува да биде романтичен и станува напорен.rn
3. Постојано ви се јавува
rnЖените кои сакаат мажот почесто да им се јавува ова нема да го сметаат за проблем, но личноста која постојано праќа пораки јасно покажува дека планира да го вложи сето свое време во новата врска. Тоа најчесто значи и дека нема да разбере дека другата личност има потреба за свое лично време.rn
4. Ве уценува кога ви кажува дека ве сака
rn„Никој нема да те сака како мене“ или „Јас те сакам повеќе отколку ти мене“ може да звучи романтично и слатко, но ако често го повторува тоа станува загрижувачки.rn
5. Сака да знае каде сте во секој момент
rnУште една работа која честопати се смета за романтична, а всушност е сосема поразлична. Мажот кој има потреба да го знае секој ваш чекор најчесто смета дека има право на тоа.rnrnПрочитајте ги и предупредувачките знаци на емоционално насилство во врската!