Летото ни е на прагот и сите го чекаме со подготвени плакари, светли бои и добро расположение. Кога станува збор за аксесоарите, еве што не смеете да пропуштите ова лето.rnrn
rn
1. Наочари со „мачкест“ облик
rnБрој 1 аксесоар кој мора да се има ова лето. Лесно се комбинираат за секаква пригода и се навистина женствени и во тренд.rnrn
rn
2. Наочари со рефлектирачки стакла
rnДефинитивно најкул аксесоар за ова лето. Одберете го вашиот омилен модел и чекорете со самодоверба!rnrn
rn
3. Тиркизен накит
rnОбетки, прстени, белегзии… тиркизниот накит остава впечаток. А и не мора да биде само накит, едноставно одберете ја тиркизната боја која одлично одговара на исончана кожа.rnrn
rn
4. Прстен за четири прста
rnМиди прстени и впечатливи аксесоари на вашата рака е она што се бара ова лето. Оваа сезона бидете смели. Еден прстен кој поврзува четири прста е одличен избор за летото кое доаѓа.rnrn
rn
5. Чанти во индијански стил
rnОдат во секаква комбинација, ужасно се кул и многу добро изгледаат. Без разлика дали сакате да постигнете кежуал или поелегантен изглед, овие чанти се одличен избор.rnrn
rn
6. Плик чанти
rnЖенствено, едноставно, практично. Плик чантите се одлични за во лето. Одете со едноставна еднобојна варијанта или одберете нешто посмело, изборот е ваш.rnrn
rn
7. Аксесоари во основните бои
rnЦрвена, сина и жолта. Не само аксесоари туку комбинирајте и парчиња облека во овие бои. А мислевте дека никогаш нема да ви притреба она што сте го научиле по ликовно.rnrn
rn
8. Впечатливи парчиња накит
rnБидете смели и прекрасни. Големите парчиња накит се одлични за во лето бидејќи летото ви дава слобода да комбинирате и да откривате нови стилови. Само не претерувајте со ваквите комбинации. Доколку одберете голем ѓердан, нема потреба од дополнително „украсување“ со огромни обетки и прстени. Не сакате да изгледате како предвидувачка на иднината.rnrn
rn
9. Цветен дизајн
rnНавистина женствен и со стил. Одберете аксесоари со цветен дизајн, од рачни часовници до накит и торби. Секако, цветниот дизајн е добредојден и во парчињата облека.rnrn
rn
10. Пастелни бои
rnМожеби ги ставивме за крај, но не значи дека се помалку важни. Пастелните бои се задолжителни за во лето. Одберете накит, торби, сандали, облека и разни аксесоари во пастелни бои. Нежно, женствено, летно и уникатно.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.