Денес е вистински предизвик да се биде жена. Уште поголем предизвик е да одгледате една. Кога таа идна жена е вашето мало девојче, важно е да ја научите како да биде независна. Ако сакате вашето девојче да порасне во силна и независна жена, важно е да ја запознаете со овие животни вештини.rnrn
rn
1. Научете ја како самата искрено да заработува
rnПотребно е вашата ќерка да верува дека е доволно интелигентна за самата да заработува и да не биде финансиски зависна од партнерот или кој било друг. Важно е да ја научи важноста на тоа да заработува сама, но и како да го прави тоа на искрен начин. Научете ја да штеди, паметно да троши и како да го има животот што го сака со нејзината плата.rn
2. Научете ја да менува гума и да ја разбира механиката на автомобилот
rnИ девојките треба да знаат да сменат гума на автомобилот. Ако некогаш се најде сама во таква ситуација, оваа вештина ќе ѝ биде од голема помош. Покрај тоа, објаснете ѝ ја основната механика на автомобилите за да може самата да се справи кога ќе се појави некој проблем.rn
3. Научете ја дека внатрешната убавина е поважна од надворешната
rnДенес девојчињата се изложени на многу нереални слики за нивниот изглед и однесување. Вашата ќерка треба да ја разбере важноста на добрината, моралниот компас и вредностите. Навистина е лесно девојките да ја изгубат нивната вредност обидувајќи се да ги достигнат нереалните прикажувања на изгледот на жената.rn
4. Научете ја како да се брани
rnНе дозволувајте вашата ќерка да биде ранлива само затоа што е женско. Потребно е да знае да се одбрани ако некој се обиде физички да ја нападне. Покажете ѝ ги основите за самоодбрана или најдете некој што ќе ја научи.rn
5. Научете ја како да се шегува
rnШегувањето е важен дел од социјалната интеракција во и надвор од работното место. Важно е вашата ќерка да знае кога треба да биде сериозна и интелигентна, а кога може да користи сарказам и хумор. Треба да знае да покаже почит, но и да знае како да комуницира со останатите.rn
6. Научете ја за дискриминацијата
rnПостои голема можност вашата ќерка да биде жртва на дискриминација, без разлика дали тоа е поради нејзиниот пол, боја на кожа или кариерата што ја одбрала. Кажете ѝ што е дискриминација и покажете ѝ примери. Исто така потребно е да ја научите како да се справи со таквите ситуации.rn
7. Научете ја да каже „Не“
rnОва е многу важно поради неколку причини. Вашата ќерка треба да знае како да одбие секс со личност што не сака да има односи. Треба да знае да одбие да направи нешто што не го сака. Одбивањето е нешто што е тешко за многу жени бидејќи често прави да се чувствуваат виновни. Дајте ѝ до знаење дека има право да каже „Не“ и дека тоа е важен дел од процесот на себезапознавањето.rn
8. Научете ја како изгледа вистинската љубов
rnСигурно веќе знаете колку е важно ова. Знаете кој е најдобриот начин да ја научите на ова? Со пример. Ќерка ви ќе научи многу за врските гледајќи ве вас. Покажете ѝ што е вистинска, а што лажна љубов. Вистинската љубов не е посесивна и заканувачка.rn
9. Научете ја како да размислува сама за себе
rnКога се помлади, родителите свесно или несвесно ги охрабруваат ќерките да размислуваат како нив. Се обидуваат да им ги наметнат нивните мислења, како на пример, каква облека да носат, каква фризура да имаат, на кој факултет да се запишат, за кого да гласаат и слично. Ова не треба да биде вака. Иако родителот има улога на водич, детето треба да биде способно самото да размислува и да има своја перспектива за работите. Охрабрете ја ќерка ви да размислува независно и да го искаже своето мислење. Секогаш бидете безбедно место за ќерка ви. Бидете личноста на којашто ќе може да каже сè што мисли без да се плаши дека ќе ѝ судите.rn
10. Научете ја дека секогаш ќе бидете овде за неа
rnНајважното нешто за вашата ќерка, без разлика дали е свесна сега за тоа или не, е верувањето дека секогаш ќе бидете на нејзина страна, ќе ја поддржувате и ќе ѝ помагате. Понекогаш нема да може сè да направи сама, па важно е да можете да ѝ помогнете.rnrnПрочитајте ги и работите што треба да ѝ ги кажете на вашата ќерка тинејџерка.
