КАФЕ ПАУЗА

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

10-те најгледани настани во историјата на телевизијата

Воопшто не е лесно да натерате милиони луѓе ширум светот во исто време да гледаат исто нешто. Но одвреме-навреме се случуваат настани кои го привлекуваат вниманието на голем дел од публиката. Популарните телевизиски програми навистина знаат што е интересно на глобално ниво. Иако е тешко точно да се одреди гледаноста, овие настани натерале стотици милиони луѓе да ги вклучат нивните телевизори.rn

1. Погребот на претседателот Џон Ф. Кенеди, 1963

rn10-те најгледани настани во историјата на телевизијатаrn

Приближен број на гледачи: 180 милиони

rnНа 22-ри ноември 1963-та година, Американците дознаа дека нивниот 35-ти претседател, Џон Ф. Кенеди, бил убиен од снајперист во Далас. Три дена подоцна се одржал погребот и се проценило дека околу 180 милиони луѓе ја гледале церемонијата. 93% од американските домови во кои имало телевизор го следеле настанот. Покрај тоа, околу 250.000 луѓе присуствувале на погребот во Вашингтон, а над 800.000 луѓе ја следеле поворката на улица.rn

2. Венчавката на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон, 2011

rn10-те најгледани настани во историјата на телевизијатаrn

Приближен број на гледачи: 300 милиони

rnНа 29-ти април 2011-та година, неколку стотици милиони луѓе одвоиле време да ја гледаат свадбената церемонија на Вилијам и Кејт која се одржа во Вестминстер Аби во Лондон, Англија. Бројот на гледачи вклучува милиони луѓе од 188 држави кои ја гледале венчавката во живо на Јутјуб.rn

3. Полуфиналето на Светското првенство во крикет (Индија против Пакистан), 2011

rn10-те најгледани настани во историјата на телевизијатаrn

Приближен број на гледачи: 400 милиони

rnКога спортските ривали од Индија и Пакистан се соочиле во второто полуфинале од Светското првенство во крикет во 2011-та година, фановите од двете држави активно следеле. Натпреварот се одржал на 30-ти март во Мохали, Индија. На стадионот имало публика од околу 35.000 фанови, вклучувајќи познати личности, дипломати и премиерите на Индија и Пакистан. Натпреварот разочара многу фанови на пакистанскиот тим бидејќи победи Индија и продолжи кон финалето. Таму Индија се натпреваруваше со Шри Ланка и победи.rn

4. Пролетниот гала фестивал, 2012

rn10-те најгледани настани во историјата на телевизијатаrn

Приближен број на гледачи: 498 милиони

rnПролетниот гала фестивал во Кина е годишен настан продуциран од Кинеската централна телевизија (CCTV) во чест на кинеската Нова година. Прв пат се емитувал во 1983-та година. Оваа програма се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди како едно од најгледаните телевизиски шоуа во светот и е навистина популарна. Во 2012-та настанот во живо го следеле 498 милиони гледачи, најмногу од Кина.rn

5. Меморијалната церемонија во чест на Мајкл Џексон, 2009

rn10-те најгледани настани во историјата на телевизијатаrn

Приближен број на гледачи: 500 милиони

rnНа 7-ми јули 2009-та година, 12 денови по смртта на легендарниот Мајкл Џексон, беше одржана церемонија во негова чест во Лос Анџелес. Биле поделени 17.500 бесплатни билети за настанот, и тоа низ целиот свет. За само 24 часа, над 1,6 милиони луѓе аплицирале за бесплатниот билет. Покрај илјадниците присутни, уште милиони други го гледале настанот од нивните домови. На церемонијата изведувале ѕвезди како Мараја Кери, Стиви Вондер и Лајонел Ричи. Се претпоставува дека околу половина милион фанови го гледале настанот на телевизија.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn