КАФЕ ПАУЗА

Кои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година?

Кои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година?

Добро расположение, конфети, огномет, шампањско и одбројување на последните секунди од годината е сосема доволно за убаво дочекување на новата. Меѓутоа, некои од светските градови нудат навистина одлична забава, незаборавни моменти, импресивен огномет и фантастичен дочек. Токму затоа голем број туристи штедат преку годината за да поминат неколку незаборавни ноќи во некој од следниве градови.rn

Рио де Жанеиро, Бразил

rnКои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година? rnrnПлажата Ревелион во Рио е едно од најдобрите места за дочек на Нова година. Имено, за време на дочекот на плажата се поставуваат повеќе бини, а посетителите можат да уживаат во различна музика и традиционално бразилско танцување. На плажата најчесто луѓето доаѓаат облечени во бело, бидејќи во Бразил сметаат дека оваа боја носи среќа. Се пие шампањско, се игра самба, а кога ќе се спојат стрелките, започнува огнометен спектакл.rn

Њујорк, САД

rnКои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година? rnrnЊујорк стана синоним за гарантиран одличен дочек на Новата година. Милион луѓе од целиот свет доаѓаат да го видат традиционалното спуштање на прочуената светкава топка, но и да уживаат во огнометен спектакл и бура од конфети.rn

Единбург, Шкотска

rnКои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година? rnrnДоколку една ноќ славење не ви е доволна, појдете во Единбург, Шкотска. Таму славењето по повод Нова година трае четири дена, а забавата кулминира со пиротехничкото шоу над замокот Единбург. Овој град нуди одлични концерти, традиционални танцови и феноменални забави за време на дочекот на Нова година.rnrn