Бабините трикови за зима: Што правеа нашите баби за да биде топло, а без греење на струја

Сподели

Пред клими, инвертери и подно греење, нашите баби имаа шпорет на дрва, волнени чорапи и куп трикови што ги учеа од своите мајки. Многу од нив звучат старомодно, но се покажуваат како одлични, а некои се и поефтини од секое модерно решение.

Реклама
Реклама

Тула во креветот

Тулата се грееше на шпоретот, се завиткуваше во стара крпа и се ставаше под јорганот пред спиење. Креветот беше топол како печка. Денес истото го прави шише за топла вода, но принципот е ист.

Реклама
Реклама

Весник во чевлите

Мокрите чевли и чизми бабите ги полнеа со стари весници. Хартијата ја впива влагата, а чевлите до утрото се суви и не ја губат формата.

Завеси и ќебиња на вратите

Тешки завеси на прозорците и ќебе или „змија“ од ткаенина под вратата ја запираат промајата. Вечер завесите се затвораат, а преку ден се отвораат за сонцето да ја загрее собата.

Реклама
Реклама

Само една соба се грееше

Семејството поминуваше зима во собата со шпоретот. Другите соби се затвораа. Денес истата логика ни заштедува струја: греете ја собата во која сте и затворете ги вратите од другите.

Волна, волна, волна

Плетени чорапи, џемпери и елечиња од чиста волна. Бабите плетеа цела есен. Волната грее дури и кога е малку влажна, а слоевите облека се потопли од една дебела јакна.

Чинија со вода на шпоретот

Садче со вода на шпоретот или радијаторот го овлажнуваше воздухот. Денес знаеме дека сувиот воздух ги суши носот и грлото, па трикот е повеќе од корисен.

Топла храна и чај

Грав, супа, чорба, чај од липа и нане, мед и ореви. Бабите знаеја дека топлиот оброк грее одвнатре.

Кој од овие трикови и денес го користите? А кој ве враќа во детството?

Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →
Следна: Германецот Фин – среда, 11 ноември во 20:00

Најново

Може ќе ве интересира