Стилски шлемови за градски велосипедизам

Сподели

Многумина одбираат да возат велосипед без заштита на главата. Најчесто изговорот е од естетски или од практични причини – како би изгледале со шлем возејќи се по градските патеки и каде да го ставиме кога ќе стигнеме на нашата дестинација?Урбаните шлемови Closca ги надминуваат двата проблеми. Тие се дизајнирани за да можат да се склопат (сплескаат) и да се сместат во чанта. Дополнително, тие имаат стилски облик и ги има во неколку различни дезени. И згора на сè, ги имаат поминато тестовите за безбедност. Како што велат креаторите: „овие шлемови ги спојуваат модата и заштитата. Тие се избор на урбаните велосипедисти“.Засега се достапни 6 основни модели и 3 ексклузивни рачно изработени модели со принтови во леопард дизајн, црно животно и 100% волна со заштита за ушите. Исто така ќе биде возможно секој да си предложи и свој дизајн за кавер.Креаторите на овој изум го претставија својот проект на веб-сајтот Kickstarter каде што побараа поддршка за финансиска помош и веќе ја остварија целта. Останува уште да почекаме да почнат онлајн-нарачките и дистрибуцијата.rn

Реклама
Реклама

rn 

Реклама
Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →
Следна: Германецот Фин – среда, 11 ноември во 20:00

Најново

Може ќе ве интересира