КАФЕ ПАУЗА

Како да ги освежите полиците за книги во вашиот дом?

Кога последен пат сте ги средиле полиците на кои стоеле книгите и сте поставиле неколку нови книги? Можеби не сте ни забележале дека овој агол од вашиот дом станал неуреден и пренатрупан? Погледнете ги овие неколку совети како да ги освежите полиците од домашната библиотека и подобро да ги организирате.rnrnКако да ги освежите полиците за книги во вашиот дом?rn

1. Средување и бришење прашина

rnОвој совет звучи едноставно, но не ја намалува неговата важност. Извадете ги сите книги од полиците, избришете ги добро и преуредите ги по желба. Притоа, ослободете се од некои стари книги што сигурно нема да ги прочитате повторно и дајте им ги на оние на коишто им се потребни, а така ќе направите простор за нови книги.rnrnКако да ги освежите полиците за книги во вашиот дом?rnrnОткако ќе завршите со бришењето и редењето, ќе бидете изненадени од ослободениот простор што ќе го добиете со отстранување на сите оние книги што ќе ги донирате.rn

2. Направете промена

rnКако да ги освежите полиците за книги во вашиот дом?rnrnСо години ги редите книги по големина и боја? Направете промена. Наредете неколку со грбот свртен кон ѕидот, а страниците свртени напред и наредете ги така што големината и бојата ќе бидат целосно небитни. Следете го сопственото чувство за убавина. Половина од книгите наредете ги хоризонтално, една на друга, а другите потпрете ги на нив, поставувајќи ги вертикално.rn

3. Декоративни предмети

rnКако да ги освежите полиците за книги во вашиот дом?rnrnЗаборавете на тоа дека книгите треба да бидат сè што гледате на полиците и престанете да ги редите по целата полица. Оставете слободен простор што ќе го пополните со украсни предмети, како што се врамени фотографии, вазни или свеќи. На овој начин, вашите полици за книги ќе изгледаат како да биле наредени од професионален дизајнер на ентериер.rn

4. Преместете ги полиците

rnКако да ги освежите полиците за книги во вашиот дом?rnrnШтом одвоивте време да ги тргнете сите книги од полиците, зарем не е време и да ги преместите полиците на друго место во просторијата? Овој потег не е толку радикален како што звучи на почетокот. Домашната библиотека е многу впечатлив елемент во секоја просторија и дури и најмалото поместување ќе направи голема разлика.rnrnПогледнете ги овие 6 одлични идеи како да го уредите изнајмениот стан.