КАФЕ ПАУЗА

7 митови за храната кои се целосно погрешни

Дали јајцата се навистина штетни, колкаво количество вода е потребно да се пие секојдневно и дали е навистина здраво да се јаде одмрзната храна? Нутриционистката Џулиет Келоу ги открива најчестите митови за храната во кои луѓето лесно веруваат.rnrn1-7-mitovi-za-hranata-koi-se-potpolno-pogreshni-www.kafepauza.mk_rn

1. Целер

rnМитот за негативните калории вели дека нашето тело троши повеќе калории за варење на целерот отколку што тој содржи. Вистината е дека целерот содржи од 6 до 10 калории, што го прави симпатична нискокалорична ужина, но тој нема магично да ви помогне да ослабите.rn

2. Замрзната храна

rnПостои мит дека храната со самото замрзнување ги губи хранливите состојки. Свежите производи се берат и се носат во маркетите неколку дена пред купувањето, додека смрзнатите производи веднаш минуваат низ процесот на смрзнување. Свежите производи ги губат своите хранливи состојки после неколку дена, додека кај смрзнатите производи хранливите состојки се задржуваат многу подолго.rn

3. Моркови

rnМногумина веруваат дека морковите не би требало да се готват, бидејќи на тој начин тие ги губат своите хранливи состојки. Меѓутоа, морковите се поздрави кога се зготвени, бидејќи со готвењето ги зачувуваат сите поважни хранливи состојки, како што се антиоксидансите и витаминот А.rnrn2-7-mitovi-za-hranata-koi-se-potpolno-pogreshni-www.kafepauza.mk_rn

4. Правилото од 5 секунди

rnПостои мит дека доколку ви падне храната на подот нема ништо да ѝ се случи доколку ја подигнете во рок од неколку секунди. Тоа, за жал, не е вистина, бидејќи е научно докажано дека храната која ќе падне на подот може да стане заразена со салмонела за само неколку секунди. Секако, тоа зависи од количината на бактерии на подот, но и од тоа на каков вид на под паднала.rn

5. Јајца

rnВо светот е широко застапено мислењето дека јајцата би требало да се избегнуваат, бидејќи го покачуваат нивото на холестерол во крвта и дека го зголемуваат ризикот од инфаркт. На ова предупредување треба да обрнат внимание само личностите кои имаат генетски предиспозиции за висок холестерол, што значи дека овој производ би требало да го внесуваат најмногу 3 пати неделно, но воопшто не треба да го исфрлаат од менито, бидејќи јајцата се богати со бројни корисни материи.rnrn3-7-mitovi-za-hranata-koi-se-potpolno-pogreshni-www.kafepauza.mk_rn

6. Кафе

rnМислењето дека кафето има негативно дејство врз здравјето, бидејќи неповолно влијае на метаболизмот било застапено доста долго време. Денес знаеме дека овој производ е многу подобар отколку озборувањата кои го следат.rn

7. Вода

rnСигурно сте слушнале дека дневно би требало да испиете 8 чаши вода. Но, таа бројка во реалноста не е универзална. Многумина би се зачудиле кога би слушнале дека научниците моментално се обидуваат да утврдат дали таа количина е всушност многу поголема од она која е навистина потребна.rnrn4-7-mitovi-za-hranata-koi-se-potpolno-pogreshni-www.kafepauza.mk_