КАФЕ ПАУЗА

Рецепт на денот: Полнети круши

Вкусен десерт што ќе им се допадне на сите што уживаат во слаткиот вкус на овошје и мед

rnrn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 2 зрели круши
  • rn 011

  • 2 лажички мед
  • rn 011

  • 1/2 лажичка цимет
  • rn 011

  • 1/4 лажичка мускатно оревче
  • rn 011

  • 120 милилитри јогурт
  • rn 011

  • 1 пакување ванилин шеќер
  • rn 011

  • 30 грама исечкани ореви
  • rn 011

  • Суво овошје (по желба)
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЗагрејте ја рерната на 180 степени. Исечете ги крушите на половина и испразнете ја средината. Обложете тава со хартија за печење и ставете ги крушите на неа, па премачкајте ги со мед и просејте им цимет одозгора, па мускатно оревче. Можете да додадете и суво овошје по желба. Печете 30 минути и извадете ги од рерната.rnrnДодека крушите се ладат, направете смеса од јогурт, ванилин шеќер и орев. Кога крушите ќе се оладат, наполнете ги со смесата и сервирајте.