Кои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година?

Сподели

rn

Реклама

Лас Вегас, САД

rnШто се случува во Вегас, останува во Вегас, особено на новогодишната ноќ. За оние со малку подлабок џеб, Вегас е вистинскиот избор. Покрај одличните забави во казината, се одржуваат и голем број концерти , фестивали и шоуа.rn

Берлин, Германија

rnЗагарантирана забава за новогодишната ноќ има во Берлин. Во овој германски град се одржува една од најголемите забави на отворено за дочекот на Новата година. Во улица долга два километри се поставуваат барови, штандови со храна, а посетителите ги забавуваат одлично бендови и диџеи. Ноќта не завршува по огнометот, а забавата продолжува до раните утрински часови.rn

Амстердам, Холандија

rnДоколку сакате да запознаете луѓе од целиот свет, тогаш за Нова година појдете во Амстердам. Во центарот на градот ќе уживате во луда забава, добра музика, голем број пијалаци и супер храна.rn

Барселона, Шпанија

rnНовогодишните свечености во Барселона започнуваат во рестораните, баровите и ноќните клубови. Но, како што тече славењето, забавата се префрла на улиците. Според традициите, во Шпанија за новогодишната ноќ се носи црвена долна облека и се јаде 12 зрна грозје, за секој месец во годината да ви биде среќен.

Популарно

Може ќе ве интересира