Ако сакате да посвоите дете, сигурно многу сте истражувале и сте соочени со голем број стравови. За да одгледате посвоено дете потребно е да направите некои подготовки, а овие 10 совети ќе ви помогнат во тоа. Исто така да се биде родител на посвоено дете е многу полесно отколку што мислите. И тоа не бидејќи сте прочитале неколку книги или сте научиле сè од агенциите за посвојување. Ќе сфатите дека да се биде родител на посвоено дете е многу полесно ако ги имате следниве нешта на ум.
rn
1. Правете сè со намера
rnЗошто намерно ги врзувате врвките од чевлите? Зошто намерно ги миете забите или носите облека? Ова се прашањата кои треба да си ги поставите кога одгледувате посвоено дете. Кој е исходот на којшто се надевате кога правите што било со него, особено кога станува збор за дисциплинирање?rn
2. Родител со интегритет
rnНаправете го она што ќе кажете дека ќе го направите, вклучувајќи ги и работите за вас. Ако му речете „Да“ на вашето дете, следете го тоа. Ако си речете „Да“ себеси, следете го тоа. Ова значи ако сте си рекле дека 1 час ќе одвоите за купка, направете го тоа. На овој начин поставувате пример.rn
3. Бидете конзистентни
rnДетето мора да ви верува. Ако со стиснати заби му кажувате дека го сакате, тоа добива измешани пораки. Кога му дозволувате нешто еднаш, а следниот пат го казнувате за истото, само ќе го збуните и онака збунетиот ум.rn
4. Верувајте си
rnВербата во себе е клучна. Запомнете дека не можете да дадете нешто што го немате. Ако не верувате во своите одлуки и постапки, како ќе го научите детето да ви верува и вам и себеси?rn
5. Спознајте ги вашите недостатоци
rnСите имаме недостатоци. Престанете да бегате од нив и да ги прекривате и престанете да се обидувате да бидете совршени. Бидете нивен господар.rn
6. Научете да танцувате со несигурноста
rnАко сте перфекционист или сакате да контролирате буквално сè, посвојувањето можеби не е најдобра опција за вас. Подобро е да поработите на желбата за контрола пред да посвоите дете.rn
7. Простете си за што и да мислите дека сте направиле
rnОставете го минатото. Научете од него, не ги повторувајте грешките и оставете го зад вас.rn
8. Прифатете се
rnБез разлика што сте направиле или што ви се случило, тоа не било бидејќи нешто не е во ред со вас. Ако сте неплодни, не значи дека ви фали нешто. Тоа е приказна што си ја кажувате самите. Ако не се прифатите, ништо нема да ви биде доволно добро, дури ни вашето дете.rn
9. Сакајте се
rnИ во овој случај не можете да давате нешто што го немате. Без здрава љубов кон себе, љубовта која ја споделувате со вашето дете е едноставно проекција на вашите најдлабоки чувства. Таа љубов доаѓа со рестрикции и услови. Посвоеното дете не може да се справи со условна љубов.rn
10. Отстранете ги ограничените верувања
rnСекој си има по некое вакво верување. Кое ваше верување мислите дека ќе ве спречи да бидете најдобриот родител? Не знаете? Разгледајте го вашиот живот и што не функционира во него. Под тоа има некое верување. Истото важи и за работите што функционираат. И тие кријат некое верување.
Прочитајте ги и овие вистини доколку сакате да посвоите дете.


