КАФЕ ПАУЗА

5 видови емоционални вампири и како да се справите со нив

5 видови емоционални вампири и како да се справите со нив

Written by

in

,

Според старите верувања, психичкиот, или емоционалниот вампир е личност која се храни со животната енергија на другите луѓе. Но доколку добро погледнете околу вас, ќе сфатите дека овие луѓе навистина постојат. Тоа се личности кои ја „цицаат“ вашата позитивна енергија и ве полнат со негативна.rnrn5 видови емоционални вампири и како да се справите со нивrnrnПостојат неколку симптоми кои кажуваат дека можеби сте жртва на ваква личност:rn

    rn 011

  • Чувствувате замор и потребен ви е сон
  • rn 011

  • Имате лошо расположение
  • rn 011

  • Често имате желба за прејадување
  • rn 011

  • Се чувствувате напнато, несигурно, депресивно и негативно
  • rn 011

  • Чувствувате дека некој постојано ви го расипува расположението
  • rn

rnПостојат 5 видови емоционални вампири, а во продолжение погледнете кои се и како да се справите со нив.rn

1. Нарциси

rnОва се луѓе кои се вљубени во самите себе и очекуваат сите да им се восхитуваат. Тие се убедени дека се секогаш во право и дека се подобри од другите. На овие луѓе им недостига сочувство и знаат да бидат навистина ладни, особено кон оние кои не ги исполнуваат нивните очекувања.rnrnНарцисите се склони кон бескрајни расправии и никогаш не го прифаќаат туѓото мислење. Најлесниот начин да се справите со нив е со вашата самодоверба, бидејќи оваа енергија им пречи. Немојте да си дозволите да се чувствувате лошо поради нивното однесување.rn

2. Жртви

rnОвие луѓе насекаде шират негативна енергија. Тие се убедени дека цел живот им се случуваат лоши работи и дека постојано ги следи несреќа. Постојаното жалење им претставува проблем на другите, но тие не го согледуваат ова, или пак воопшто не им е грижа.rnrnЗа да се заштитите од овие луѓе, ислушајте ги накратко, а потоа променете ја темата на разговор. Доколку тоа не помага, кажете им дека со жалење нема да си ги решат проблемите, туку само ќе си создадат нови. Доколку сепак не можете да се справите со нив, најдобро е да се тргнете настрана.rn

3. Контролори

rnОва се доминантни и наметливи луѓе кои сакаат да контролираат сè. Знаат да користат закани и манипулација за да ве натераат да го направите она што го сакаат. Понекогаш покажуваат и агресија и често користат емоционални уцени и набивање чувство на вина. Ова ги прави поопасни од останатите видови енергетски вампири.rnrnНајдобрата одбрана од овие луѓе е да им дадете до знаење до каде е вашата граница. Кога ќе сфатат дека нема да попуштите, ќе отстапат и ќе почнат да бараат нова жртва.rn

4. Луѓе што постојано зборуваат

rnОвие луѓе можат постојано да зборуваат за себе. Истовремено нема да му дозволат на соговорникот да каже ништо. Внимавајте на овие личности бидејќи можат многу брзо да ви ја украдат енергијата. Дури и ако дојдете на ред да кажете нешто, многу брзо ќе ве прекинат и ќе продолжат да зборуваат за себе.rnrnНајдобриот начин да се заштитите од нив е воопшто да не се дружите, ниту пак да започнувате разговор.rn

5. Луѓе што прават драма

rnОвие луѓе можат да направат вистинска драма и од најмалите нешта. Исто така гледаат проблеми каде што воопшто ги нема. Штом ќе влезат во просторијата, можно е да почувствувате немир и нервоза.rnrnЗа да се заштитите од овие луѓе, најдобро е да ги игнорирате. Иако се можеби најмалку опасни од емоционалните вампири, сепак можат да ви ја украдат енергијата доколку им дозволите.rnrnПогледнете и како да препознаете дали токсичните луѓе манипулираат со вас.