КАФЕ ПАУЗА

Дали сексуалниот живот влијае врз успешноста на вашата кариера?

Дали сексуалниот живот влијае врз успешноста на вашата кариера?

Активниот сексуален живот ги прави луѓето поздрави, посреќни, но и побогати, тврдат научниците од Универзитетот Кембриџ.Дали сексуалниот живот влијае врз успешноста на вашата кариера?Тие, работејќи на едно истражување за германскиот институт за проучување на трудот во Бон, утврдиле дека оние луѓе кои имаат сексуални односи четири пати неделно, заработуваат повеќе пари од колегите кои го немаат тоа задоволство.rnrnПо една стара психолошка теорија, луѓето мораат да си ги исполнуваат своите основни потреби како оние за храна, вода и секс пред да се обидат да станат успешни во животот.rnrnЛуѓето имаат потреба да бидат сакани, сексуално и несексуално. Доколку чувствуваат недостаток на љубов, можат да станат склони на депресија, социјална напнатост и изолираност, а тоа може да влијае на нивното работење, велат истражувачите.rnrnТие велат дека истражувањето го започнале бидејќи голем број претходни истражувања покажале дека сексот го подобрува здравјето, а доброто здравје е поврзано и со поголема заработувачка. Затоа тие проучувале податоци собрани од 7.500 луѓе од Грција на возраст од 26 до 50 години.rnrnИспитаниците одговарале на прашања поврзани со нивното здравје, сексуалниот живот и заработувачката. Се покажало дека оние луѓе кои имаат сексуални односи барем четири пати неделно, имаат за 5% поголема плата од останатите. Овој процент не се променил, дури ни кога од анализите биле исклучени фактори како образование и работна позиција.rnrnВо истражувањето, научниците напоменуваат дека активниот сексуален живот го смалува ризикот од диајбетис, заболувања на срцето и артритис.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn