КАФЕ ПАУЗА

9 карактеристики на вистински злобните луѓе

9 карактеристики на вистинските злобни луѓе

Written by

in

,

Група германски и дански научници го претставиле концептот „заеднички фактори за развој на мрачни личности“. По истражувањето, тие откриле дека навистина постојат луѓе чии срж, свест и душа, се едноставно злобни.rnrn9 карактеристики на вистинските злобни луѓеrnrnОва истражување воедно е и првиот концепт кој овозможил да се види колку некој навистина има злобна душа.rnrnНаучниците откриле 9 особини кои одликуваат една мрачна личност и упатуваат на вистински злобен човек, кој е расипан до самата срж.rnrnВо продолжение погледнете за кои карактеристики станува збор:rn

1. Егоизам

rnСе работи за претеран ентузијазам за некои работи или активности што им носат задоволство или предност, додека притоа им наштетуваат на други луѓе.rn

2. Макијавелизам

rnОвој поим се однесува на тенденцијата за манипулирање со другите луѓе, немилосрдност и ум кој постојано прави стратегии и пресметки.rn

3. Отсуство на морал

rnОва подразбира предиспозиција кон неетичко размислување кое се изразува преку личните уверувања и постапки и отфрлање на класичниот морал и неговите ограничувања.rn

4. Нарцизам

rnГлавниот мотив кај еден нарцис е да го нахрани своето его по секоја цена.rn

5. Психолошка ексклузивност

rnОпсесивната состојба при која личноста верува дека заслужува подобро и повеќе од сите други се нарекува психолошка ексклузивност.rn

6. Психопатија

rnПсихопатијата претставува отсуство на симпатија и емпатија, во комбинација со суровост и импулсивност, како и недостаток на самоконтрола.rn

7. Садизам

rnСадист е личност која обожува да ги понижува другите, и покажува голема тенденција за сурово однесување кон луѓето. Ова се манифестира преку физичко, психичко и сексуално насилство над другите, со цел да ја демонстрира неговата моќ и контрола над жртвите, или едноставно за да се забавува.rn

8. Опседнатост со себеси

rnОва е опсесија која со пари, статус, признанија, дипломи и позиции станува сè полоша.rn

9. Одмаздништво

rnЖелбата да се повредат други луѓе поради вистински или имагинативни навреди е уште една карактеристика на злобните луѓе. Тие смислуваат најразлични одмазди, од општествени и финансиски, па сѐ до емоционални и физички.rnrnПрочитајте повеќе и за овие 5 вида емоционални вампири и како да се справите со нив.