Можеби барате начин да го оправдате незадоволството во вашата врска. Можеби се држите подалеку од партнерот бидејќи ви е страв од интимност или предавство. Без разлика која е причината, доколку сте незадоволни од врската голема е веројатноста да делите некое од следниве мислења. Овие мисли нема да ги слушнете од луѓе кои се задоволни и среќни во нивната врска.rnrn
rn
1. Нормално е да престане возбудата
rnПочетната страст брзо минува и треба да помине. Но нереално е и да очекувате нештата да останат удобни, да се воспостави рутина и да нема никакви драми и конфликти. Ако сакате однос без проблеми, нереални сте. Ако сметате дека страста и чувствата кон партнерот носат проблеми кои сакате да ги избегнете, тогаш чувствувате страв.rn
2. Поважно е да бидете практични наместо среќни
rnДоколку верувате во ова, тоа значи дека ги жртвувате чувствата и останувате во врска поради некој интерес. Можеби немате за што да му замерите на партнерот – тој е добар, вреден, ве сака… Но проблемот е што не ви се допаѓа, досадно ви е со него, немате заеднички интереси и само го трпите интимниот однос. Причината за којашто сте во врска е сосема практична, но ако целиот живот верувате дека не треба да го слушате вашето срце и ако не размислувате дали партнерот заслужува некој што вистински ќе го сака, животот ќе ве тера одново и одново да се обидете да сфатите што е навистина важно.rn
3. И двајцата работите многу
rnНормално е, возрасни сте и имате работа. Но ако не наоѓате време еден за друг, тогаш не само што сте изложени на повеќе стрес, туку и вашата работа ви е поважна од партнерот. Можеби и на двајцата ви одговара тоа – имате некого, не сте сами и можете да кажете дека водите нормален живот. Но ако во врската не ја вложувате истата енергија како и во работата, понекогаш ќе заборавате дека сте во врска и ќе живеете како да сте сами. Врската нема самата да се одржува и наскоро ќе се распадне. Со текот на времето некој од вас ќе почувствува потреба за подлабок однос и ќе си замине.rn
4. Не сакате да го вознемирувате партнерот со вашите проблеми
rnНе е добро да бидете зависни од партнерот и да не можете сами да ги решите проблемите. Но исто така не е добро ни кога од него ги криете вашите грижи и проблеми. Можеби не очекувате поддршка бидејќи имате лошо искуство и мислите дека самите треба да водите сметка за себе. Но доколку не можете да му ги доверите проблемите на партнерот, најверојатно вашиот однос не е во ред.rn
5. Му верувате на партнерот, но не и на другите покрај него
rnОва најчесто го мислат љубоморните и несигурните личности кои мислат дека нивниот партнер е во нивна сопственост и треба да го бранат и да го чуваат. Најчесто веруваат дека нивниот партнер не може самиот да се грижи за себе. Можеби вашиот партнер навистина е привлечен, но ако не можете да му верувате само ќе го влошите вашиот однос. Важно е да знаете дека неговиот избор сте вие, исто како што и вие сте го избрале него. Како што вам никој не може да ве украде од него, истото важи и за партнерот.rn
6. Понекогаш мора да бидете себични
rnОва е само оправдување за сопствената себичност која инаку не би ја толерирале кај партнерот. Навистина е тешко да се поднесе себичноста, па во врската треба да научите да правите компромис, а не да мислите само на себе. Кога од партнерот очекувате и барате да ве стави на прво место, а вие не го правите истото за него, можеби во прашање е некоја несигурност и потреба од туѓо признание. Ова никогаш нема да ви донесе задоволство во врската.rnrnПогледнете и како да препознаете дали караниците во врската се знак дека треба да раскинете.
