Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

Сподели

rn

Реклама

14:00

rnВо градината Зенкенберг се наоѓа многу интересен природно научен музеј, еден од најголемите во светот. Ова е одлично место за семејство, затоа што може да се види најголемата европска изложба на диносауруси и птици и да се добие целосна претстава за диверзитетот во животинското царство.

rn

16:00

rnПовеќе од 4.500 животни живеат во зоолошката градина која се протега на повеќе од 32.000 хектари. Зоолошката градина е основана во 1858 година, а интересна е по специфичните области како што е куќата Грзимек во која се наоѓа комплетната фауна како на Мадагаскар.

rn

18:00

rnПалменгартен е една од најубавите ботанички градини во Германија, која треба да ја посетат сите што ќе се најдат во овој град од пролет до есен. Овде настапувале многу познати светски изведувачи, почнувајќи од Бафало Бил, кој во 1890 година го изведувал шоуто „Дивиот запад“. Покрај разгледувањето на егзотичните билки, може да се изнајми и чамец, да отидете на пикник и да уживате во тишината.

rn

19:00

rnВо срцето на Франкфурт се наоѓа зградата на операта. Таа во ренесансниот стил била уништена за време на војната, но сега е една од најубавите во градот.

rn

20:00

rnНајпрометната пешачка зона е Хауптваше, затоа што помеѓу историските згради има и ресторани и кафулиња. Интересно е да се види барокна куќа каде што се наоѓал затвор, воен штаб и полициска станица, а сега е кафуле. Овде се наоѓа и подземен трговски центар и безброј места каде може да се купат вкусни колбаси со зелка.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира