Летото е на прагот, а на вашата кожа дефинитивно ѝ е потребно освежување, кое ќе ве направи да се почувствувате привлечни и неодоливи. Едноставен да се направи по дома и суперевтин, овој пилинг за тело е многу понежен за вашата кожа од оние коишто се базирани на сол. Тој ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ви ги отстрани мртвите клетки од вашата кожа. Препорачан е од страна на луксузниот спа-центар во хотелот Dove Mountain, Аризона.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 200 грама кафеав шеќер
- 150 грама бадемово масло
- 1 супена лажица витамин Е
- 1 супена лажица ванилин екстракт
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на употреба:
rnИскомбинирајте ги сите течни состојки и потоа додадете го шеќерот. Можете да додадете и неколку капки етерично масло од рузмарин, кој е еден вид природен конзерванс кој ќе го одржува рокот на употреба на вашиот природен пилинг. Употребувајте го пилингот во када, пред да се туширате, триејќи го на вашата кожа, во кружни движења. Потоа измијте го шеќерот со тушот, но не го измивајте маслото со сапун, за кожата да ви остане свиленкасто мазна и да има совршена влажност.rnrn
rnrnОткако ќе го направите рецептот, можете да го складирате во стаклен сад со капаче, а истиот ќе можете да го користите во времетраење од околу 1 месец.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
