Кои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година?

Сподели

rn

Реклама

Сиднеј, Австралија

rnДалечен, но преубав. Доколку сакате меѓу првите да ја дочекате Новата година, тогаш австралискиот град треба да е вашиот вистински избор. Можете да славите на плажа, да уживате во традициите на земјата, да се восхитувате на воздушните акробации или да се забавувате на светлечката парада. За огнометот нема потреба да се каже ни збор, бидејќи секоја година е еден од најимпресивните низ целиот свет.rn

Париз, Франција

rnМожеби звучи како клише, но доколку сте заљубени тогаш дочекот во Париз е вистинското нешто за вас. Градот на светлината ќе ви приреди фантастично пиротехничко шоу и одлични улични забави. Совршено место за да го бакнете партнерот кога ќе дојде полноќ.rn

Лондон, Англија

rnДочекот на Новата година ќе ви биде многу интересен доколку се одлучите за Лондон, покрај реката Темза. Тие што ќе се одлучат за овој град ќе присуствуваат на одлично пиротехничко и светлосно шоу, а новогодишната програма може да се следи на големи екрани на плоштадот пред парламентот и на плоштадот „Trafalgar“.rn

Виена, Австрија

rnДоколку сакате да заиграте во некој дворец за време на новогодишниот дочек, тогаш одберете ја Виена. Во палатата „Hofburg“ се организира бал, се ужива во класична музика и балетска претстава, а тука е и прекрасната храна. По полноќ следи огномет и традиционалниот валцер.

Популарно

Може ќе ве интересира