Фармерките се задолжителен дел од сечиј плакар. Лесни се за комбинирање со секое парче облека и ни нудат вистински спас кога мислиме дека немаме што да облечеме. Без оглед на тоа колку ги обожавате вашите фармерки, сигурно правите неколку грешки со кои несвесно ги уништувате. Во продолжение дознајте за што станува збор…rnrn
rn
1. Премногу често ги перете
rnДоколку сакате вашите фармерки секогаш да ви стојат совршено залепени за телото, постои голема веројатност дека премногу често ги перете. Иако на тој начин ќе успеете да го вратите нивниот облик, со текот на времето материјалот ќе се истенчи, па дури и отшие. Постојат поделени мислења околу тоа колку често треба да се перат фармерките.rnrnНекои експерти тврдат дека треба да се перат на секои 4 месеци, што мора да признаеме дека звучи малку екстремно. Други, пак, сметаат дека треба да се перат по неколку носења, но никако во преполна машина. Што се однесува до панталоните со многу еластин, тие треба да се перат по секое носење, но во ладна или млака вода и тоа со многу малку детергент за да не избледат.rn
2. Чувате ситници во џебовите
rnДоколку џебовите на фармерките ги користите како чана и во нив чувате кармини, мобилен и разни други ситници, тогаш на тој начин правите дури две грешки. Освен што ќе се изгуби обликот на тој дел од фармерките, може да останат и трајни траги. Конците на одредени места во џебовите може да попуштат и да се скинат. Иако џебовите можат понекогаш да послужат како „чувари“ на мобилниот телефон и клучевите, одбегнувајте ја оваа навика ако сакате да имате беспрекорни фармерки.rnrn
rn
3. Погрешно ги отстранувате дамките
rnНа сите ни се случило барем еднаш во животот да направиме дамка од кафе, маснотии или вино на фармерките и со чистењето да предизвикаме уште поголема штета. Непривлечната бледа дамка на тоа место е доказ за неправилното третирање. За да ја отстраните дамката најефикасно, најважно е да дејствувате брзо и да не ја оставате да се исуши. Наједноставен трик е да растворот од вода и сол. Земете некое меко крпче, потопете го во солена вода и внимателно исчистете ја дамката.rnrnДоколку ви капне нешто мрсно на фармерките, обидете се најпрво да ја отстраните дамка со пудра во прав. Нанесете пудра на дамката и оставете ја да делува неколку часа. Потоа исчистете ја со сув пешкир или хартија. Исперете ги фармерките на највисоката дозволена температура што е наведена на нивната декларација.rnrnДамките од маснотии можете да ги отстраните и со детергент за садови. На мека крпа ставете неколку капки детергент и малку вода и со нежни движења кружете по дамката. Потоа потопете ги фармерките во млака вода за да се раствори и отстрани дамката.rnrnПогледнете ги и следниве 10 феноменални идеи како да ги носите белите фармерки оваа пролет.