Колку вода треба да пиеме во зима: Зошто жедта не е добар показател кога е студено

Сподели

Летото пиеме вода без да размислуваме. Во зима, меѓу кафето, чајот и студот, многумина се сеќаваат на чаша вода дури навечер. А телото во зима губи течности повеќе отколку што мислиме.

Реклама
Реклама

Зошто во зима не сме жедни

На студ, крвните садови се стегаат за да ја зачуваат топлината. Тоа го збунува механизмот на жедта, па мозокот добива сигнал дека сè е во ред, иако телото веќе губи течности. Истражувањата покажуваат дека жедта во зима може да се намали и до 40 проценти.

Реклама
Реклама

Каде губиме вода во зима

  • сув воздух во затворено – радијаторите и климите го сушат воздухот, а со тоа кожата и слузницата
  • дишење – парата што ја гледате кога дишете на студ е вода што ја губите
  • тешка облека – под слоевите се потиме повеќе отколку што чувствуваме
  • повеќе кафе и чај – и тие внесуваат течност, но кафето кај некои луѓе засилува мокрење

Знаци дека пиете премалку

  • суви усни и испукана кожа
  • главоболка и замор попладне
  • лоша концентрација
  • темна урина – најлесниот знак дека ви треба вода

Колку е доволно

Општата препорака за возрасни е околу 1,5 до 2 литри течност дневно, во зависност од телото, активноста и здравјето. Тука спаѓаат и чајот, супите и овошјето.

Трикови за да пиете повеќе

  • чаша вода веднаш по будење
  • шише вода на работната маса, на повидно место
  • топла вода или билни чаеви кога не ви се пие ладна вода
  • супи и чорби, кои се одличен извор на течност
  • аларм на телефонот на секои два часа

Ако имате срцеви или бубрежни проблеми, количината вода договорете ја со вашиот лекар. За сите други, една чаша повеќе дневно е најлесната зимска навика.

Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →
Следна: Германецот Фин – среда, 11 ноември во 20:00

Најново

Може ќе ве интересира