КАФЕ ПАУЗА

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

Стариот империјален град Франкфурт на Мајна важи за финансиски центар на Германија, но и за место каде што можете да поминете еден прекрасен викенд. Поради високите згради, овој град уште се нарекува и „Чикаго на Мајна“, но кога ќе се стигне до центарот, ќе се забележат многуте стари згради, традиционални куќи, интересни музеи и прекрасни паркови. Доколку се одлучите за негова посета, еве како да поминете еден ден во овој прекрасен град.rnrnКако да поминете еден ден во Франкфуртrn

10:00

rnРомембер е стариот дел на градот, пешачка зона, плоштад со неправилна форма со фонтана и неколку убави згради. Овде се наоѓаат кафулиња, продавници за сувенири, како и згради градени од 15-тиот до 18-тиот век. Пред старите градски куќи се фотографираат сите туристи, а исто така и пред новите од 1908 година и готските цркви свети Леонард и свети Никола. Тука е и историскиот музеј (кој е отворен уште од 1878 година).rnrnКако да поминете еден совршен ден во Франкфурт?rn

11:00

rnВолфганг Гете, најпознатиот германски писател, е роден во Франкфурт, а куќата во која живеел до 1765 година сѐ уште може да се види. Внатрешноста е одлично сочувана, како и мебелот и куклите со кои Гете изведувал претстави за родителите кога бил мал. Исто така има и галерија посветена на славниот писател, а може да се види и дрвената Гете кула која е висока 43 метри и од која има добар поглед на градот.rnrnКако да поминете еден совршен ден во Франкфурт?rn

12:00

rnКулата Турм е единствен остаток од средновековните ѕидови кои го чувале Франкфурт и е една од најстарите во светот.rnrnКако да поминете еден совршен ден во Франкфурт?rnrnПреминете на наредната страница за да видите уште активности кои можете да ги правите во овој град.rn