Кој вели дека очилата за сонце се носат само во лето? Негата на кожата околу очите, како и на самите очи во зимскиот период е многу важна, затоа што тие се почувствителни поради ветрот и ниските температури. Покрај тоа што тие ве заштитуваат за време на сончевите зимски денови, благодарение на нив ќе изгледате уште подобро. Од друга страна пак, очилата за сонце без сомнение претставуваат одличен моден додаток за која било комбинација што ја носите на вас.rnrn
rn
За класичните мажи
rn
rnrnДоколку најмногу се пронаоѓате во класичниот стил, тогаш одлучете се за ваков вид очила за сонце. Овој модел е комбинација од горен дел со изразена рамка и долен дел без рамка околу стаклата. Бојата секако можете да ја одберете според личните афинитети.rn
За модерните мажи
rn
rnrnАко преферирате модерен стил на облекување, тогаш овој модел на авијатичарски очила за сонце е вистинскиот избор за вас. Одбирајте темни бои кои повеќе одговараат на зимскиот амбиент, а сами одлучете дали ќе носите модел со изразена рамка или со помалку впечатлива рамка.rn
За авантуристите
rn
rnrnАко сакате да експериментирате и имате храброст да носите впечатливи модели, тогаш одлучете се за овој модел со голема правоаголна рамка или со впечатлива, матирана црна рамка. Што и да одберете, нема да зажалите.